Победници на Светските награди за илустрација за 2023

30.10.23 12:58

Барате визуелна инспирација? Или само се прашувате каков вид на комерцијална уметност може да освои награди во овие времиња? Пренесуваме илустрации од победниците во различни категории на овогодинешните светски награди за илустрација, кои неодамна ги објави AOI (Асоцијација на илустратори), во партнерство со Директориумот за илустрација.

Победничка во категоријата Професионално уредништво: „Третман со кетамин” од Александрија Хол

Светските награди за илустрација, кои се одржуваат веќе 45 години, претставуваат едногодишно славење и прикажување на илустрацијата, што ги обединува креативците, индустријата, нарачателите и уметничките директори да ја прослават уметноста на одличната илустрација.

Победничка во категоријата Професионални корици на книги: Корица на книгата „Фантазма” од Паулиина Мекела

Овие победници беа избрани од независно жири од потесниот круг од 200 проекти, извлечени од повеќе од 5.000 пријавени од 84 земји, и објавени на онлајн церемонија презентирана од реномираната илустраторка Лорен Чајлд и голе, број специјални гости презентери.

Победничка во категоријата за Професионално рекламирање: Фондација Лејди Гарден: „Give Your Fanny Five” од Хариет Нобл

„Овогодинешните учесници покажаа извонредно ниво на креативност и вештина, правејќи го потесниот избор предизвикувачка задача“, вели Рејчел Хил, извршен директор на AOI. „Нашите победници од 2023 година навистина ги совладаа своите занаети, вешто искористувајќи ја илустрацијата за истражување на наративи, предизвикување емоции и изразување комплексни идеи. Горди сме што ги препознаваме и наградуваме овие уметници за нивниот важен придонес во индустријата за илустрации, направени од сите страни на светот“.

Професионален генерален победник: Дело на Орит Бергман и Анат Варшавски

Светските награди за илустрација 2023 се поддржани од Huion, Procreate, Rebelle (Escape Motions), Society of Artists Agents (SAA) и Лондонскиот саем на книга. Постојат десет категории на награди, вклучувајќи Рекламирање, Анимација, Корици на книги, Детско издавање и дизајн, Производ и пакување, Уредување, Истражување, Издаваштво, Наука и Технологија и Специфична локација.

Победник во категоријата за Професионално издаваштво: „Што се случува во собата” од Beyapanicha

Повикот за пријавување на конкурсот трае од декември до февруари секоја година на доделување. Долг список од 500 проекти и скратен список од 200 проекти се објавени онлајн, избрани од над 5000 пријавени од 84 земји.

Победничка во категоријата за Професионална наука и технологија: „Итна потреба да се подобри здравствената еднаквост” од Кјара Верчеси

Нов талент победник во категоријата за истражување: „Во шумата” на Хермиона 

Генерален нов талент победник: „Донеси го!” на Став Асис

Нов талент во категоријата за рекламирање: Серија постери за летната градина на Бау од Ева Вунш

Нов талент во категоријата Корици на книги (спонзориран од Лондонскиот саем на книга): „Алиса во земјата на чудата” од Катја Татаринова

Победник во категоријата за Професионално издаваштво за деца: „Љубов, тоа е убаво” од Овен Гент

Нов талент победник во уредувачката категорија на (спонзориран од Procreate): „Мојата 2022 година од засолништето” од Катерина Савчук

Нов талент победник во категоријата за издаваштво за деца: „Џино” на Симона Маса

Победник во категоријата за професионален дизајн, производи и пакување: „Што значи да се биде козак” на Јулија Чередниченко

Нов талент победник во категоријата за Издаваштво(спонзорирано од Rebelle): „Фестивал на занаетчиство” од бамбус од Винси Кунг

Победник во категоријата за професионално истражување: „Гувернантата” од Тревин Вајант

Нов талент победник во категоријата наука и технологија за нови таленти: „Додека спијам со мојата алергија” од Вестон Веи

Победничка во категоријата за професионална анимација (спонзориран од Хуион): „Јас и јас” од Чиу Линг Чен

Извор: https://www.creativeboom.com

ОкоБоли главаВицФото