Резултати од првиот дел на конкурсот за куси-куси раскази

06.08.2010 13:39
Резултати од првиот дел на конкурсот за куси-куси раскази

По двомесечното прибирање, разгледување и препрочитување на расказите што ни ги испраќавте, редакцијата на Окно го донесе следниот заклучок – конкурсот беше успешен бидејќи неколку автори, по квалитетот на своите дела, се издвоија од останатите.

Најпрвин, да кажеме нешто накратко за пристигнатите раскази. Кај еден дел од нив, во голема мера беше забележлива „незрелоста“ на авторите (со наша претпоставка дека се работи за млади лица), како и недостатокот на исполнување на основните правописни стандарди, што значително влијаеше на стеснувањето на кругот на потенцијалните победници. Исто така, еден дел од расказите не влегоа во конкуренција бидејќи ја надминуваа дозволената граница од максимум 1200 знаци (иако редакцијата, со цел промоција и претставување на што е можно повеќе автори, беше толерантна, па ги објавуваше оние раскази кои ја надминуваа границата за десетина-дваесет знаци). Сепак, се работеше за голема конкуренција, бидејќи во потесниот круг влегоа дваесетина куси-куси раскази. И затоа, бидејќи една од намерите на овој конкурс беше и охрабрувањето на младите автори, покрај редовните награди за прво, второ и трето место, решивме да доделиме и неколку специјални награди (по две книги од издавачката куќа Темплум) на авторите за кои сметавме дека заслужија на некој начин да бидат издвоени поради квалитетот на своите раскази. Исто така, на крајот од овој прилог ќе ви претставиме неколку раскази за кои сметавме дека заслужија да бидат пофалени и повторно објавени.

Редакцијата на Окно за победник на првиот дел од Конкурсот за куси-куси раскази ја прогласи Николина Нолевска со расказот „Демони и луѓе“.

Нолевска на еден успешен начин, преку употреба на фантастични елементи и поетика, во стилот на големите автори како Буцати, Борхес, Урошевиќ и други, гради една мрачна и загадочна атмосфера, раскажувајќи ни за вечната борба меѓу демоните и луѓето. Нејзиниот расказ ја продолжува старо-новата традиција на фантастиката во нашата книжевност и претставува едно кусо и вкусно прозно парче кое се проголтува во еден залак.

Николина Нолевска - 1 место

Демони и луѓе

Нè опседнуваа секојдневно. Нивните сенки лазеа по ѕидовите и раѓаа немир во душата. Раскажуваа приказни за времињата кои поминале и во кои добро се живеело. Кога зборуваа за иднината, нивните зборови пленуваа, ама во очите им светеше желбата за славољубие. Нивните зборови коваа околу нас оклоп од соништа, а ние се предававме жедни за нов сон. Ветувањата ни ги заробија мислите и нашите мозоци станаа лигава течност. Ги окупиравме улиците во потрага по нивните сенки. Барем уште еднаш да ги слушнеме нивните медни зборови.
Наместо средба, откривме дека тие се вселиле во нашите куќи и потсмешливо нè набљудуваат зад стаклата на прозорците. Сега ние скитавме по улиците и залудно тропавме по нашите врати – никој не отвораше. Скриени во изобилството, тие пируваа над нашите души, како над трофеи, по добиена битка. Гледавме како пред нашите очи, напуштените луѓе се претвораат во сенки, а сенките, кои некогаш лазеа по ѕидовите и по нашите тела, добиваат човечки облик. Тоа беше игра без милост, без почеток и крај. Демоните ловеа луѓе, а луѓето ловеа демони.

Конците беа во рацете на Големиот Играч. Само тој ја знаеше смислата и целта на оваа претстава.

Второто место му припадна на авторот кој го објави расказот „Еманципатернализам“ под псевдонимот Пропагандимитар.

Пропагандимитар, преку луцидната игра со зборови и силната смисла за хумор и пародија, ни ја опишува стварноста во која живееме и во која, живеејќи, (по)лудуваме. Овој расказ, при читањето, врз читателот делува како шла(п)каница која се појавува од никаде и која освестува (ка)ко ко(ка)феин.

Пропагандимитар – 2 место

Еманципатернализам

Цивилизиранети глумираме под културнатините, цела човечност. Надежурствата по симболниците се задолжителни, додека неучниот круг се врти околу грешението за стравенката со многу грипознати. Насерението симболедува од идентитетанус, но владее заблудило дека станува збор за обична навистинка. На пазарот се нудат заразлични вакцени, а задолжителите на државата се амбалажат со крадити по заебанките и се законвертираат по именувачниците. Зборобени мора да гнетеме културлитава збогатена со свестроген и текстостерон – синтетички произведени хормони во постројките на „Заводот за дразум и свестетика“. Благодарение на пародиетата се добива очувство дека уште може да се глупостои во потрошувачкото ропштество. Кај некои прдизвикува толку силен нагон за преговорништво во гроблик на самољубиство, па НАТОварени со европство се лансираат на газен погон во сератмосферата, како писателити на јавнатото мислење. Од височините тие топло препорачуваат ЕУтаназија со помош на транзицијанид.

Третото место се решивме да му го доделиме на Иван Шопов за неговиот расказ „Приказни“.

Шопов со овој расказ горе-долу се наоѓа на слична линија со првонаградениот, градејќи една загадочно-мрачно-хумористична атмосфера во приказната за едно обично глувче кое (наводно) ги тероризира жителите на населбата од некој град, која потсетува на оние приказни што и самите ние ги измислувавме додека бевме деца.

Иван Шопов - 3 место

Приказни

Навечер во мојата населба соседите се собираат во дворовите и на клупите во парковите. Раскажуваат страшни приказни за опасен стаорец што во најмирните ноќни часови тајно ја напаѓа населбата. Велат дека има челични заби и сребрени боцки на грбот како еж. Велат дека навечер со факел во устата предводи глутница мачки со вжарено накострешено крзно и заедно подметнуваат пожари. Велат дека има трозабец на опашката и со неа става отров во зимниците што луѓето ги чуваат во визбите. Велат дека е голем колку куче, но успева да се провлече незабележан затоа што не прави никаков шум. Велат дека има смарагдни очи и може да ослепи некого со поглед, само ако посака.

И јас често присуствувам на таквите собири. Уживам слушајќи ги страшните приказни, вешто сплетени од моите соседи. Не кажувам дека страшниот стаорец всушност е обично, мало, беспомошно глувче, фатено во стапицата во мојот подрум. Зошто да се лишам од толку убави приказни?

Специјална награда решивме да им доделиме на следниве раскази:

Саатот (автор: Лидија Митоска )

Постојано го слушав.
Ми тропаше.
Ми ги броеше секундите.
Посебно ноќе.
Многу гласно.
Не можев да спијам.

Сношти го зедов, излегов, отидов до контејнерите, отворив, го фрлив внатре, го треснав силно, затворив, заминав, таму нека брои, секунди, саати, што сака, не знам, нека брои, јас се ослободив од саатот, од времето, и си отидов, и спиев!

И го сонував:
Броеше.

Осаменост (автор: Сонувачот)

Јас сум една споредна уличка.

Сите велат дека ја знаат и им е прирасната за срце, но ретко кој ја посетува.

Талент (автор: Ѓоко Бушавиот)

Си беше еден човек што сето време зборуваше како еден ден ќе напише големи дела што сите ќе ги читаат. Зборуваше како се подготвува и го чека своето време.

Само за тоа зборуваше.

Сè до вчера.

Кога ненадејно почина.

