Америка си најде нова мета - Јемен

21.01.2010 12:39
yemen_sm_2008.jpg

Јемен во медиумите, како ново седиште на тероризмот, посериозно почна да се споменува дури последниве недели, откако Нигериецот Умар Фарук Абдулмуталаб на Божиќ се обиде да разнесе авион на летот Амстердам-Детроит.

Тој наводно делувал според упатствата на Ал Каеда во Јемен, и тоа откако во главниот град на оваа земја, Сана, беа затворени амбасадите на осум западни држави, а нивниот персонал беше повлечен.

Јавноста тогаш дозна дека САД во Јемен веќе одредено време водат прикриена војна од низок интензитет против моментално најсилната гранка на најпознатата светска терористичка група, Ал Каедда на Арапскиот полуостров (AQAP). Објаснувајќи го ангажманот на САД во Јемен, американскиот сенатор Џозеф Либерман им изјави на медиумите дека „Ирак е вчерашната, Авганистан е денешната, а Јемен е утрешната војна“. Додаде дека САД годинава ќе ја удвојат воената помош од 70 милиони долари за јеменската влада, не вклучувајќи ги специјалните операции на ЦИА започнати пред една година. Всушност, на 17 и 24 декември, непосредно пред неуспешниот обид на Абдулмуталаб за уништување на авионот со речиси 300 патници, јеменската и американската војска заедно ги нападнаа упориштата на AQAP и убија шеесетина милитанти.

За некои напади одговорни радикалните шиити?

Меѓутоа, американските власти ја исклучија секоја можност дека божиќниот напад е одмазда за овие бомбардирања, додавајќи дека AQAP во Јемен е активна уште од 2006 г. На оваа во прилог треба да му оди и податокот дека на едната од двете локации наводно се наоѓал и јеменско-американскиот свештеник Анвар ал-Аулаки кој се сомничи за убиство на 13 лица во американската воена база Форт Худ на 5 ноември.

AQAP настана со обединување на саудиските и јеменските припадници на Ал Каеда на почетокот на минатата година, со доаѓање на милитантите од Авганистан и Пакистан, но и со враќањето на неколку Јеменци од американскиот затвор во Гвантанамо, денес челници на оваа група. Две години порано, од строго чуваниот затвор во Сана побегнаа 23 затвореници, меѓу кои и сегашниот водаш на AQAP, Насир Абдел Карим Вухајши. AQAP на почетокот напаѓаше туристи, мисионери и нафтени платформи, притоа убивајќи четириесетина луѓе, додека во нападот на американската амбасада во 2008 загинаа 18 лица. На нејзина сметка лежат и нападите, како оној на американската воена морнарица USS Cole пред десет години, кога беа убиени 18 лица, како и ланските неуспешни обиди за атентат на саудискиот принц и шефот на одделот за противтероризам на таа земја.

Меѓутоа, некои аналитичари, како ценетиот британски историчар Фред Халидеј, сметаат дека за некои терористички напади можат да бидат одговорни и радикалните шиити во северната провинција Сади, т.н. хутисти, кои од 2004 г. се борат против владата и бараат основање на ортодоксна шиитска држава. Според Халивеј, тие би можеле да ги организираат убиствата на туристите со цел дискредитирање на централната власт, а не поради омраза кон западните земји. Самата AQAP, тврдат стручњаците, има стотина припадници, но и приврзаници на југот и истокот на земјата, како и поддршка од дел на репресивниот апарат.

Блискоисточна Куба

Јемен е најмалиот блискоисточен производител на нафта, чии залихи се пред крај, а не успеа да создаде основи за одржлива економија. Со 23 милиони жители, од кои 40% живеат под границата на сиромаштијата, Јемен е најсиромашната арапска земја, со најмали залихи на вода во светот и развојни показатели многу поблиски до супсахарска Африка отколку Блискиот исток. Но затоа, низ Јемен циркулираат 60 милиони парчиња оружје, а ги носат практично сите мажи вон градовите и крајбрежните подрачја. Владата не контролира добар дел од територијата, а земјата е поделена од исламистичката побуна на северот и сепаратистичкото движење на југот.

За разлика од југот, кој бил колонизиран од В. Британија, северниот дел на земјата бил единствената независна арапска држава, но затоа изолирана од страна на конзервативните имами. Така било сè до 1962 г., кога радикалните републиканци, инспирирани од Египет кој се наоѓал под водство на Насер, ја презеле власта. Тогаш започнува осумгодишна граѓанска војна во која племенските и марксистичко-ленинистичките милиции со помош на советската војска ги победуваат ројалистите, потпомагани од Британците. Истите години југот, со седиште во Аден, добива независнот од Британија, а власта ја презема комунистичката фракција Национален ослободителен фронт. Две години подоцна оваа фракција ја основа Народна Демократска Република Јемен, своевидна „блискоисточна Куба“, со катастрофални последици од национализацијата.

Тогаш се појавува идејата за обединување, но двата режима, со седишта во Сана и Аден, две децении се обидуваа да наметнат сопствена визија на единството. Со пропаста на СССР, пропаѓа и марксистичкиот експеримент на југот, па тамошниот претседател Али Абдула Салех во 1990 г. набрзина објавува обединување со Арапската Република Јемен, без согласност на делови од режимот и план за спроведување на обединувањето. Салех, кој на власт дојде со државен удар во 1978 г., во обединувањето виде прилика да ги заземе природните ресурси и колонијалните вили на југ, а четири години подоцна започнува и „превентивна граѓанска војна“ на југот и ги докрајчува социјалистите.

Веројатна ескалација на судирите

Во раните 90-ти доаѓа и до враќање на мухаџедините кои една деценија претходно во Авганистан се бореа против Советите, а потоа ја продолжија борбата против „безбожните“ јужњаци. Саудиска Арабија избрка милион јеменски работници поради одбивање на Јемен на учествува во Првата заливска војна против Ирак, што доведе до уште поголема сиромаштија. Со започнувањето на американската „војна против тероризмот“, во родната земја на таткото на Осама бин Ладен почнуваат да пристигнуваат потенцијални милитанти од другите земји, радикализирани на универзитетот Иман на „црвениот шеик“ Абдулмеџида ал-Зиндани, еден од најмоќните луѓе во Јемен.

Салех, пак, за време на 31 година владеење создаде корумпирана власт во која преовладуваат членовите на неговото семејство, а на милитантите, според аналитичарите, им дозволува да се борат против САД и регионалните непријатели сè додека го оставаат режимот на мира. Затоа и не чуди тоа дека високите јеменски официјални лица, по објавата дека САД ќе ја удвојат воената помош, почнаа да ја негираат соработката со Америка и да ја намалуваат терористичката закана, како и да ги повикуваат САД да „учат од искуствата во Ирак и Пакистан“, и да вложуваат во економскиот развој, намалување на сиромаштијата и образованието, а не само во јеменската војска.

Но, дека на видик е веројатна ескалација на воените судири ни покажува и одлуката на Британија да се вклучи во американските настојувања во Јемен, за што кон крајот на месецов ќе се одржи и конференција.


Извор: novossti.com

За разлика од југот, кој бил

За разлика од југот, кој бил колонизиран од В. Британија, северниот дел на земјата бил единствената независна арапска држава, но затоа изолирана од страна на конзервативните имами. Така било сè до 1962 г., кога радикалните републиканци, инспирирани од Египет кој се наоѓал под водство на Насер, ја презеле власта. Тогаш започнува осумгодишна граѓанска војна во која племенските и марксистичко-ленинистичките милиции со помош на советската војска ги победуваат ројалистите, потпомагани од Британците. Истите години југот, со седиште во Аден, добива независнот од Британија, а власта ја презема комунистичката фракција Национален ослободителен фронт. Две години подоцна оваа фракција ја основа Народна Демократска Република Јемен, своевидна „блискоисточна Куба“, со катастрофални последици од национализацијата. огаш се појавува идејата за обединување, но двата режима, со седишта во Сана и Аден, две децении се обидуваа да наметнат сопствена визија на единството. Со пропаста на СССР, пропаѓа и марксистичкиот експеримент на југот, па тамошниот претседател Али Абдула Салех во 1990 г. набрзина објавува обединување со Арапската Република Јемен, без согласност на делови од режимот и план за спроведување на обединувањето. Салех, кој на власт дојде со државен удар во 1978 г., во обединувањето виде прилика да ги заземе природните ресурси и колонијалните вили на југ, а четири години подоцна започнува и „превентивна граѓанска војна“ на југот и ги докрајчува социјалистите.

ОкоБоли главаВицФото