Прашалник за Камка Тоциновски

19.03.2012 10:47
Камка Тоциновски

 

1. Зошто глумиш?

За да заборавам на себе...

 

2. Омилена улога?

Ги има повеке, тешко ми е да изберам...

 

3. Панкот е...

Не е...

 

4. Кој филм си го гледала повеќе од три пати?

Можеби „Down by low“ на Џим Џармуш.

 

5. Која е моментално најдосадната работа во светот?

Политиката... Парис Хилтон... и сите реклами за детергенти.

 

6. Последното нешто што ти го променило погледот на она што се случува околу тебе?

Најчесто наново ме затекнува човечката малициозност...

 

7. Од што од своето опкружување не би можела да се откажеш?

Од доберманот наречен Гоце и mp3 player-от.

 

8. Кој од најновите филмови ти остави најсилен впечаток?

„The tree of life“ на Теренс Малик.

 

9. Во која филмска адаптација на книга би глумела?

Во Мајсторот и Маргарита.

 

10. Филмска реплика што си ја повторила повеќе од 3 пати?

„I scream , and you scream we all scream for ice cream“.

 

11. Најдобар начин да се отпатува во некој друг свет е?

Уметноста.

 

12. Пет режисери кои би ги поканила на вечера?

Претпочитам тие мене да ме поканат; нека бидат Вернер Херцог, Роман Полански, Дејвид Линч, Кшиштоф Кишловски - штета што умре на 54 години, а со Хичкок ќе се видам на сладолед во пеколот.

 

13. Кој е најдобриот македонски филм според тебе?

„Пред дождот“.

 

14. А кој е најдобриот светски режисер во моментов?

Ги има толку многу за откривање пред да грешам душа.

 

15. Те интересира ли политиката?

Ни на живо ни на мртво.

 

16. Што би променила во градот во кој живееш?

Воздухот, пред сè... И барокот... Добро, и отворените контејнери, повеќето билборди, а и сите мегатрговски центри на кои местото им е на периферијата на градот...

 

17. Македонија е...

Земја на чудата.

 

18. Според тебе, кое е најудобното место во Скопје?

Градскиот парк и Водно.

 

19. Уметноста е...

Најдобар начин да се отпатува во некој друг свет... пасош за слобода.

 

20. Сакаш ли прашалници?

Ретко.

Добри прашања, неинтересни

Добри прашања, неинтересни одговори.

Кој ти е виновен што не знаеш

Кој ти е виновен што не знаеш да читаш.

глупа претенциозност

глупа претенциозност

@Анонимен444 - а каде поточно

@Анонимен444 - а каде поточно ја гледаш претенциозноста??Од она што јас го читам повекето одговори се личен вкус. Твојот сиромашен комантар ке не натера да помислиме дека или си политичар или неталентирана актерка.

Слични содржини

Прашалник за ...
Прашалник за ...
Прашалник за ...
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото