Провинцијалци

26.06.2012 11:45
Провинцијалци

Денес прочитав еден блог пост од граѓанин на Скопје. Таму дечкото се изјаснил на вечната тема за провинцијалците, како тие доаѓаат во нашиот главен град и како го задушуваат и трујат. Па мислев вака преку еден пост да се изјаснам на темата.

Најпрво да напоменам, јас и другиот автор на блогов сме од Велес. Јас веќе три години студирам во Скопје, а тој веќе четири. Запознаени сме со Скопје, животот во него, културата и обичаите на скопјани. Сме биле и во кафулиња и во дискотеки. И во театар и на концерти и на фестивали. Накусо, имаме добра претстава за животот во Скопје.

Мене не ми е јасно зошто е тој гнев кај авторот? Зошто тој ги осудува луѓето што решиле да дојдат во Скопје да студираат и работат, а во исто време и да живеат таму?

Да ви ја претставам сликата за студирањето. Јас еве и по мајка и по татко сум велешанец. И кога и да ме прашаат што сум (било во Скопје, Струмица, Битола, Охрид или кое и да е друго место) јас секогаш велам дека сум велешанец. И искрено, горд сум на тоа. Фино градче полно со историја. Можда иднина не, ама историја дефинитивно.

Зошто студирам во Скопје? Очигледно многу луѓе не се запознаени дека дисперзираните студии коишто ги отвораат факултетите од Штип, Битола или Скопје се многу слаби. Во смисла дека професорите нередовно доаѓаат, квалитетот на наставата е на ниско ниво, а исто така и организираноста на факултетите (имам другари и другарки коишто студираат на тие факултети и ја знам состојбата на истите). И нормално, студент кој може да си дозволи (односно да му дозволат) да студира и да живее во Скопје ја одбира таа опција. Скопје е главен град на Македонија и е најразвиен во било кој поглед. Административен, индустриски и стопански и уште каков не центар.

Поради таа причина „сељандурите“, мили мои, одат во Скопје. Сакаат да добијат поквалитетно знаење и поквалитетен културен и забавен живот, што реално Скопје може да го понуди. Нормално, тие што ги бива го завршуваат факултетот и наоѓаат работа, тие што не ги бива бараат некое работиче, а тие што се во финансиски “теснец“ ги прават и двете работи.

Колегата блогер се навратил на калаштурите што бараат поштено скопјанче за „да го заглават“. Тоа е вообичаено во сите градови. Секоја што не ја бива да направи нешто од себе и да постигне нешто во животот гледа да се омажи. Не сакам да звучи ова шовинистички, но реално, поголемиот дел од реализаторите на ваквите планови се од понежниот пол. Значи, немој да мислиш, мој драг колега, дека тоа им го прават само „калаштурите“ на поштените скопјанчиња. Тоа буквално секаде го има. Но тоа е реалноста и не можеме да ја промениме.

Гледам се навратил и на тоа како провинцијалците им ги зимаат работните места на скопјаните. Морам тука да кажам – TOTAL BULLSHIT. Државна работа се зима со партиска книшка, а приватна работа со знаење. Приватњак не те вработува ако не те бива за работата. Тоа е ФАКТ. Е сега, ако некој скопјанец не го бивало за работата, па упаднал некој провинцијалец од Свирипичино и му ја земал работата тоа не е негова кривица. Кој е покомпетентен тој ја добива работата. Поголемиот го јаде помалиот.

А, всушност, не може ли тој што не е од Скопје да биде попаметен, поучен и поуспешен од тој што е од Скопје? Ете, во неколку коментари на блог постот (што го линкав во првата реченица) неколку луѓе кажаа дека покрај успешни скопјани исто има и многу успешни Македонци кои не се од Скопје. Пример – Жан Митрев, најдобриот кардиохирург во државава е од Штип. Творецот на македонската граматикa, Блаже Конески, е од прилепско. Питу Гули од Крушево, а Гоце Делчев (шо вие, комити, најмногу го поштуете) е од Кукуш. И многу други луѓе кои се МАКЕДОНЦИ и се еднакво важни за сите, било за скопјани, за беровчани, за велешани, за прилепчани и останатите жители на Македонија.

На прашањето зошто луѓето од помалите места бараат работа во Скопје, одговорот е едноставен. Поголем град -> повеќе опции. Во мојата струка што ја студирам (треба да дипломирам за некој ден) во Велес има 2-3 места каде што можам да се вработам, додека во Скопје има сигурно дваесет. Примањата во Скопје се поголеми, па зошто да не пробам да најдам работа во Скопје? Моја амбиција е да напредувам во кариерата, да работам на добро работно место и да бидам добро платен. Ако такво место нема во мојот роден град, тогаш ред е да побарам на друго место. И нормално дека Скопје е прв избор. Ако сум многу добар во тоа што го правам и Скопје ќе ми биде мало. Има и такви примери. Кој е тој што на било кого може да му каже „не може, ти провинцијалец, во Скопје да работиш“? Ако сум доволно добар за фирмите во Скопје, јас ќе работам тука. Ти може си скопјанец, но Скопје е македонско. Жалам, но тоа е реалноста. Тебе Скопје никој не ти го зима, уживај во него, но не можеш да ми го скратиш правото и јас да уживам во него.

А тие што плукаат по него (Скопје), нека си одат! Тука се сложувам со тебе.

Да се навратам на „зошто во Скопје?“. Во мојот град во последниве 10 години само пет тротоари се реновирани, изградени се две фонтани и реновиран е еден парк. Толку. Знаете ли дека во Велес нема кино, а театарот е 50-годишна зграда во распаѓање? Знаеме сите каков град стана Велес. Некогаш беше главен индустриски центар во државава, со преку 15 фабрики, а сега е дупка. Практично дупка. Земи го фактот дека луѓето одат во Германија да продаваат дрога за да спечалат и сè ќе ти биде јасно. А тие што ќе (успеат да) се вратат си ги исполнуваат своите тинејџерски сништа – брзи коли и жени. И што јас барам таму? Што би барал таму академски граѓанин што сака да напредне на професионален, социјален и културен план? Не дека Велес не го сакам, тоа е моето родно место, но таму (барем сега за сега) не гледам иднина. А што остана па за помалите градови?

И што е со зборот „провинцијалец“? Стварно звучи невкусно. Па и ти (скопјанецу) ако отидеш во друг град да си ја бараш среќата треба ли да бидеш нарекуван провинцијалец? Генерализацијата на провинцијалците е глупава и проста работа. Сите луѓе се различни, не е битно дали се од Скопје, Велес, Гегелија, Струмица или Долно Дупени. Заради тоа, намалете со хејтот, затоа што можеби тој што го вреѓаш и нарекуваш сељак или селанец може да е дупло поголем граѓанин од тебе и не го фрла ѓубрето од десетти спрат.

Толку од мене, мили мои Македонци.

До следното читање!

п.с. Текстот е напишан у правилен велешки дијалект (ако воопшто го приметивте)

п.с.с. од уредникот на Окно: ...и благо е лекториран (текстот:)

Извор: topilnica.wordpress.com

Колажи: Делајла Џоунс

Пријател, потполно се

Пријател, потполно се согласувам. Дедо ми, кога дошол од Велес у Скопје, прво дошол од стара градска фамилија, од сред град во еден (тогаш) малку поголем град. Дедо ми, како и ти верувам, го засакал Скопје, ја научил културата и начинот на живот и се приспособил. Провинцијалците, во тој поглед не се провинцијалци во зависност од тоа каде доааѓат. Вистински провинцијалци кои на сите им пречат се оние кои од опинците уште не се одвикнале, а ги соблекле, а на чевли не се навикнале. Тие што ги домкнале да работат во администрација зашто ајле плакати излепиле, а уште не знаат во лифт како се влегува. И конечно, тие што се воодушевуваат од СК2014, тие бе брат се провинцијалци и ниту го познаваат Скопје, ниту можат да станат скопјани. А ти, друг пат не го сфаќај тоа лично, ако некој те навредува затоа што си од Велес, само изнасмеј му се.

Окно.мк, Ви благодарам што

Окно.мк, Ви благодарам што сте го објавиле текстот. :)

Поздрав,
авторот :)

п.с. одлични слики сте вметнале, ќе ви смета ли ако ги превземам да ги вметнам во оригиналниот пост? :)

Навистина, безперспективноста

Навистина, безперспективноста во градовите и селата во Мк, потполната замреност на животот и општото пропаѓање, ги наведува луѓето да мигрираат во главниот град кој, од друга страна, веќе станува суров и непријатен за живеење. Вината е во државата која со лошата политика ги замре селата и градовите низ Мк така да целата концентрација на она што (покрај администрацијата) некако функционира, е во Скопје. Стигнавме до таму што ми се чини дека Грците не грешат кога ќе речат „Република Скопје„ затоа што секој трет Македонец живее во Скопје. Ѕа тоа прилично придонесува и „партиската пропусница„ во државните претпријатија и администрацијата каде нападно доминираат дијалектите.

Стои дека голем дел од руралното и градското население од Мк е веќе во Скопје, кои со сите свои позитивни особини, а повеќе со своите маани, егоизам, лукавост и агресивност, го освојуваат просторот и наметнуваат едно релативно ниско ниво во релациите со околината.

Од друга страна,не се „цвеќки„ ниту скопјаните кои се замислуваат дека се со сина крв, а забораваат дека и нивните блиски претци се дојдени од „провинција„ и од кои го наследиле ситниот мангуплук на „голубарџије са периферије„.

Со еден збор: Скопје е најголемата провинција во Р.Македонија.

Слободан Најдовски имаше

Слободан Најдовски имаше неколку мошне аргументирани текстови за односот Скопје-провинција. Ова е неговиот текст од вчера:

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4B45B2CD6C1BD742BA1AC312838A01F0

До Топилничарот: Се разбира

До Топилничарот: Се разбира дека може да ги преземете сликите.

Поздрав.

На велешки не е „у велешки

На велешки не е „у велешки дијалект“ :) туку „на велешки дијалект“ :)
може да биде „У Велес вака зборуваме“... ама сеедно :D

Ја па мислев у Велес

Ја па мислев у Велес „зборуеме“ :)

Страшно. Не го прочитав

Страшно.
Не го прочитав другиот пост на кој му одговараш, кога ова зедов да го читам, ама овој твој „одговор“ не е ништо подобар. Ме чуди што е објавен тука, сметав дека Окно е малку поинаков сајт, ама тоа е што е.

Што ме фрапираше во твојот текст?
Очигледно дека постот на кој одговараш (подоцна го прочитав) е тежок фејл напишан од некој кој не размислува реално, но стеротипизира и примерите кои му се подалечни му влегуваат повеќе од очи. пр. ако некој прави глупости и зборува на дијалект полесно ќе биде заприметен за разлика од некој кој го прави истото ама не зборува на дијалект (можда и звучи покукл;). Кога ова ќе се повтори, веднаш се прави стереотип, доволно се и два примери. И тогаш веќе го имаме креирано шаблонот, така што лесно заприметуваме такви примери односно мислиме дека само такви се сите во случајов што зборуваат на дијалект (каков и да е) - ја генерализираме особината.

Тоа се случува кога човек ги набљудува работите околу себе здраворазумски и се потпира само на својата психологија.

Но ти автору, не правиш ништо различно. Се правдаш за сите неосновани напади на „провинцијалците“ што е толку генерален термин, односно наоѓаш објаснување за сите што те засегаат тебе и сличните на тебе. Кога се сретнуваш со стереотип со кој не можеш толку да се идентификуваш го прифаќаш. Ова е случајот со тие од администрација, а особено со тие кои ги нарекувате калаштури.
Тука, особено гледам дека твојот текст е уште поопасен од напразното дрекање на тој комитата, кое е преочигледно неосновано и провокативно. Имаш одговор и за работењето и за сељандурите и за провинцијалците, ама калаштурите, тие да, ги има секаде.
Твојот одговор: „Колегата блогер се навратил на калаштурите што бараат поштено скопјанче за „да го заглават“. Тоа е вообичаено во сите градови.
Автоматски си се сложивте дека да , женските може да се такви.

Ова ме потсети на онаа комичното видео кај што двајца типци си ги истепаа женските еден на друг во меѓусебната пресметка.

Заклучок : сè друго од текстот на дотичниот блогер нема врска, ама женскуте се насекаде калаштури кои гледаат да се омажат за пари, а особено со скопјани.

Ужас невиден.
Дури ова општество не се цивилизира доволно, еднакво да може да се гледа пред сè на половите никаде нема да стигнеме.

