Не откажувајте се од борбата!

15.07.2016 10:11
Не откажувајте се од борбата!

Кога дојдов вчера, најтешко ми беше да си го гушнам и бакнам детето.

Не можев да заспијам цела вечер. Имав чувство дека немам сон, дека немам зошто да сонувам. Кога дојдов дома, ми рече: Мамо, откажи се и ти па од Груевски. Како да му објаснам на дете од шест години дека токму поради неа не можам да се откажам. Како?! Како да ѝ објаснам дека само неа ја имам на овој свет, а таа само мене и нема никогаш да си простам ако замине и ако ја гледам само на Скајп.

Кога видов како крволочно напаѓаат полицајците, како монструмски се нафрлуваат врз нас, недолжниот народ, само за момент помислив што ќе прави моето дете ако мене нешто ми се случеше. Таа само мене ме има.

Затоа, пријатели, немојте никогаш да се откажувате од оваа борба. Нашите деца дошле без да сакаат на овој свет. Ние сме ги бирале нив како деца, тие не нас како родители.

Се сеќавам на моето детство. Баба ми покојна земаше 5.900 денари пензија. Најслатка ми беше таа стотка од (денар) кога ќе дојдеше поштарот и баба ми ќе ми ја залепеше на чело како на певаљка. Следниот ден одевме на ќебапи во чаршија. До ден-денеска го чувствувам тој мирис. Секоја година со тие пари се снабдуваше со огревно дрво, а секој Св. Ѓорѓија правеше куќна слава. Тоа беше најубавата софра. Да беше жива баба ми, ќе земаше 11.000 денари плата. Сигурна сум дека немаше да преживее. Сè уште ја чувам сметката за струја која изнесуваше 800 денари.

Јас имав прекрасно детство. Тоа не можам да ѝ го пружам на мојата ќерка.

Се колнам дека ќе го вложам максимумот во оваа борба, па макар да е тоа легната на земја, шутирана со најголеми последици. Но споменот на убавото живеење ќе се врати во оваа преубава земја.

Во спротивно, мене тука повеќе ништо не ме врзува. Имам чичко во Шведска. Имам шанса да заминам кога ќе посакам. Останувам тука за да се изборам за подобро утре. Ако тоа утре, не биде денес, во скоро време, нема зошто да останам тука, да водам живот на преживување. Со леснотија го искинаа македонското знаме, врз кое положуваат заклетва, со уште поголема ќе нè искинат нас.

Господ нека ни е на помош и да истраеме.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: ШкАрт

ОкоБоли главаВицФото