Надеж

28.06.2011 13:47
Надеж

Среќна нова Вардар 1947 година

Не запомнив, ама некаде прочитав кој првпат го тренирал фудбалскиот клуб Вардар 1947... Во суштина, не е ни важно, затоа што не станува збор, како што наивните читатели од мој калибар ќе помислат, за некој текст од историјата на македонскиот фудбал. Напротив, станува збор за македонска реалност од 2011 година. Затоа што човекот што за првпат го тренирал Вардар во 1947 година, тоа го направил во втората деценија од XXI век. И нема тука ништо нејасно. Не е ни битно што македонскиот најтрофеен фудбалски тим на своето име ја додал бројката 1947, која сега внесува забуни кај случајните читатели на спортските страници. Дури не е битно што колегите од спортските рубрики, по правило, не ставаат наводници на имињата на клубовите, а често и ги преведуваат, па така редовно ќе ви се појават некакви животни од некакви градови, а не се припадници на специјалните полициски сили – значи, некакви Бикови од Чикаго и слични говеда.

Битно е што суштината е погодена. Претпоставувам дека таа фамозна бројка, 1947, ја претставува годината кога ФК „Вардар“ бил формиран. И претпоставувам дека и тогаш се случило нешто како и сега. „Нова Македонија“, на пример, објавила дека тој и тој за првпат го тренирал Вардар. А нешто пред тоа дека Вардар се споил со Треска и така директно влегол во Првата фудбалска лига. А нешто по тоа дека новите сопственици, на пример, Народниот фронт на град Скопје обезбедил средства Вардар да се засили и со останатите водени површини од некогашната ни држава.

Значи, што успеав да заклучам – дека она што ФК „Вардар“ не успеа да го направи со своите квалитети, успеа да го направи со политичка одлука. Со други зборови, нема никакви проблеми: кога следната сезона Вардар 1014 (да нема забуни, тоа е онаа година кога ги ослепуваа војниците на Самуил, а 2014 е онаа година кога ние ќе бидеме целосни слепци, фудбалскиот тим на „Вардар“, белким ќе има колективен споменик веднаш до воинот на коњ) ќе отпадне од Првата лига, ќе се спои со ФК „Барселона“ и директно ќе игра во Лигата на шампионите.

Со други зборови, мојата грешка со толкувањето на насловот, се чини, дека и не е некоја грешка. Спојувањето на „Вардар“ со „Миравци“ на начин на кој и двата клуба ќе постојат, а новиот прволигаш (по наредба на новите газди, или...?) доброволно ќе остане во понискиот ранг на натпреварување, не е ништо друго туку сигурен доказ дека сме во 1947 година. Евентуално во 1948. Го играме третото полувреме, што би рекол Дарко Митревски. Продолжетоците не се битни. И онака се напеналивме.

Деновиве читав еден текст на Латас, под наслов „Надеж“. И наеднаш си помислив дека навистина има надеж. Не дека разбрав што сака некогашниот театарски режисер, актер и театарски критичар да каже (сепак, немам таква психо и социолингвистичка подготовка), ама таму пишуваше дека ќе биде на годишен одмор до септември. Не е сè изгубено, барем во овие два месеца што ни преостануваат без „најголемиот македонски новинар“.

Значи, повеќе од половина текст (или така ми се стори) Латас пишува дека не пишува за аферата „Надеж“ и Бранко Црвенковски. При што по којзнае кој пат ја објаснува својата верзија на оваа афера. И јас како еден просечен или потпросечен читател, повторно не можам да разберам зошто некој воопшто би пишувал за нешто за што не пишува. Има тука и нешто повеќе од психолингвистика. И за што пишува Латас? Па да, дека ќе оди на годишен одмор. Има надеж!

Споменува тој и протести, но и паметни деца кои не одат на протести ама се активни во политичките партии. Особено во онаа што е на власт. Бидејќи другите се непријатели на татковината. Исто како во... 1947 година. Затоа веројатно е страшно лошо ако некои таму млади и стари луѓе го прегрнат објектот на Собранието. Па, тие дома не се изгушкале, сега Собранието го прегрнуваат. А не е ни оној ден кога волонтерите ги гушкаат оние на кои им недостасува прегратка.

Можеби поради таа прегратка или поради нешто друго, важно брачните односи во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат прилично хармонично. За волја на вистината, со мали забуни во математиката, ама сепак хармонично. Еве, Ермира Мехмети Деваја, на пример, се обиде пред новинарите мошне прецизно да ги објасни соодносите меѓу партнерите. Толку прецизно, што јас повторно ништо не разбрав. Значи, соодносот на поделбата на ресорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе биде два спрема еден, што ако се претвори во сооднос на бројки, тоа би изгледало 50 проценти од новата извршна власт ќе и’ бидат поделени на ДУИ, што, пак, во пракса значи дека ќе имаат две до три министерски места помалку од најмоќната партија. Ај да ја брифираше Амди Бајрам, ќе разберев дека Мехмети успеала да ги совлада тајните на теоријата на релативноста на Ајнштајн, ама вака излегува дека Бајрам, во суштина, бил прилично прецизен. А ние, јасно, крајно збунети.

Еве, разбрав дека и премиерот и мандатар Никола Груевски остварил средба со Џорџ Сорос. Не знам каков коментар на ова ќе има Латас (и дали воопшто ќе има), кој дали поради своите своевремени театарски амбиции (кои во овие денови речиси се и реализирани) никако да се ослободи од коментирањето на ликот и делото на првиот човек на Соросовата фондација во Македонија, театарскиот режисер Владимир Милчин, и дали проектираниот црно-бел свет, каде што сите луѓе се еднакви, а белите се многу поеднакви, ќе го обои и со некои нијанси на сиво, или само ќе ги промени фигурите на црно-белата табла, ама сè се надевам дека годишниот одмор ќе биде доволно голем предизвик да не морам да читам, гледам или слушам што Латас не мисли за некоја работа.

Еве, предлог до Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници: по можност Латас да добие 14-месечен годишен одмор. Мислам дека сите ќе се сложат. Ете, тоа е проект – надеж.

Извор: globusmagazin.com.mk

tekstov e katastrofa....no da

tekstov e katastrofa....no da pretpostavime deka ne e. bash sakam da znam shto sakal da kazhe pisatelot

Глуп си за да сфатиш

Глуп си за да сфатиш едноставен текст.

Катастрофа е кога земјотрес и

Катастрофа е кога земјотрес и цунами ќе предизвикаат нуклерна хаварија во Фукушима. Новинарските текстови немаат таква моќ. Текстот е текст. Добар, просечен или лош. А ти си читател. Интелегентен, просечен или глуп. Глупиот обично не го разбира тоа што го чита. Ако не го разбираш текстот, не се истурај на авторот. Истури се на мајка ти и на татко ти и на нивните лоши гени. Ако разбираш за што зборувам.

povtorno ne razbiram, no za

povtorno ne razbiram, no za zhal ili srekja i glupi imaat pristap do internet. Pa kako nekoj shto go razbral tektot i koj mozhe da definira katastrofa i tekst bi te zamolil da mi kazhesh kakva e vrskata megju vardar i latas???

Зини да ти кажам.

Зини да ти кажам.

Слични содржини

Став
Став
Став
Прст [к:2]
Став
Езера [к:6]
Став
Став
Коњи [к:7]
Став
Опера [к:11]
Став

ОкоБоли главаВицФото