Прашалник за Ацо Гогов

16.04.2012 12:24
Ацо Гогов

Ацо Гогов, прозаист и есеист, автор на прозните книги „Географија на маленкоста“ и „Единствен матичен број“. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, додека пред неговиот поглед, во факултетското бифе, со пареата од чај и кафе, испарувале и ликовите на Џојс, Пруст, Кортасар и други збороосуденици. Живее во Струмица (некогашен Астраион), каде небото е исто што и отворена книга. Ова се неговите одговори на нашиот прашалник.

1. Расказот е...

....сложувалка.

2. Под кој покрив се чувствуваш најбезбедно?

Под покривот на сопствената куќа, поточно, под оној дел на покривот над детската соба.

3. Нема ден да не помислам на...

...книга

4. Би изградил мост помеѓу...

...Македонија и Канада.

5. Пет книги без кои денеска ти не би бил ти?

„Улис“ на Џемс Џојс, „Врева и бес“ на Вилијам Фокнер, „Замок“ на Франц Кафка, „Куцкамен“ на Хулио Кортасар и „Комбре“ на Марсел Пруст.

6. Последниот филм кој залудно ти го истроши времето?

Нема таков филм, за среќа, зашто избегнувам лоши филмови... во принцип.

7. Македонската книжевна сцена...

Македонската книжевна сцена доживува креативно препородување со низа помлади автори кои се толку различни, а сепак слични меѓу себе.

8. Што би сакал да направиш само еднаш во животот?

Да се спуштам со обичен балон на надувување, новогодишен, од голема височина... право во мојот двор.

9. Која е моментално најопасната идеја на светот?

Дека сите, со тоа што имаат право на глас, знаат сè.

10. Живеам помеѓу...

...три сона со четири нозе.

11. Што би сменил во твојот роден град?

Поднаведнатите глави и тажните изрази на лицата на минувачите на улица.

12. Најсреќен момент во животот?

Моето раѓање.

13. Омилена бајка?

Пепелашка.

14. Кое е првото нешто на кое најчесто помислуваш кога ќе се рабудиш наутро?

Дека сум жив, дека и овој нов ден, ете, повторно сум жив.

15. Ме плаши...

...просечноста која, имајќи власт и моќ, станува мерка за убавото и дозволеното.

16. На светот му треба повеќе...

...смеа.

17. Македонија е...

...не баш пристојно место за живеење, за жал.

18. Зошто пишуваш?

И јас би сакал да знам, но...

19. Доколку би можел на еден ден да бидеш некој друг, кој би бил?

Робин Худ.

20. Омилена изрека?

Далеку од очите, далеку од срцето.

Cestitki za knigata. Slucajno

Cestitki za knigata. Slucajno mi padna v race. Prekrasni raskazi...

три сона со четири

три сона со четири нозе.???

cudno ... nerazbirlivo...

Слични содржини

Прашалник за ...
Прашалник за ...
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото