Камо казна за нас?

13.10.2009 11:45
DZ.JPG

Изумре сексот во парк! - полуразочарано, полутриумфално објави Шпиц во петокот. На насловна и тоа! Со огромна фотографија што зазема речиси две третини од страницата. Тоа значи дека за Шпиц тоа била најбитната вест во петокот. Ништо друго поважно не се случило – ниту во Македонија, ниту во светот. Главната поента беше дека секс-мобилите не смеат да функционираат зашто на сопствениците им следува казна ако ги фатат како „блудничат“ на јавно место. Поводот за ова брилијантно парче истражувачко новинарство била гласината дека казната е 1.500 евра. Новинарката признава дека полицајците првин и’ се изнасмеале, а потоа и кажале дека нема врска тоа и дека казната е 100-400 евра.

Колку и да е траги-комичен текстот на новинарката (на пример, кажува име и презиме на човек којшто и’ дал изјава како пробува да се снајде и со неговиот секс-мобил оди на други места – дури и новите места се наредени во текстот), сепак укажува на ужасната состојба во која се наоѓаат медиумите. Таблоидовидните сензационалистички текстови не се разликуваат од „Жена роди дете-крокодил!“ или „Бритни Спирс е вонземјанин!“ или „Геј оргии во ЦК!“... Истрајноста во следењето на одредена тема трае до следната сензација, истражувачкото новинарство е веќе фосилизирано, а пристрасноста е сеприсутна. На пример, за Велигден и Божик има цели фермани и фељтони и интервјуа и што сè не, додека за муслиманските празници има тук-таму по некоја честитка од некој си „државник“. Да не ни спомнуваме за вистинската религија на овие простори, онаа исконската, античката – политеизмот. Него го имале и античките Македонци и Словените – барем во тој поглед ќе може да се согласат двата табори.

Но она што највеќе ме изненади е дека освен едно мислење во Утрински и една (фино срочена) вест во Форум, годинава 11 октомври речиси и да не е спомнат. Не се прават оние огромни фешти што се случуваат на и околу Илинден и ако не беше неработен денот, ништо чудно ако не се знаеше дека станува збор за важен ден во македонската историја. Ако за момент го тргнеме антикомуњарскиот превез од очите и ја гледаме тогашната акција како дело на жители на Македонија со, како што вели покојниот Коле Чашуле, „убедувања дека светот еден ден навистина може да стане подобро и поправедно место за живеење“, тогаш имаме уште еден моќен симбол на борба против угнетувачот. Со тоа што овој, за разлика од претходните (абортирани) востанија, по четири години истрајност (уште една реткост за овие простори), успеал да вроди со подолготраен плод: Македонија.

Прв пат по долго време народот на овие простори успеал да се избори за сопствената слобода. Намерно велам народот наместо Македонецот зашто и во Илинденското востание и во НОБ учествувале луѓе со различни националност, вера и политичко убедување (претпоставувам дека малку од оние што учествувале во НОБ имале претстава што е комунизам или какви други алтернативи постојат). Тие имале заедничка цел, се здружиле и ја оствариле (што направиле потоа е веќе работа на политика).

Да, може да се навлегува во детали и да се анализира во проценти кој, колку и дали воопшто бил Македонец, може да се спори дали тоа го направиле сами или со туѓа помош, но останува фактот дека луѓето што живееле тука успеале да го направат првиот чекор на овој ден. И имале доволно упорност и истрајност за да ја истуркаат целата работа до крај. Избркани се сите окупатори – дури и оние што се рекламирале како ослободители.

Ако го прочитате текстот на Коле Чашуле, ќе забележите дека имало подготовки, имало организација, имало единство, имало акција. Значи, таквите работи не се новина за Македонија – дури и историјата потврдува дека во Македонија може да се направи нешто позитивно без (премногу) туѓа помош, без членување во некакви си здруженија на нации и народи, без меѓусебни тепачки, без палење на манастири и џамии, без форсирање на некоја религија, без расправии дали се антички или словенски, без поделби на Вакви и Онакви, без премногу средства... Сè што имале тие луѓе биле волјата, желбата и визијата за слобода. Останатото го постигнале зашто сакале да го постигнат.

И никој од медиумите не се нафати да напише нешто повеќе на темата. Ниту за Народноослободителната борба, ниту за симболиката на денот, ниту за она што се случило во меѓувреме. Самите си го ебавме еден од најсветлите симболи од нашата историја. Само што тој секс беше премолчан, неекспониран во јавноста, во „интимата“ на македонската политика. И затоа никој нема да треба да плати казна. Барем не парична.

слики: Марсел Ѕама

Браос

Одличен текст!

Za 11ti oktomvri, da, ok, se

Za 11ti oktomvri, da, ok, se soglasuvam. Ama Bojane, denesnata borba za prava vklucuva i protest protiv glupite zakoni koi ni gi ogranicuvaat tie prava: primer zabranata za seks vo park, ili kupuvanje alkohol posle 7. Israzi mu pocit na borcite od minatoto so toa sto ke si gi branis pravata sam sega, a ne so pesni i himni i istoriski kolumni.

За Македонија

Процедурално - дедо ми се борел за Македонија и против сите. А од малцинствата исто имало по некој, ама главната борба била ЗА слободна Македонија...

Мислам дека акцентот во

Мислам дека акцентот во текстот на бојан е ставен врз универзалната борба на народот од просторот што денес се нарекува Република Македонија, таа борба била вековна, ама артикулација на државотворните амбиции овој народ доби благодарение на таа борба. Исто така историските прилики биле тие да оваа борба била предводена од КПМ, но не може да се стави знак на ексклузивитет дека државата ја создале само комунистите.  И да, мислам дека 11 октомври заслужува насовна страна, за сексот во парк (забранет или слободен) доволна е и втора страница.

Њет, дедо ми не бил член ниту

Њет, дедо ми не бил член ниту станал некогаш. И не се борел ич за КПМ. Туку за слободна Македонија...

Киро ај доста се просераваш .

Киро ај доста се просераваш . Многу знаеш ти за шо се борел тиквар еден.

Опааа, стручњак за

Опааа, стручњак за раноградинарски плодови и фекалии. Одлично, таков ни требаше.

Киро, поштовање и све, ама

Киро, поштовање и све, ама 16-ти спрат како ти звучи?

?

?

На ти!

ОкоБоли главаВицФото