„Клинци” 2 – младинско книжевно читање и изложба

28.02.2024 09:55
Клинци 2 – младинско книжевно читање и изложба

„Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат „Порано младите беа подобри... ”
Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен „Клинци”. Секое издание ве запознаваме со четворица млади автори кои штотуку влегуваат во книжевната сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба! Ве очекуваме сите млади, но и повозрасни, клинци и неклинци – повелете” - велат организаторите на младинскиот книжевен настан.

Второто издание ќе се одржи во Europe House во Скопје, на 1. март со почеток во 20 часот.

Овојпат на „Клинци” ќе читаат:

Викторија Ангеловска

Драгана Стојадиновска

Дамјан Златановски

Софија Тодороска

Своја изложба ќе има Бојан Звездаковски

Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.

ОкоБоли главаВицФото