Кахера, египетска суперхероина во борба против неправдата

12.09.2013 09:14
Кахера, египетска суперхероина во борба против неправдата

Кахера е суперхероина зад која стои египетската уметница Дина, а која се бори против мизогинијата во египетското општество, но и исламофобијата со која Западот ги гледа жените во исламските земји.

Покриена од глава до пети, Кахера патролира низ египетските јавни простори и се бори против угнетувањето на жените во семејството и вознемирувањето на улица.

По падот на претседателот Хосни Мубарак, во Египет зачестија сексуалните напади, особено на плоштадот Тахрир кој е центар на постојана политичка активност во Каиро. Само за време на протестот кој започна на 30 јуни и траеше една недела се пријавени 150 сексуални напади.

Порастот на бројот на сексуални напади доведе и до зголемување на бројот на храбри и креативни иницијативи кои имаат цел да го спречат таквиот вид напади. Еден од нив е и проектот Graffiti Harimi, кој ги користи графитите за да предупреди на сексуалното насилство, а групите како Тahrir Bodyguard, HarassMap и Op Anti-SH ги документираат нападите и настојуваат да ги заштитат жените за време на политичките протести.

Подолу може да погледнете неколку стрип табли на кои хероината Qahera го има главниот збор во заштитата на жените.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото