Централните банки провоцираат „класна борба“

17.07.2023 02:05
Централните банки провоцираат „класна борба“

Цела 2022 година беше во знакот на борбата против инфлацијата. Ја започна Bank of England во февруари 2022 година, а во март се придружи емисионата банка ФЕД на САД со зголемување на каматите, па следеше Европската централна банка во јули. Оттогаш каматните стапки знаат само за еден правец - нагоре. Притоа чуварите на валутите во борбата против инвлацијата не може да ги запре ништо, ни банкарската криза која прво во САД со Silicon Valley Bank наиде на својата најпроминентна жртва, а во Европа набрзо потоа ја фрли на колена Credit Suisse.

Во моментов сепак се појавуваат критички гласови кои бескомпромисниот пристап на валутните чувари го сметаат за фатален. На овие гласови им припаѓа економистката Ен Петифор која стана позната со прецизната прогноза за глобалната финансиска криза од 2008 година. Економската советничка на оваа тема остро ги критикуваше централните банки.

Причината за сето зло

Економската експертка прво се насочи кон причините за најновиот банкарски колапс. Во периоди на ниски камати на државните и корпоративните обврзници со мошне ниски рендити, тие беа омилена можност да се има разумно осигурување ако се земат поголеми кредити. Врз основа на ниските камати беше поволно да се земаат пари што доведе до зголемување на приватната задолженост. Истовремено централните банки преземаа малку за да го зауздаат и надзираат овој феномен.

При растечки камати ќе се издадат нови обврзници кои даваат повисоки рендити. Новите хартии се дури уште повредни: Ако мал дел од нив се на пазарот дури е можно новите обврзници со повисока рендита да бидат повредни од „старите“ обврзници кои се издадени во времето на ниските камати. Така може да се случи вложувачите да се ослободат од старите обврзници за да се покријат со нови хартии од вредност.

Доколку голем дел од овие обврзници со ниска рендита се продаваат тогаш би им паднала вредноста. Сепак, тоа за сопствениците на старите обврзници би било неважно ако ги задржале до истекот на утврдениот период на враќање, значи не постои причина порано да се ослободат од нив. Сепак, според Петифор, тие се однесуват поинаку доколку обврзниците служат како осигурување на заемот и ако доверителите дознаат дека осигурувањето губи од вредноста. Во тој случај тоа би значело дополнително осигурување кое ќе значи безбедност во однос на отплатата на долговите.

Токму тоа се случи со Silicon Valley Bank. Кога на големите инвеститори околу водечкиот инвеститор Петер Тил им стана јасно дека ѝ опаѓа кредитната сигурност на финансиската група SVB, ги пренесоа парите на безбедно место и така предизвикаа еден вид дигитален bank run (повлекување средства).

Сепак, на економистката сега ѝ се наметнува прашањето како можеше да се случи сопствениците на ризичен капитал како Тил да успеат да го видат доаѓањето на должничката криза, но тоа не го забележале и надлежните финансиски институции.

Догматската борба против инфлацијата е проблематична

За Петифор одговорот се наоѓа во фактот дека за валутните институции високата инфлација ги става во сенка сите други закани. Притоа таа остро критикува: „При недостаток на анализа, регулирање, надзор и далековидност централните банкари покажаа дека не се колебаат да ризикуваат со високи камати и дури и банкарска криза и финансиска нестабилност. Тие го направија тоа но и сè уште го прават и со тоа свесно ја казнуваат монетарната политика на високо задолжени народни економии со опаѓачки реален приход.“

За Петифор е тешко разбирлива оваа реалност во која „изгледа дека чиновниците кои ги водат централните банки, заедно со своите директори и соработници се подготвени доброволно да ги жртвуваат приватните банки и глобалната финансиска стабилност, брзајќи да ги зголемат каматите, да ја разорат побарувачката, да ги дисциплинираат работниците и да го намалат приходот на земјата“.

Најпосле, ова ќе сведочи дека централните банки „ѝ даваат предност на класната борба пред финансиската стабилност“. Ова го докажа Европската централна банка кога и покрај банкарската криза и разнишаната Credit Suisse, уште еднаш ги зголеми главните камати за педесет базни поени.

Високите плати причина за инфлацијата?

Монетарните институции нагласуваат дека напрегнатиот пазар на трудот заедно со високите плати им припаѓаат на темелните причини за инфлацијата, предизвикани од високата побарувачка која настана преку стимулациите по финансиската криза од 2008 година. Петифор повеќе смета дека поскапувањето е предизвикано од шпекулациите на пазарот на суровини. Ако сега работниците би побарале повисоки плати за да можат да реагираат на повисоките трошоци за енергија и суровини тоа би било последица, а не причина за инфлацијата на цените на суровините.

Според Петифор, реалните плати опаѓаат зашто платите не се зголемија толку брзо како инфлацијата.

ФЕД најавува промена на курсот

Од друга страна, централните банки сметаат дека притисокот на работниците и нископриходните групи е зло кое не може да се избегне во борбата против инфлацијата. Притоа секако е вистина дека големото поскапување за многу луѓе претставува голем товар. Во секој случај, емисионата банка на САД, ФЕД, најави промена на курсот. Така, шефот на ФЕД, Џером Пауел рече: „Ние веќе не изјавуваме дека очекуваме дека тековните зголемувања на стапките ќе бидат соодветни за намалување на инфлацијата“.

Превод: Алек Кузмановски

Слики: Randall Rosenthal

Извор: https://www.finanzen.net/

ОкоБоли главаВицФото