1019 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Саб, 27.04.2024 21:59
Заедницата на Јеховини сведоци денес соопшти дека е подготвена да ги следи чекорите на ИВЗ и МПЦ кои побара државна помош за да ја пребродат коронакризата, а за возврат ветија дека нема да го употребуваат своето скриено оружје – верниците.
Тие ѝ дадоа 24 часа на Владата за да одговори на барањето потпишано од илјадници членови што се подготвени во секој момент да тргнат кон домовите на граѓаните и да ги рашират добрите вести на секој што ќе отвори.
Според нив, негативен одговор на барањето за помош ќе биде доказ дека е време да си го вратат својот заштитен знак – посетите од врата до врата, кој долги години беше узурпиран од македонските партии без да побараат дозвола.
Извор: https://www.kooperacija.mk