Како да се тргнат спомениците од центарот на Скопје со примена на важечките закони

23.04.2013 09:06
Како да се тргнат спомениците од центарот на Скопје со примена на важечките закони

Деновиве се изнаслушав приказни зошто не може да се тргнат спомениците изградени/поставени во општина Центар. Слушнав за невладини организации кои ќе ги бранат, за крв која ќе паднела и слично.

Всушност, постапката воопшто не е сложена и е многу законска.

1. Во Законот за меморијалните споменици и спомен обележја (Службен весник на Република Македонија бр. 66/2004 г.) е дадена дефиниција на меморијален споменик и спомен обележје и кој може да го подигне. Според членот 3 „Меморијални споменици, во смисла на овој закон, се поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата, скулптурата, сликарството и применетата уметност со историски и уметнички содржини и вредности што се подигаат за трајно зачувување на споменот на настаните и личностите од членот 2 на овој закон, а кои се од исклучително значење за Република Македонија (во натамошниот текст: меморијален споменик). Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државноправен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата.“

Акцентот е ставен на исклучителното значење и на државноправниот континуитет. Ова е првиот филтер во одредувањето на законитоста на поставените споменици.

Според членот 4 „Спомен-обележја, во смисла на овој закон, се бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и личности од членот 2 на овој закон или од народната традиција, кои се од локално значење (во натамошниот текст: спомен- обележје).“

Акцентот е ставен на локалното значење. Ова е вториот филтер за одредување на законитоста на поставените споменици.

2. Во истиот закон е точно определено кој може да гради каков споменик.

Според членот 5 „Меморијален споменик може да подигне Собранието на Република Македонија“. „Спомен обележје може да подигаат општините, градот Скопје и општините во градот Скопје.“

Ова е третиот филтер за одредување на законитоста на поставените споменици.

3. Според членот 24 од истиот Закон „На подигањето на меморијален споменик и спомен-обележје се применуваат прописите за изградба на инвестициони објекти и прописите за просторно и урбанистичко планирање.“

Ова е четвртиот филтер за одредување на законитоста на поставените споменици.

Во 2009 година под заведен под број : 07-11-409/2 е пречистениот текст на Програмата на општина Центар за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја (претседател на комисијата за статут и прописи Владимир Бахчовановски).

Во Програмата се вели:

Програмата е објавена во Службен гласник на Општина Центар бр.4 од 29.04.2009 г.

Програмата е спротивна на Законот за меморијални споменици и спомен обележја заради тоа што ниту една од личностите спомнати во програмата не е на никаков начин поврзан со општина Центар и нема локално значење. Тоа го знаеле сите оние кои гласале за неа, со оглед на тоа дека Програмата се повикува на Законот.

Според член 50 од Законот за локална самоуправа: надлежност на градоначалникот е да ја контролира законитоста на прописите на советот.

Според член 51 од Законот за локална самоуправа: Ако градоначалникот смета дека прописот на советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од седум дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото објавување, со кое ќе ги образложи причините за запирањето.

Според член 70 од Законот за локална самоуправа: Надзор над законитоста на прописите на општината врши министерството надлежно за вршење на работите на локалната самоуправа.

Контрола на материјалното и финансиското работење на општината врши Министерството за финансии.

Ова значи дека:

-новиот градоначалник треба веднаш да ја преиспита законитоста на Програмата

-доколку се утврди прекршување на законот да се поведе кривична постапка против претседателот на советот, градоначалникот, министерот за локална самоуправа и министерот за финансии за злоупотреба на службената должност со барање за враќање на сите средства кои се противзаконски потрошени

-да започне постапка за отстранување на спомениците со тоа што трошоците ќе паднат на сметка на прекршителите на законот, а никако не на граѓаните на општина Центар.

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk

Слични содржини

Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото