Затвореници

30.11.2009 11:37
12.jpg

Има еден виц кој, рака на срце, малку е вулгарен, но најубаво ќе го долови она за што сакам да пишувам, па затоа и ќе ви го раскажам.

Имено, во затворска ќелија, постариот и физички мошне посилен затвореник го убедува тукушто дојдениот цимер да си играат „мама и тато“. Новиот затвореник се опира подолго време, но гледа дека, сакал-нејќел, ќе мора да игра. Во тој миг постариот му вели:

- Ајде, ќе те пуштам ти да бидеш тато.
- Ако е така, во ред
- Е па, ајде сега тато да и го испуши на мама.

Зошто темата на којашто сакам да пишувам се решив да ја илустрирам токму со вицов? Да бидам искрен, некако се пронајдов во него. Да бидам уште поискрен, се пронајдов во улогата на зафркнатиот затвореник. И мислам дека имам дебели причини за тоа.

Прво, затворот ме асоцира на изолацијата во којашто се наоѓаме од осамостојувањето. Постариот и физички посилен затвореник е отелотворение на сите оние новокомпонирани бизнисмени и политички мешетари кои ги изнедри транзицијата, на сите оние Бранковци, Љубчовци, Грујовци, Штерјовци, Мијалковци, Велии, Бојовци. Ним, како и на постариот затвореник, средината во која се наоѓаат им е мошне природна и во неа одлично се снаоѓаат. Тоа е средина во која нема правила, во која дрскоста, лукавоста и безобзирноста се главни адути за преживување и стекнување углед и моќ. Повторно, исто како и постариот затвореник, и овие наши цимери од затворот во којшто живееме, се во постојана потрага по нова жртва која ќе ја заиграат за да ги задоволат своите ниски страсти.

И кој друг би бил жртвата ако не новиот и наивен затвореник, кој не е премачкан со доволно бои за да ја прозре играта што му се мести. Тој наивен затвореник сме сите ние кои постојано биваме вовлечени во играта, иако се гнасиме и од самата игра и луѓето што ни ја потураат. Отпорот кој сме спремни да го покажеме е речиси безначаен бидејќи стариот искусен силеџија познава многу тактики како да го скрши – негогаш со итрина, некогаш со уцена, негогаш со закана, некогаш со понуда која не се одбива. И во мигот кога, како и наивниот затвореник, впрочем, ќе сфатиме дека нема сакам-нејќам, ставени сме пред уште една лукавост која треба да направи сосема да и се препуштиме на играта. Ни се нуди, навидум, некаков избор и ние со обете раце го прифаќаме како мелем за совеста, тешејќи се дека, кога веќе мораме да играме, барем можеме сами да ја избереме улогата, и тоа онаа помалку понижувачката.

А кога блудната игра конечно ќе започне, ќе сфатиме дека, без разлика што ни била ветена улогата на „тато“, на крајот сепак ние ќе бидеме, да простите, ебаната страна. Затоа, додека сме во затворов, јас повеќе никому не можам да верувам кога ми нуди јас да бидам „тато“, да бидам Македонија, да бидам Европа, да бидам Отпорот, да бидам Гласот на разумот. Костимот кој го подготвиле за мене нека им го подарат на своите затворски курви и со нив нека ги играат своите перверзни игри.

Слики: Ronald Ophuis

Имено. Туку само едно

Имено. Туку само едно дополнение - понуда што НАВИДУМ не се одбива...

Затвореници

Можеби требаше да го празнуваме 10 Декември ДОСТОИНСТВЕНО
 

ОкоБоли главаВицФото