Подвижен џбун за шпионирање

03.08.2010 15:04
Подвижен џбун за шпионирање

„Од самото настанување на човекот, човечкиот вид има несопирлива потреба за истражување, исцртување на нови патишта, откривање нови земји, и наоѓање одговори на бројните прашања за нас и нашиот универзум“ – НАСА.

Младиот американски уметник Џастин Шал, поттикнат од горенаведеното мото на НАСА и идните експедиции во кои оваа организација, како што нагласува самиот тој, ќе ја „колонизира“ месечината, ни го претставува својот уметнички проект „Земјански џбун за скитници“. Неговата направа со мимикриски карактеристики служи за понатамошно изучување на општествениот поредок и животот на планетата Земја.

Станува збор за подвижен елемент, обложен со лисја, кој се движи преку соларната енергија. Освен што, поставен во соодветната околина, е сосем незабележлив, во овој земјански џбун во кој, се разбира, може да собере човек, поставени се низа монитори на кои корисникот ги следи настаните од околината.

Повеќе за овој проект можете да најдете овде, а во продолжение, погледнете го видеото.

ОкоБоли главаВицФото