И покрај предупредувањата во медиумите осомничен за афера не побегна од земјата

27.09.2012 08:09
И покрај предупредувањата во медиумите осомничен за афера не побегна од земјата

 Скопје, 26 септември 2012 година

Никола Лихварски, сопственик на повеќе фирми и еден од осомничените за неколку финансиски афери и покрај предупредувањата во медиумите за негово апсење, кое го пренесоа сите медиуми, сè уште не ја напуштил државата.

Во изјавата која ексклузивно ја добивме, Лихварски тврди дека не видел ниту едно предупредување, затоа што во текот на вчерашниот ден не гледал вести.

-Добро е што ме известивте, изјави Лихварски, вчера спиев малку повеќе од вообичаеното и не стигнав да купам весници, ниту да гледам вести. Ме затекна информацијата дека ќе бидам уапсен и сега ќе морам набрзина да се подготвам и да ја напуштам земјата.

-Морам да признаам дека сум разочаран што никој не ме извести лично. Не е во ред таа информација да ја има во медиумите, а никој да не се ни обиде да ме извести за тоа и да ми рече: „Никола, напушти ја земјата затоа што денес ќе бидеш уапсен“. Изглегува дека сите мораме да гледаме вести за да дознаеме информација за себеси. Не е фер, на тој начин се намалуваат шансите човек да побегне, констатираше Лихварски.

Како што дознаваме од високи полициски функционери наскоро ќе бидат формирани специјални полициски тимови кои ќе се грижат за тоа сите осомничени за финансиски криминал и нелегални бизниси да бидат навреме известени за термините на нивните апсења, за да не се доведат во непријатна ситуација да бидат уапсени заради неинформираност.

Адаптирано од: http://www.njuz.net