Белград гради мали жичарници на сите дупки на улиците

24.04.2019 00:22
Белград гради мали жичарници на сите дупки на улиците

Градскиот менаџер Горан Весиќ најави дека Белград до крајот на годината ќе изгради неколку илјади мали жичарници на сите дупки од градските улици.

Тој најави дека овој проект, во соработка со републичката влада, ќе биде готов до крајот на годината и дека со малите жичарници во Белград еднаш засекогаш ќе се реши проблемот со ударните дупки.

-Нашите техничари со едно полураспаднато Југо веќе крстарат по градските улици и каде и да наидат на дупка, ставаат мал билборд на чепкалки за заби за да го обележат градилиштето. Овие лостови нежно ќе ги превезуваат автомобилите преку дупките, така што автоматски ќе се опфаќа тркалото на чиј пат ќе се најде дупка. Првите жичарници ќе бидат изградени на улиците околу Калемегдан, а во план е и подигнување мали лостови на дупките на новиот мост кој планираме да го изградиме од Бетон салата до шеталиштето на тврдината, а кои веројатно ќе се појават уште со првиот дожд - откри Горан Весиќ и додаде дека жичарниците сигурно ќе привлечат голем број странски туристи кои, каде и да се завртат, ќе можат да ги видат овие атракции по кои Белград ќе стане единствен град во светот.

Градскиот менаџер најави дека заедно со градоначалникот Синиша Мали во наредните денови ќе отвори неколку градилишта за мали жичарници ширум Белград.

-Мали и јас на најпознатите белградски дупки ќе положиме камен темелници со лопати и ќе го одбележиме почетокот на изградбата - откри градскиот менаџер Горан Весиќ.

Извор: https://www.njuz.net