Само ќе ти искоментирам на

Само ќе ти искоментирам на делот за „калаштурите“, бидејќи гледам тоа те погодило.

Постоењето на такви персони е тотална реалност. И во моето опкружување (во било кој град) таа појава ја има. Овде не се мисли само на женските особи (иако, како што напоменав во текстот, поголемиот дел се женски) туку има и мажи што го прават тоа.

Велиш немам одговор за калаштурите, а за друго имам. Во текстот има и за нив одговор
"Секоја што не ја бива да направи нешто од себе и да постигне нешто во животот гледа да се омажи." (било машко, било женско)
Тоа е проблемот на нашето општество, исто и како генерализацијата на провинцијалците. Секој што неможе/несака да направи нешто со себе и да постигне нешто во животот оди на варијанта паразитизам.
Некои се паразити на своите родители до нивната смрт, потоа „како ќе даде господ“. Други паразитираат со тоа што ќе најдат „невино скопјанче и ќе му се закачат“. Така стојат работите.

Заради тоа, не ја прави генерализацијата
„Автоматски си се сложивте дека да , женските може да се такви.“
бидејќи јас ниту сум го напишал, а ниту пак го мислам тоа. Полова еднаквост постои (барем во мојата глава).

Ти благодарам на коментарот,
Топилничарот

Да топилничаре, ме погоди,

Да топилничаре, ме погоди, затоа што ме погаѓа секое дискриминирање на женскиот пол, што тука кај нас е симптоматично, и најопасни се оние што баш мислат дека гледаат еднакво на половите, иако во реалност далеку е тоа од виситна. Кажи ми дали ти би го зел презимето на жена ти? Овој одговор ќе ти каже колкава ее еднаквоста во твојата глава. Па потоа позабави се со тоа.

Ти повторно во твојот одговор велиш такви женски повеќе ги има? Од кај ти е оваа информација? Има некое истражување кое го потврдува ова? Ако да, те молам посочи го изворот, ако не тоа ти е стопостотен стереотип, за кој зборував погоре.

Ако те интересира мојот живот и причината за моето засегнување, јас сум од Прилеп, мажена за прилепчанец и живееме во Скопје, во центар. Вработени сме успешно и двајцата, не преку непотизам туку преку напорно работење на себе и трудење да се научи повеќе и да се успее. И токму поради тоа уште повеќе знам колку е потешко да успееш како женско и колку е неправедно така да се етикетира. Зашто ние дупло повеќе треба да работиме и знаеме за да бидеме исто ценети колку машките.

Е свашта. Значи треба да го

Е свашта. Значи треба да го земе презимето од жена му за да докаже дека ги почитува жените. А извини, на жена му презимето и е од мајка и? Тоа со презимињата е квази борба за женски права пар екселанс. Тоа е замена на еден патријархализам со друг. Да го чуваш презимето од татко ти било знак дека си независна, жити се?

Апсолутно се согласувам, до

Апсолутно се согласувам, до презимињава ли стигна работава?! И примеров, бе! Ја сум жена па воопшто си немам проблем да го земам презимето на мажот, не се докажува почитта на тој начин...Боже, Боже...:))

И како не успевате да

И како не успевате да разберете што тука се зборува. Не е прашањето дали ти си спремна да смениш нешто или не, тоа и си го регулира еден закон (кој на ужасно луд начин се чита на чинот на стапување во брак, читај венчавка, ако сакаш) и ти со тоа го имаш правото на избор. Поентата е во општата прифатеност мажите да се тие што бараат, жените тие што даваат. И после тоа, мажите да се тие што добиваат, а жените да се задоволуваат со тоа самите да се убедат (и тоа е нели независно мислење) во тоа дека самите нешто бираат.

МНОГУ ти е глупав примерот со

МНОГУ ти е глупав примерот со презимето!

Но сепак, ќе ти одговорам. Ако мојата идна сопруга го бара тоа од мене (со поента, а не онака ради реда) ќе го сменам презимето. Или евентуално ако сметам дека подобро ќе ми стои. Чисто ради забава - не.

Но исто така, нема да ја присилувам таа да го земе моето. Постојат сопружници кои си ги задржале своите презимиња.

