Стрипотерапија

28.12.2023 12:28
Стрипотерапија

 

На Окно пренесуваме десетина страници од македонското издание на една необична, мошне духовита и проникнувачка книга која во Србија имаше три изданија за неполна година.

„Се викам Ана Петровиќ. Сакам да цртам. Цртам и кога се осеќам добро и кога се осеќам лошо. Стрипотерапија настана во време кога се осеќав лошо. Настана спонтано, како интерна шега меѓу мене и мојата психотерапевтка. Почнав да цртам и запишувам некои од дијалозите и ситуациите низ кои минувавме, трудејќи се на горките теми да им додадам и одредена доза хумор.

Стрипотерапија набрзо стана многу повеќе од интерна шега. Стриповите почнав да ги објавувам и на социјалните мрежи. Најчестиот коментар беше: Ова сум јас! Реакциите ме мотивираа и охрабрија. Сфатив дека многумина го делат моето искуство. Ова не се стрипови само за мене, туку за сите нас.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За авторката

Ана Петровиќ се занимава со илустрирање и дизајнирање книги и други публикации за деца и возрасни. Дипломирала на факултетот за применети уметност во Белград 2012 година, каде што завршила и мастер студии на модулот Применета графика, ателје графика и книга. Илустрирала над триесет книги.

 

Извор: Ана Петровиќ - Стрипотерапија; превод: Љупка Евроска; Темплум, 2023

Слични содржини

Книжевност / Стрип
Книжевност / Стрип / Култура
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Книжевност / Стрип
Фотографија / Книжевност / Стрип / Настан
Книжевност / Стрип / Култура

ОкоБоли главаВицФото