„Градот убав“ за Лидија Марковска

15.06.2013 11:07
„Градот убав“ за Лидија Марковска

На вчерашниот протест (14.06.2013) против барокизацијата на Градскиот трговски центар, голем број граѓани се собраа за да го прегрнат еден од најважните објекти во градот, и на тој начин да испратат порака против уништувањето на еден од најважните урбани топоси во Скопје.

Меѓу демонстрантите се наоѓаше и Лидија Марковска, еден од проектантите на ГТЦ, која смета дека не само што е глупаво и бесмислено, туку е невозможно и неизводливо Градскиот трговски центар да се претвори во сосема друга градба.

Од бројните граѓани, меѓу кои и членовите на хорот „Распеани Скопјани“, таа беше поздравена со славната песна „Градот убав“. Во видеото подолу можете да погледнете дел од овој убав и топол момент.

Слични содржини

Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Став
Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото