Нов начин на практикување јога со пцовки и пиво

15.04.2016 07:35
Нов начин на практикување јога со пцовки и пиво

Новиот концепт на вежбање јога го задржал смирувачкиот, зен амбиент на јогата, но како додаток за оние кои ја практикуваат оваа дисциплина, за време на издишувањето, во одредени пози решиле да вклучат и пцовки и викање, а по вежбите, редовно одење на пиво.

Комбинацијата од дружење, пабови, пиво и јога се покажала како успешна форма на релаксација по стресен ден.
„На тренинзите нудиме богат речник, смеа и дрскост“, пишува на страницата на компанијата која своето движење го опишува како „комбинација од истегнување, вежби во различни пози и лош хумор, со цел да се постигне добра здравствена состојба.“

Цената за еден час е околу 9 долари и вклучува ваучер со попуст на две пива.
Креаторката на овој откачен проект Линдзи Стивенс која предава флексибилност и здравје, дошла до идеја за ослободување од бесот со своите асана јога пози, веднаш по лошиот прекин на врската.

„Бев исполнета со болка, лутина и збунетост. Тогаш открив дека вклучувањето на пцовките во јогата има ослободувачки ефект“ - вели Линдзи.

Предностите на јогата и медитацијата се добро познати, но студиите покажале дека „дрскиот речник“ ја зголемува толеранцијата на болка, нè прави поубедливи во работните дискусии и создава чувство на солидарност.

„За време на вежбите за релаксација не очекувате да го слушнете тој начин на изразување, така што пцуењето во оваа прилика има посебна тежина, тоа може да ве натера да се смеете и рефлексивно ве опушта“ - објаснува Стивенс.

Откако го стекнала вниманието на медиумите, и кога нејзиниот концепт бил опишан како „претеран“ во Русија, Велика Британија и Јужна Африка, Линдзи покренала кампања за развој на онлајн курсеви и се надева дека во август ќе оди на турнеја во Канада.

Извор: radiosarajevo.ba

 

ОкоБоли главаВицФото