Сурфање по маргините!

12.01.2024 16:59
Сурфање по маргините!

Неколку пати имам пишувано за значењето на списанието „Маргина” во нашата културна сцена и во мојот живот, па зошто да не уште еднаш! Хронолошки, може?

Првата средба со „Маргина #2” во книжарницата „Табернакул” во тогашното МНТ во 1994 година, кориците на кои работеше сестра ми, иконичката VR (Virtual Reality) со сребрениот квадрат исечен во корицата, mail art, Селин со Doom… Тогаш бев тинејџер, а сестра ми уметник и дизајнер, ја следев по изложби и по печатници, на местата каде што работеше и учествував како тивок асистент во нејзините уметнички проекти во средината на 90-тите.

Таа го познаваше Коља, но се „запозна” со списанието „Маргина” преку мене. И јас ги познавав Коља и Бане, како и сите позначајни алтернативци и уметници од тоа време, но тие не се сеќаваат на мене, зашто тогаш бев дете. Подоцна (2004-2008) работев за „Темплум” и го работев она што го сакав – десет години по првата средба со тоа култно списание, јас го дизајнирав, па и преведував и пишував текстови за него!

Не би можел да го опишам мојот однос со „Маргина” со друг збор освен со зборот „љубов”. Претпоставувам дека Коља, основачот на „Маргина” за тие кои не знаат, ако го прочита ова – ќе си поврати малку во устата на таа споредба. Оние кои го знаат ќе разберат, како што ќе ја разберат и мојата изјава, зашто тоа списание сплотило многу интелекти, им открило нови светови и сменило многу животи! Затоа, иако ми е драго што имам текст во последната „Маргина”, не би сакал навистина да биде последна.

Во МКЦ на 5 септември се оддржа „Дизајнерско – уметничка изложба, 25 години Маргина – изложба на насловни страници на списанието!“, како потсетување на она што беше Скопје, а веќе не е – урбано, моќно, креативно и алтернативно!

Извор:https://arno.mk

Слични содржини

Книжевност / Култура
Пандалф Вулкански
Книжевност / Култура
Книжевност / Култура / Настан
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото