Исповед бр. 425

06.04.2013 19:08
Исповед бр. 425

ХЕГЕЛ

Мислам дека читањето на Хегел ми помогна во животот
Го направи можеби не толку практичен
Но секако поинтересен и поисполнет
Начинот на кој ги склопуваше неразбирливите вистини
Како извртуваше с
è во својата спротивност
Ме радуваше како некоја добра серија
Или некој прилично напнат трилер
И денес кога ги читам овие постмодернистиве
Некако ми се чини дека сите пишуваат како него
Па и кога се обидуваат да го побијат
Пак Хегел стои над нив моќен и присутен
Поминав цело едно лето читајќи го Хегел
И уште една есен бидејќи паднав на испитот
Денес имам кабелски интернет
И не ми паѓа на памет пак да го читам
Но сепак понекогаш ми се враќаат неговите мантри
Како с
è од себе, по себе, како такво се врти
Станав поречит, поснаодлив човек
Сигурно имам плускавци во главата од долгото читање
Целиот труд мораше да се исплати
Но сега живеам поинаков живот
Кој нема многу време за теорија
Маркс додаде дека праксата е важна
Имено, да завршам со парафразирање
Филозофите различно го толкуваа светот
Станува збор за тоа тој да се конзумира


ИСПОВЕД БР. 425

Крадец во сопствениот стан
Од старата крадам цигари
Одам на училиште зашеметен
Зимата деведесет и трета
На одморот го сретнувам другар ми
Од баба му гребеше Морава
Ја делиме заедно
Му даваме дим и на Горан
И после училиште слеп за грешките
Се фрлам на ручекот и кафето
Музиката од касетофонот
Повторно ги покрива моите чекори


БЕЗ НАСЛОВ

Изгради град, направи мали куќички
И покрај градинката да стојат стари автомати за слатки
И никогаш повеќе, никогаш повеќе, да не врне.
Направи асиметрични улици,
Нека с
è изгледа како да постоело отсекогаш,
куќите да се сраснати со земјата и да пуштиле корен,
Улиците да се свиваат случајно како реки,
Да има птици на секој покрив,
И прошетките никогаш да не бидат досадни.
Спроведи еден поток во средина,
Нека излегува овде-онде, низ скриени тунели,
Тука игра ќе се игра,
Тука ќе можеш да се сокриеш и да бидеш,
Сам или во друштво,
На скришно место.
Стави паркови на неколку места,
Како кулен на пица,
Во градскиот сендвич
И симфонијата на неговиот вкус.
Направи град ама да изгледа
Како да постоел отсекогаш.


Превод: Иван Шопов
Слика: Ване Костуранов

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото