Срамота

15.11.2011 13:11
Срамота

Навистина не ми е јасно. Не знам дали сега важат истите законски прописи како некогаш - да се соберат 150 илјади потписи (или колку беа) за да се распише референдум (или да се задолжи Собранието да распише општонародно изгласување). И не знам кој распиша референдум за заштита на македонскиот јазик од загрозата на Штефан Филе. Како и да е, референдумот трае еден ден, а овој за зачувување на јазикот таман што почна, а како изгледа ќе трае до крајот на светот.

Значи, не ми е јасно зошто е Штефан Филе важен за македонскиот јазик. Односно, не ми е јасно зошто Европската комисија се смета (барем, кај нас) како некое тело кое води сметка за јазичните норми и јазичната проблематика воопшто. Уште помалку ми е јасно што воопшто значи синтагмата „Манифест за Македониум“ (тоа беше оној споменикот во Крушево, или...?). И зошто е тоа референдум за заштита на идентитетот. Не верувам дека Крсте Петков Мисирков, кога го кодифицирал за првпат македонскиот јазик, барал дозвола од Штефан Филе. А сигурно знам дека Блаже Конески не спроведуваше референдум за да ги запише (постави) правилата на јазикот.

Претпоставувам дека и Филе запишал некој забрзан курс по македонски јазик, едноставно да разбере за што станува збор. Ама, му препорачале да оди, наместо на курс, на социјален психијатар. Како и да е, со ниту еден бечмарк (или како тоа и да се вика на останатите јазици), со ниту еден услов, со ниту една реформа македонскиот јазик не е битен за тој фамозен годишен извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Битен е само за нас.

Постои ли во тој извештај некоја назнака дека овдешните демократски слободи или назадуваат или не се на потребното ниво? Постои ли, на пример, некаква, барем декларативно, искажана грижа за слободата на говорот. Има ли некаква назнака за забавување на реформите во администрацијата, судството, здравството...?

Можеби ми избега, ама јас навистина не видов ниту една месна заедница, ниту еден ракометен клуб, ниту една општинска подружница на ниту една политичка партија... дека напишале какво било писмо да го поддржат или нападнат Филе околу неговите ставови во однос на, на пример, проценките на извештајот околу развојот на демократијата?

Јас дефинитивно ја разбирам болката на душата што ја чувствуваат овдешните интелектуалци кога ќе им ја одземеш придавката „македонски“ пред јазикот, пред нивното име, па дури и пред светот. Да, тоа навистина многу повеќе боли отколку кога ќе им ја одземеш демократијата. Или слободата на говорот. Впрочем, се сложувам со овдешната, речиси, севкупна политичка, интелектуална и уметничка елита, со нивната констатација дека тие не би постоеле доколку пред нивното име не стои придавката „македонски“. Тоа е прашање на идентитетот. За разлика од придавката „демократски“, тоа е прашање на политичка одлука! Да. Кој навистина би бил вистински интелектуалец, ако ја нема пред себе или зад себе придавката „македонски“? Кој би продавал бестселери, кои би пеел по опери, кој би бил селектор, а кој капитен... Да живее Македонски...

Во оваа смисла ја разбирам и одлуката на министерката Јанкуловска (од некаде слушнав дека не сакала да ја нарекуваат првата полицајка, а не сум сигурен дека би сакала да ја крстат втората или третата полицајка, па затоа остануваме на идентитетскиот термин „министерка“) да ја одбие поканата да учествува на тркалезна маса околу евентуалната полициска бруталност и евентуалното полициско прикривање на едно евентуално убиство од страна на еден евентуален припадник на евентуалните „Тигри“. Не гледате ли? Ни го одземаат идентитетот, а вие сте се запнале за Мартин Нешовски! Срамота!

Токму во овој клуч лежи и најавеното поскапување на претплатата на Македонската радио-телевизија. Па, македонска е по ѓаволите. Тука и лежи поскапувањето на услугите на Јавното сообраќајно претпријатие: „Сакајте го Скопје, чувајте ги новите автобуси“, затоа што ви ги октроира Владата. Македонски се, барем откога Кина и Украина ни ги продадоа. И затоа што поминуваат.

И? Што се случува? Бранко Црвенковски почна да фрла лопати! Тогаш кога Груевски престана. Се обиде да објасни главниот опозиционер дека неговата лопата не е иста како онаа на неговиот политички опонент. Да бидам искрен не успеав да сфатам во што е разликата. Оваа на Бранко беше онаа „сиротанка“? Онаа со која Алија Сиротановиќ своевремено успеа да го собори рекордот во копање руда на фамозниот Стаханов! Демек, ќе направиме поголема лопата и така ќе имаме поголема продуктивност.

Немам духовитости во оваа пригода, немам јазични каламбури, немам ни волја. Затоа што знам дека, кај да е, ќе биде весело: почнува лустрацијата на новинарите и на невладиниот сектор. Да не кажам смешно. Македонската телевизија најавува серија од триесетина документарни емисии за македонската историја. Мислам дека по изгледувањето на таа серија ќе сфатиме кој бил кодош, а кој не. Ако не знаеме да снимиме сапуница, тогаш знаеме да снимиме историја: Навистина важно.

Во меѓувреме, административните службеници ќе учат на паузите за ручек, за да не се збунат кога преку компјутерските мрежи, онака екстерно, ќе ги испитува министерот Иво Ивановски. А зошто? Затоа!

Извор: globusmagazin.com.mk

Илустрации: Janpeter Muilwijk

Нудам бесплатна обука на

Нудам бесплатна обука на државни службеници, за стварање на привид, дека служѓбеникот работи со РС и кога е во кафиќ, бутик или швалерај.
А што се однесува до ова чопорирање за бркање на вештерки, за да не му се погледне на ѓаволот в‘опаш, може да се претпостави, дека се вршат припреми и вежби за да се достигнат дострелите на кинеското чудо.
Иаа неприкоснове водич? Имаа!
Имаме најрејтингофингиран партиот? Имаме!
Имаа црвено книжуле ко библиче? Имаа!
Имаме портокалово маани фастче? Имаме!
Имаа внатрешен интелектдушман? Имаа!
Имаме инатколумнидушман? Имаме!
Имаа ревизиоинпериалисти отстрана да му матат народо? Имаа!
Имаме еуронатовисти што ни го поткопуваат идентитетот? Имаме!
Имаа црвена културна револуија? Имаа!
Е сеа, кога имаме се што имаа тие, зошто да не си направиме едно културно, преродбеничко, портокалово револучииче, па да му себиме се диво и живо на она вавилонскине и овој долниов. Комшијава де.
Ама сега, има едно... е така...е за подумување.
Море, заебетего него! Тој умре! Што си мислитње? На целава дуња, Тенг Ксиао Пинг ќе воскресни баш кајнас? Ние за секој случај, ( да не е во право оној бајачон,- дебелион бе, со брадана. Ааха, тој!)да не има стварно реинкарнација? Да си себиме ние за секој случај, некое тинг тенгче,а? Што знам што катара се, ама кинески звучи!
И така мили мои, новото доаѓа или со револуција, или со преродба.
Ама изгледа, дека за ПРВ пат во историјата, која почнува со лето 2006 господово ќе видиме некој општествен БАСТАРД.

P.C. Саботтер го дава

P.C.
Саботтер го дава огласот, останатото е од Леви Бенин.

Слични содржини

Став
Став
Прст [к:2]
Став
Надеж [к:5]
Став
Езера [к:6]
Став
Став
Коњи [к:7]
Став
Опера [к:11]
Став

ОкоБоли главаВицФото