Презимето е начин на идентификација. Името или презимето не те опишува тебе или тоа што си ти. Само ти става етикета. Толку.

Глуп пример ви е, зашто ви е

Глуп пример ви е, зашто ви е неземисливо такво нешто, зашто е толку вкоренето во секојдневие што не го гледаме како нешто што може да е поинаку. Јас не се залагам за тоа мажите да ги земат презимињата на жените, далеку од тоа, само сакам да ви направам reverse psychology и очигледно не функционираше зашто од старт беше одбиена и помислата на такво нешто, дури и од тројца. Не за чудо и од женско, ама не осудувам, едноставно така ни работи мозокот во ова подневје, на сите жени.
Сепак, топилничару, тоа не беше прашање на кое требаше да одговараш. Тоа беше прашање кое сам на себе требаше да си го поставиш. Јас повеќе сакав да ти покажам дека во твојот текст имаше исто толку предрасуди и стереотипи како и во текстот на комитата и исто како и тој што не е свесен за неговите и е убеден во нивната точност, убеден си и ти, како и многумина кои те прочитаа. Јас мислам дека ја постигнав целта со мојот коментар и немам потреба веќе беспреднметно да дискутирам.
Секое добро и успех во понатамошните твои текстови.

И сепак да си го повторам

И сепак да си го повторам прашањето кое всушност ти го поставив во врска со текстот и на кое толку успешно избегна да одговориш. И како фаќајќи се за едно примерче кое се однесуваше на твое позабавување на темата (со половите стереотипи) во твојата глава, стана главна тема на разговор.

Јас прашав:
Ти повторно во твојот одговор велиш такви (калаштури) женски повеќе ги има?

Од кај ти е оваа информација?

Има некое истражување кое го потврдува ова?

Ако да, те молам посочи го изворот, ако не тоа ти е стопостотен стереотип, за кој зборував погоре.

Не ми се верува дека и на

Не ми се верува дека и на Окно сте му посветиле колумна на тој ајванот, комита или како и да е! Дајте бре луѓе, баталете го!

А шо као Окно е некој репер

А шо као Окно е некој репер за квалитет? Па овде објавуваат сликовници од Рибаро, писменца од кодоши, колумни на вахабисти...

колку само ве боли.... е јбг

колку само ве боли.... е јбг БОЛИ!

Ne ja zima rabotata

Ne ja zima rabotata provincijalecot zasto e pokompetenten tuku prifaka da ja raboti rabotata sto skopjanecot bi ja rabotel za 60 do 70% pogolema plata...interesen podatok:)))

Ова апсолутно не е точно.

Ова апсолутно не е точно. Голем број од скопјаните работат за помалку, зашто не им се потребни пари за кирии и сметки, туку само за џепарац и искачање.
Живеат со своте родители длабоко навлезени во триесеттите години од својот живот и немаат осет за одговорност ниту за себеси, па за нешто повеќе. Работодавачите го знаат ова и не ризикуваат. Јас знам многу примери на скопјани кои се нафаќаат дури и по година дена да работат бес пари, само за да стекнат искуство, чисто онака доброволно, во таквата конкуренција ‚провинцијалецот' скоро да нема никакви шанси :)
што значи сите тие ваши генерализации немаат врска со реалноста.

СЕЉАЧИШТААА, иди копајте

СЕЉАЧИШТААА, иди копајте нивите, а не да ги продавате за стан во СК... смрд..

E па Скопјани кога не сакате

E па Скопјани кога не сакате да живеете со провинцијалците, нека ви бидат Косоварите комшии. Само кога ке ги извадат Косоварите пушките еден ден немојте тогаш да не барате нас провинцијалците, ниту пак да бегате да се вракате во селата од кај што сте дошле

Site u Makedonija sme

Site u Makedonija sme seljaci, makar u treto koleno. Moite baba i dedo, rodeni u Skopje 1920-tite, do 1963g, idele na rabota po kallivi ulici. "Madzar-maalo" e maalo, nasleden, islamski tip na naselba. Skopskata aristokratija izbegala od Skopje zaedno so turskata vojska. Skopje e, vo odnos na bilo koj evropski glaven grad, Kocani (provincija). Iskocete od Skopje i poglednete go od nadvor, za da razberete. J..o vas oficirski!

ОкоБоли главаВицФото