Зборно место #4 со Александра Пападопулу

20.10.2010 10:43
GEM---zborno-mesto-4---aleksandra-papadopulo.png

Секој четврток во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија се случуваат јавни разговори. Целта на разговорите во ГЕМ клубот е да се развива и шири демократската култура на дијалог, т.е. да се унапредуваат основните граѓански вредности: отвореноста, критичноста, ангажираноста, вештината да се артикулира, демократскиот дух...

Tема: Грчко-македонските односи во светлината на евроинтеграцискиот процес
Гостин: Александра Пападопулу, Шеф на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија

КАКО ПОМИНА НАСТАНОТ ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ

ЧЕТВРТОК | 21.10.2010, 18.00 часот | ГЕМ КЛУБ, СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА
ПОВЕЛЕТЕ!

ГЕМ клубот се наоѓа во Старата скопска чаршија (бивша Менада) - мапата можете да ја погледнете овде

Oвозможено со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

www.gem.org.mk

predlog: obezbedete live

predlog: obezbedete live stream od ovie nastani.

Гркинката беше тешка

Гркинката беше тешка катастрофа. Фрази, црвени линии и тврдокорен грчки национализам - во дипломатски обланди. Една жена, од децата-бегалци, просто се расплака пред ладнотијата и суровоста на логорскиот капо преоблечен во дипломатска униформа и камуфлиран во жена. До вчера бев на позиција дека мора да се направи компромис со Грција околу името. После гледањето на амбасадорката - веќе не сум сигурен.

А што очекувавте Сиртаки да

А што очекувавте Сиртаки да ви игра и локумадес да нуди. Незнам зошто оди на вакви настани подобро да си седи во амбасада и некој да не и ги знае ставовите луѓето ќе имаат подобро мислење за нејзината политика. 
ГЕМ му направи прекрасна мечкина услуга на нивниот толку омразен Никола Сотоната Груевски :-)

Не згреши ГЕМ што ја викна

Не згреши ГЕМ што ја викна амбасадорката. Секогаш е добро да се разговара. Мој впечаток е дека таа си ја уништи сопствената позиција и позицијата на својата земја во очите на добронамерните Македонци. Освен ако на Грците тоа не им е целта?! Упорна радикализација и уништување на Македонија?! Со помош на Груевски тоа доста добро го прават, мора да се признае.

ОкоБоли главаВицФото