Кикирики

25.02.2012 12:37
Кикирики

Неретко се случува да се реши, одлучно и поучно, да се напише нешто за доброто и за добрите нешта што се случуваат околу нас. Но, доброто е толку лесно, природно и ненаметливо, што ретко кој и ретко кога се одлучува да го евидентира и да го забележи. Многу од добрите работи стануваат и рутински, како лебот и здравјето, кои се забележуваат само кога ги нема! А лошите нешта, грдото и тагата, се евидентираат, иако и сами по себе се забележани, од тешкото им присуство.

Си мислев за тоа, што е она што нè тера повеќе да трошиме мастило за црнилата, кога можеме за доброто да пишуваме. Анализирајќи некои случаи од минатите денови, мислам дека си најдов доволно аргументи за тоа дека одговорот е оној истиот, древен одговор: очекувањата! Имено, нашата предодреденост кон надежта и кон очекувањата е она што нè тера повеќе да ги евидентираме тагата, лошото и грдото.

Првиот случај е Паско Кузман. Кога човек ќе погледне од карши, гледа една кариера како од сон: од кандидат за пратеник на партијата на Гошев, до велештрумф на ДМПНЕ. Лик кој може да се нацрта само ако се спојат најсреќните пози на Велики Блек и Сандокан во едно. Така гледано, се очекува дека дотичниот има вмешано прсти и во неодамнешната кражба на музејот на Олимп во Грција, макар само од саботерски побуди.

Но ништо од тоа. Најголем дострел, евентуално, би му било шверцување на археолошки предмети од Косово и продавање на тука пронајдените реликти во Бугарија и во Турција. Реален досегашен учинок: држење затворено, на неодредено време, на симболот на Скопје, скопското Кале! Тоа е работа што можеше да ја заврши и некој уредно потстрижен чувар, со само еден обичен часовник на ракавот и тоа за минимална плата. Држењето под катинар на скопкото Кале не е никаква норма за директор на институција со милионски буџети за копање и разни други овластувања. Ако туристите не го видат скопското Кале, како ќе дознаат што значи, по скопски, да те одведе некој „позади Кале“? Па, тоа ни охриѓаните не го дознале уште, иако ете, цели шеесет години живеат со скопјани во иста држава!

Вториот случај е Никола Тодоров. Кариера ко од сонот на секое дете што било облечено во облека од „Наше дете“. Се вработува на работното место на татка си, и бидејќи е тоа влада, тој станува министер! Таман е на вистинското место, кога се најавува одличен проект за изградба на нов клинички центар во Скопје. Очекуваш дека ќе предложи таа болница да се вика по името на сè уште ненадминатиот модел за хуманизам и солидарност во Македонија: Мухаметали Јашари. Средношколецот кој го изгуби животот, бранејќи свој другар, соученик, во времето кога токму овој министер беше во ресорот образование. Наместо тоа: бришење на страниците на албански јазик од сајтот на Министерството за здравство! Таа работа може да ја заврши некој уште помлад, никогаш доволно облечен хакер, без да е министер, само со евтин пристап на интернет!

И третиот случај е неговата екселенција Метју Нимиц. Стар човек, а толку се мачи, на овие години да патува со автомобил, од Скопје до Солун, па дури потоа, од таму, од аеродромот „Македонија“, да лета за Атина. Никако не разбирајќи зошто уште нема директен лет за градот од каде што ја увезуваме целата наша нафта и за земја од која е и кандидатот за зет на нашата национална пејачка!

Ние, како држава, испуштивме прилика да одиграме важна глобална мисија за помирување околу Сирија. Еден наш министер беше редок примерок на министер од Европа, кој во последниве години се сретнал со сирискиот државен врв. Но, уште можеме да се вмешаме, за евентуално директно помагање на сириската опозиција. Поради тоа што ние, пак, сме уникатни. Единствена земја, на која ништо не ѝ може блокада за извоз на нафта во неа. Оти и Сиријците и Иран да постават ембарго за извоз на нафта во Македонија, нам тоа нема да ни наштети. Доволно ни е Грција да остане на, за нафтата, вистинската страна! Ете една придобивка од тогашните потпишувања на министрите за финансии или за трговија!

Дека не е нешто токму на место тука, Нимиц сигурно разбрал и од тоа што во паузите од состаноци со нашите политичари, само се шетал по канцелариите на меѓународните организации во Скопје, каде му се чинело дека единствено таму вдишува воздух на нормалност. Наместо, како секаде во светот, човекот кој е сведок на нашата политичка историја, по цели денови да е пребукиран од средби со наши издавачи. Преговарајќи за издавање на неговите идни мемоари! Тие спомени еден ден, секако, ќе бидат напишани, а ние, пак, како мноштвото значајни книги за Македонија, ќе ги преведеме од српски или ќе ги увеземе од Косово, Албанија и од Бугарија!

Велат дека дипломатите се одликуваат со дистанцираност, дека е тоа посебно нагласено кај американските дипломати и дека тоа е посебно точно за олку искусни дипломати како Метју Нимиц. Но, на екранот и од сликите забележав нешто чудно на неговото лице, овојпат. Нешто помеѓу тага, чудење и вџашеност. Тоа беше нешто помеѓу сево ова, но беше многу блиску и сигурно беше без дистанца. Нимиц овојпат изгледаше како човек на кого му е кажан некој збркан виц, кој тој самиот, никако, не го разбрал. Сè си мислев дека некој му кажал некоја древна анегдота, во која се сретнале Итар Пејо и Насредин Оџа. Прикаска која, бивајќи микс од локалното и глобалното, на крајот испаднала неразбирлива и без никаков поучен епилог. Но, слушајќи ја изјавата на овој дипломат, кој да живееше тука, сигурно ќе беше ангажиран да глуми во некој спот на владата, како лик на транзициска жртва, мислам дека открив кој виц му е кажан. Вицот го открив од делот на изјавата, во кој тој пак повторува дека идентитетот не е предмет на овие преговори.

Имено, вицот е за млада аптекарка, на која мала група другари од маало, здружено, одлучуваат да ѝ се подбиваат и еден по еден, одвоено, не во исто време, влегуваат во аптеката и ја прашуваат аптекарката за кикирики! Првиот влегува и од врата прашува: Имате ли кикирики? Одговорот е вистински и на место: Немаме кикирики, ова е аптека! Другиот влегува после некое време и прашува колку чини еден килограм кикирики. Третиот директно бара да му се измерат двесте грама кикирики. Одговорот пак е школски, од дистанца и негативен, а тоа е дека нема кикирики во аптеката. Тогаш младата аптекарка се консултира со шефот на аптеката, кој пак ги знаел и веќе се здружил со локалните мангупи. Шефот ѝ сугерира таа да напише на вратата една објава, на која ќе стои: Немаме кикирики! Кога овој виц би се преточил во овдешен скеч, шефот на аптеката би го глумел некој разузнувач, а сега дипломат од „пријателската“ земја Србија во Македонија!

Вицот само дотука му бил кажан на Нимиц. Веројатно оттаму е збрката, без нималку дистанца, на неговото лице овој пат. Па поради тоа што деновиве хакерската група Анонимус го урна сајтот на ЦИА, Нимиц немал можност да контактира ни со Чак Норис, кој, според урбаното скопско наравоучение, е единствен жив човек во светот кој може да знае кој е Кики, а кој Рики, во кикирики, за некако етимолошки да успее да го дешифрира вицот.

Но, крајот на вицот допрва следи, а тоа е четвртиот другар од маалските мангупи. Тој влегува некаде после пладне, после напишаната објава од страна на аптекарката. Веројатно тоа е истото време на денот кога Муса Џафери оди на работа во владата, а тој бил тој што, демек, ги преставувал Албанците во високиот државен совет за името. Во нашиот пример, тоа доцна, би било после самитот во Чикаго. Значи, влегува овој четвртиот во аптеката, ја чита објавата обесена на врата и тивко и учтиво ја прашува аптекарката: Извинете, а кога ќе добиете кикирики?

Извор: Фокус

Илустрации: Dani Sanchis

preku ramadani mi e

preku ramadani mi e

So zadovolstvo go procitav

So zadovolstvo go procitav tekstot na Ramadani. Potoa go zemav pipsot i, eve, ja spricam gornata i site drugi vmrovski picajzli sto visat na genitalnite vlakna na portokalovata revolucija i vo ulogata na mali tarzancinja gi ostavaat svoite iserici na ovoj i na mnogu drugi sajtovi. Vo novata kolumna vo ,,globus,, predlagam da i ja izbricime na Revolucijata. Jas sum za radikalno resavanje na problemite.

ОкоБоли главаВицФото