Емотивна исповед на мајката на Бредли Менинг

05.08.2013 12:29
Емотивна исповед на мајката на Бредли Менинг

Сузан Менинг, која живее во Велс и која го нема видено својот син Бредли од 2011 година, издаде ретко соопштение за јавноста во моментот кога процесната фаза за одредувањето на казна за нејзиниот син влегува во втората недела.

Мајката на Бредли Менинг, американскиот војник кој оваа недела е соочен со изрекувањето на долга затворска казна поради неговата улога во откривањето на американските тајни на страницата Викиликс, рече дека верува дека никогаш повеќе нема да го види својот син.

Во оваа изјава дадена откако 25-годишниот Бредли беше прогласен за виновен за шпионажа, кражба и компјутерска измама, Сузан Менинг му препорача на својот син „никогаш да не губи надеж“.

Сузан Менинг, која живее во Пемборкериш во Велс има проблеми со здравјето и не го видела својот син од 2011 година. Во ретка изјава за медиумите, таа му порача на својот син: „Знам дека можеби никогаш повеќе нема да те видам, но знам дека ќе бидеш слободен еден ден. Се молам тоа да биде наскоро. Те сакам Бредли и секогаш ќе те сакам.“

Процесната фаза за одредувањето на затворската казна за Менинг започна минатата среда, еден ден откако тој беше осуден за проследување на повеќе од 250.000 американски дипломатски документи и неколку илјади воени извештаи од воените подрачја во Авганистан и Ирак до Викиликс.

Извештаите велат дека Сузан Менинг немала сила да ги следи медиумите за да ја чуе пресудата, па чекала нејзината сестра Шерон Стејплс да ѝ ги пренесе вестите преку телефон.

Стејплс изјавила дека нејзиното семејство сега „моли за милост“ и го опишала шокот на нејзината сестра кога го видела Менинг за време на нејзината последна посета во морнаричката база во Квантик, во февруари 2011 година.

„Тој седеше зад стаклото и кога влегов прво ги чув звуците на синџирите околу неговите раце и нозе, а дури потоа го видов“, вели Стејплс.

„Поголемиот дел од времето седеле во тишина, гледајќи се во очи. Не ѝ било дозволено да го прегрне, но можела да му каже дека го сака.“

Потоа, таа рекла: „Вие не би третирале ни животно на начинот на кои тие се однесуваат кон Бредли.“

Извор: NEWS

 

ОкоБоли главаВицФото