Човечка школка (автор: Андријана Андова)

Уште како малечок беше болно срамежлив. Кога го соблекуваа за бањање, телото му се вцрвенуваше како лименка "кока кола". Мајка му мислеше дека страда од некоја кожна болест, но додека беше во својата соба му се враќаше стариот млечен тен. Освен под прекривачите во својот кревет, не постоеше ниту едно место каде што се чуствуваше сигурен. Се покриваше и кога температурата беше над 40 степени. Пот му капеше од секое делче на телото, чаршафите стануваат мокри, но никој не го забележуваше. На првиот училиштен час се измоча во гаќи кога учителката му го прочита името - срам му беше да каже "тука". Седеше на столчето додека не си отидоа сите, а мочката му капеше од ногавиците на фармерките. Осум години не зборуваше, враќаше само кога ќе му се обратат со поглед вперен во земја. Го запишаа во средното поштенско училиште. Никој не се надеваше дека ќе го заврши. "Глупав е", велеше баба му. Му излезе и првата акна, а за една година му го покрија целото лице. Почна да носи и дебели очила. Изгледот го одвојуваше од другите. За да се стопи во толпата често ги вадеше очилата, па и тој ден кога го удри жолтото пежо. Не стана од асфалтот и никој не дозна дека Иван имаше добра смисла за хумор.

Чистотница (автор: Габриела Стојаноска-Станоеска)

Кога умре за неа рекоа: Беше прекрасна домаќинка. Многу чиста жена!
А ретко кој знаеше дека секогаш кога имаше можност никој да не ја види, кваките ги отвораше со измолкнатата блуза на дланките место ракавици; мочаше речиси како маж во полуисправена положба без допир со тоалетната школка, а кога сепак мораше да се задржи подолго на истото место, прво ја редеше со дебел слој хартија, па седнуваше на неа. Плаќаше највисока сметка за вода во цела населба и најмногу пари трошеше на кремови за раце со милк енд хани за многу сува кожа. Не користеше леѓен за миење на интимните делови. Признаваше само комплетно туширање. Никогаш во нејзината долгогодишна сексуална револуција, ама ниту еднаш, не и се случило да води љубов без претходно да се светне целосно. Имаше една паста за заби во бањата и една на фиоката до креветот со чаша вода, а под перница чуваше најлути бонбони со вкус на ментол. Пред спиење практикуваше јога за ментална хигиена, ама никој, дури ни нејзиниот маж, дури ни нејзиниот духовен отец кај кого се исповедаше после секои пости, ама баш никој од овој свет не дозна дека никако не успеа да ја испере желбата да проба валкан анален секс. И во гробот се сврти помешечки.

Работа (автор: Каролина Давчевска)

Некаде на полноќ, на половина пат од нашето чистење, стигнав до најсмрдливиот тоалет во кој сум влегол до сега (мирисаше преку маската). Почнав да ја прскам со вода внатрешноста, кога тоалетот се заглави. Некоја метална кутија го блокираше излезот на сите фекалии. Со помош на колегите го превртевме тоалетот за да излезе кутијата. Ја измивме со вода и на неа стоеше гравирано: За Стојна Серачкова. Колешката Стојна се појави од задните редови и ја зеде кутијата заклучена со катанче. Сите престанаа со чистењето, ужасен мирис ја наполни просторијата (тоа веројатно дека во изненадување ги извадивме маските). Стојна го раскопча измачканиот комблизон и од меѓу градите извади клуч обесен на синџирче. Го отклучи катанчето и драмски (со мала триесет секундна пауза) го отвори капакот. Во кутијата имаше порака: Врати ми ја младоста. Стојна беше силна жена. Мислев дека вечерва ќе се скрши пред кутичето. Најдостоинствено (колку што може да се биде во просторија полна со гомна), се исправи го пикна кутичето во џеб. Ја стави маската и продолжи да ги прска со вода полните тоалети. Завршивме за еден час и стигнавме дома во четири часот наутро.
Седнав да си проверам пошта и да видам што има на фејсбук. Стојна сменила статус во комплицирано е.

За горенаведените раскази можеме да кажеме дека ја оправдаа целта на конкурсот, а бидејќи веќе се одлучивме за првите три места, моравме на некој начин да ги истакнеме како одлични примери за тоа како треба да изгледа еден квалитетен кус расказ. „Осаменост“ и „Талент“ претставуваат најдобрите минијатури досега пристигнати на конкурсот.

Исто така, би сакале да ги пофалиме и следниве раскази (и автори):

Таму каде што си ти (автор: Сузана Ѓорѓиевска)

Сребрено сум и прецизно.
Без предубедувања.
Веднаш голтам сè што ќе здогледам
Такво какво е, незамаглено
Со љубов или одбојност.

Силвија Плат, Огледало

Таму каде што си ти, таму не е розовиот ѕид со флеки, а на ѕидот не сум јас. Знам, таму каде што си ти нема ниту тешки будења во изладена постела, тешки соблекувања на старомодна ноќница, тешки спомени за чудесни расцутувања. Нема тешка црна слушалка, тешка квака, тешки зборови, тешки погледи, свртен грб, соба во која нема кој да ја изгасне светилката. Ја нема сенката на мајка ти на небото со две сонца, го нема облакот на татко ти во твојот прозорец. Знам - јас за тебе бев четириаголно око на еден мал бог, езеро во кое ја најде вистината за себе. Колкупати изрони од мене како страшна риба?!

Бојата на мојот живот (автор:Маријана Јанчевска)

Прамени обоив првпат за мојата полуматура. Имаше солзи. Десетина силно треснати врати. Молби и преколнувања.
Првпат тогаш и лицето го обоив со тага. Детска наивна тага. Она во огледалото не беше она што јас го замислував.
Како средношколка имав вечно несредена фризура. Несреден живот, исто така.
Првите денови во светот на возрасните ги пречекав со рамно исечена коса. Светлокафена. Животот течеше праволиниски. Исто и косата. Завршив факултет.
Почнав да работам. Се обоив црвена. Но, не се чувствував црвено. После погребот на татко ми, се потстрижав кратко.Ептен кратко.Во берберница.
Косата растеше.Со неа и дупката во моето срце. Сакав да пишувам. Зборовите беа длабоко закопани во тагата, а јас бев премногу изморена да ги откопувам.
Стареев. Стареев, а зборовите останаа неродени. Немав ни деца. Купишта бела хартија на масата за пишување. Купишта препарати за коса во бањата. Ништо не помогна.
Умрев, а ниедна боја не ме натера да крикнам од задоволство. Истото важеше и за мажите.
Зборовите уште неродени умреа со мене.
На погребот, косата ми беше високо крената во пунџа. Сивкаста.
Безживотна, како и целиот мој живот.

ТВ-монитор (автор: Давор Стојановски)

Отсекогаш сум се прашувал за што служи наградата.
И што се наградува со неа. На пример, во порно-филмовите.
Постои награда што ја доделува магазинот АВН, и една од тие награди се доделува во категоријата за „најдобар женски изведувач на годината“ во порно-филм.
Значи, се прашувам – дали оваа награда се доделува за најдобра улога? Односно, дали наградата и’ припаѓа на онаа девојка што најдобро одглумила во соодветниот филм за кој е номинирана?
Гледајќи ги очајните напори да изнесат буквално сè од својата уста, освен правилно изговорена реченица, и гледајќи им ја очајната изведба на нивната претпоставена маска во филмот (ликот на медицинска сестра, стјуардеса, професорка), дојдов до заклучок дека несомнено наградуваат нешто друго. Наградата оди за најдобро одглумена љубов.
Поточно, за најдобро одглумен оргазам!
Тогаш, ако наградите имаат смисла, нека и’ ја доделат таа награда на жена ми, зашто од неа нема подобар изведувач на годината во категоријата глумење оргазам. Само, за жал, се нема појавено во ниеден филм.
Освен во мојот – каде што јас сум Дон Жуан, а таа е француска служителка.
Отсекогаш сум се прашувал која е смислата на наградувањето?

Вода (автор: Ну Тела)

Мојата девојка пие само флаширана вода. И тоа поради безброј, како што вели,хемиско-билошки причини: магнезиум, калциум, железо, натриум, калиум.Таа тврди дека може од прва да ја препознае водата на различните производители. Некоја била блуткава, друга тешка, трета киселкаста. Не смеам да се спротивставам, тоа не е мојата област. Јас, пак, скоро секогаш кога ќе се најдам сам, го земам празното шише и го полнам со вода од чешма. Убаво го полнам, скоро фабрички. Го сместувам во фрижидер, исправено. И таа, девојка ми, секогаш кога посега жедна по голтка вода, пие од подметнатото шише. И, да бидам искрен, досега никогаш не ја препознала.Тоа ми создава чудно задоволство и насмевка на лицето. Пред себеси изгледам како мини победник. Убаво е тоа чувство...

Мирис (автор: Каролина Давчевска)

Го сакав летото само заради мирисот на твоите кошули.
Мајка ти ги пере со прашок на Алкалоид и ти им додаваш две капки момчешка пот. Ова лето не ги носиш кошулите. Ги замени со маици на кратки ракави.
Белите миризливи кошули ги замени со портокалови маички кои не мирисаат на портокал, туку на селска мугра во разгазено гумно. Почнав да ја сфаќам суштината на стиховите: Пеј си ти нана нина нанајна...
А златно дете беше, со бели испрани кошули.

Големиот принц (автор: Живко Гроздановски)

Се будам гладен. Одам до Нијагара, се мијам, па одбирам вулкан и си правам скара. Врз пирамидите цедам лимонада, и во неа ставам по две-три санти мраз. Потоа си ги чистам забите со бандери и шини.
По ручек се туширам, во Амазонија. Поради камуфлажа, уринирам во Хоангхо, а другото го правам на Запад. Онанирам на месечина.
На пладне шетам низ паркови: гранките од дрвата ми ги скокоткаат глуждовите и убаво ми е. Ако не, си играм шах. Од разни градови собирам бисти, коњаници и тврдини, па ги редам по широки плоштади. Знам дека нема со кого да играм, но самото редење на тие фигури ме прави среќен. Кога ги враќам фигурите назад, се случува да им ги смешам местата, но тоа никој не го забележува.
Приквечер сум меланхоличен, па си симнувам ѕвезди, или си фаќам комети. Пред легнување сум тажен и тогаш го гледам зајдисонцето.
Потоа си легнувам, секогаш на свежо: во зима спијам врз Сахара, а преку лето врз тундри, или врз глечери.
Следното утро се разбудувам и животот продолжува како и обично...

Пишување (автор: Живко Гроздановски)

На почеток пишував само песни. По стих-два дневно. Татко ми ме гледаше некако сомничаво, но ништо не ми велеше. Еднаш напишав цела песна. Тоа предизвика сериозна расправија во семејството. Со денови ми повторуваа дека тоа што го правам не оди на добро, дека пишувањето го уништува човекот, дека тоа единствено создава илузија дека сè е во ред. Не ги послушав, продолжив да пишувам. Седев затворен во својата соба, читав и скицирав раскази. Победив на конкурс за најдобра песна. Моите дома веднаш дознаа и тоа беше страшно. Мајка ми плачеше во спалната, а татко ми се обидуваше да биде рационален и да ме натера да сфатам дека пишувањето ме оддалечува од другите луѓе, дека потребно е да се работи нешто корисно, за да се живее, а пишувањето е проклета работа. Повторно не бев послушен. Но не можев да престанам, започнав да пишувам и раскази. Мојата девојка ме остави. Започнав да ги губам пријателите, презафатен со пишување, немав никогаш време за никој друг. Моите беа очајни. Еден ден победив на конкурс за најдобар расказ. Татко ми започна да пие. Брат ми престана да ми зборува. Мајка ми не знае кому да се обрати. Јас не знам да престанам со пишување.
Останав сам. Загубив сè. А за некој ден треба да ја објавам својата прва книга.

Уште една... ш (автор: Стела Хубш)

Со затворени очи гледам: ми наидува, тука од десниот агол на видното поле, невеста облечена во (секако) бел невестински фустан, раскошен и со долг тул.
Преку левата рака префрлила куп весници, непревиткани, со големина на Нова Македонија. Потоа се качува на стар, црн велосипед и тргнува удолу по улицата да ги разнесува весниците.
Тоа е долга улица со редица куќички покрај неа, празна, се слева по ритчето. Се е мирно и спокојно. На невестата белиот фустан и’ се движи како што ги врти педалите, а велот позади неа долго се вее по улицата.
Преминува пред моите затворени очи од десно кон лево.

Живот без грешки (автор: Андријана Андова)

Мајка ми ми ја туткаше преполната чаша млеко пред нос и ми велеше: „Пиј добро е за коските“. Набрзина ја голтав течноста од која ми се повраќаше, а потоа со часови ги миев забите за да го тргнам вкусот. Во лето, маичка со кратки ракави облекував дури кон крајот на јуни. „Нежна си, ќе настинеш“, ми велеа, а јас се варев под долгиот џемпер. На крајот престанав да излегувам додека не ми ги извадат летните алишта. Студирав на Правниот факултет – „Тоа е фина, достоинствена професија. Ќе имаш пристоен живот“, ми кажа татко ми. Цртав стрипови, а неколку луѓе ми рекоа и дека сум добра. „Мое дете нема да се занимава со шунд литература“, беше кажано на семејниот состанок. Работев кај татко ми во адвокатската канцеларија за бракоразводни парници. Сакав да се занимавам со кривично право, но „Сите се разведуваат денес. Лесно, чисто. Нема што да се мачиш“. Се земав со Јане, син на пријател на татко ми. Од што беше досаден, половина од времето сакав да го задушам со перница. Со помош на лексилиумот дојдовме до златна свадба. Две деца – машко и женско, викендичка во Дојран (во Охрид премногу е ладна водата), семеен автомобил, обврзници, акции... Сè на сè, не направив ниту една грешка во животот.

Нова година, во стари патики (автор: Д. Краљевски)

Тоа зимско утро на работ на последниот ден од годината, беше единственото во кое заедно се пробудивме во седум часот. Се сеќавам дека беше со некоја посебност, не поради реченицата што ја приметив од книгата на Сартр, ами поради нешто послецијално. „Зимското утринско сонце топло продираше низ прашината на прозорците“ – ја препишав реченицата од книгата и тивко излегов од собата. Ја оставив да поспие, оти водењето љубов може да измори човека. Чувството е премногу слично како она кога сакаш да одмориш малку од спиење, човек може и од спиење да се умори, па и од што уште не...
- Стари патики, нова година, а јас пијана – рече смеејќи се, додека ги врзуваше патиките кои, очигледно, и’ беа мали, но немаше други, а згора на сè, тоа беше новогодишна вечер!
- Тоа ми личи на хаику, не?
- Еј, да, ќе го запаметам.
- Ајде, јас ќе го направам хаику, штом ќе се вратиме – реков и заминавме некаде низ не многу густ, но вкусен чад на барут од петарди.
Никогаш не се вративме заедно. Не дека не можевме, туку изгубивме потреба за тоа.

Панда (Марјан Алчевски)

Срцка вика дека се вика Панда, а јас и Дени и викаме да не сере зашто панда е име на мечка од Јапан и дур не видиме лична ние ќе ја викаме Срцка.
Утредента Срцка ќе заврши во болница, а Дени и јас нема да се чуеме и нема да искочиме никад више. Сè заради ласерот.
Пред Мусандра батката вика дека нема братучеди од Чаир и нека чекаме ко сите други. После пола саат сакам да си идеме ама Дени има пари за такси и не идеме нигде дур не го видиме ласерот. Срцка искача од Мусандра и прашува дали сме со кола. Дрпнала пола шише Мараскино од шанк па ако сакаме да и правиме друштво. Дени вика не сме ама као да сме.
Кај неа дома испаѓа дека Мараскино е срање од вишни и дека Срцка го дигнала и ласерот. Дени се курчи дека знае да го спои на „обична“ струја. Таман пред да се раздени Дени го пали ласерот и мафта, Срцка вриска и се смее, а мене ми се повраќа од вишните. Не и’ го дава на Срцка туку и’ светка во лицето и целата е зелена.
Две минути после тоа Срцка урла дека е слепа и дека боли, кине и да викаме некој. Дени врти 94. Јас стојам со личната и Дени ми вика дека од брза помош бараат адреса. Срцка вришти и плаче. Дени урла да му ја прочитам адресата. Дени, викам, стварно се вика Панда.

Проштално писмо (автор: Lizard Queen)

Никогаш веќе нема да го видам залезот на сонцето. Ха-ха-ха, како тоа да е важно, како да сум уживала некогаш во неговиот залез.
Никогаш веќе нема да се напијам утринско кафе. Како да е тоа важно, како да сум го пиела некогаш без да ми влезе во грбот.
Никогаш веќе нама да ги видам моите најблиски, ни тие мене... Ма, ние не се гледавме ни до сега како што треба.
Никогаш повеќе нема да се бакнам. Уф, ова треба да боли, ама не, ни за тоа не ми е грижа.
Никогаш веќе нема да склопам познанство, пријателство. И да не треба тоа да ме загрижува кога знам дека никој никогаш не ме запознал вистински? Си знам јас од искуство дека тоа е невозможно.
Единствено ми е криво што никогаш повеќе нема да имам можност да уживам во сопственото самоубиство.
_____________________________________________________________

За секакви информации во врска со конкурсот и подигањето на наградите можете да ни пишете на kuskusraskaz@yahoo.com или да ни се јавите на тел. број 3245-726 (понеделник-петок од 10:00 до 15:30 часот).

Од Вас и понатаму очекуваме да ни испраќате раскази, како и да учествувате со Ваши конструктивни коментари, предлози, забелешки и сл. Конкурсот продолжува со својот втор дел, а најновите пристигнати раскази ќе бидат објавени во понеделник.

Cestitki do pobednicite i do

Cestitki do pobednicite i do site spomenati kako otskoknuvaci od prosecnoto.

Честитки,и продолжете со

Честитки,и продолжете со пишување,за конкурсов,за награди(или не)а најповеќе-за себеси!

"Pozdravi i cestitki" do site

"Pozdravi i cestitki" do site sto zedovme nagradi, do site sto ne pofalija, do site sto ne ne spomnaa, vazno e deka ucestuvame znaci pisuvame znaci postoime. Vidovme kako glasase zirito, ubav izbor, malku imam vpecatok deka se preferira eden vkus- fantasticnata linija, nasprema "noviot realizam", zasto dva od trite se takvi, ama ne velam ne, moze sum greska, moze e cista slucajnost. A sega bi bilo dobro da go slusneme i glasot na publikata.  Pocnuvam jas, normalno izzemajki se sebesi):  Moite tri glasa odat za: prvo mesto za  "Tenis" ili "Prokletiot jas raskazuvac" na Goko Busaviot, vtoro mesto za "Zivot bez greska" ili "Covecka skolka" na Andrijana Andova i treto mesto (ovojpat tuka sme zo zirito) za "Emancipaternalizam" od Propagandimitar. Bravo za site! Bravo za konkursot!

Им честитам на сите

Им честитам на сите горенаведени , наградени и пофалени и наградени од страна на комисијата.
Од разбирливо оправдани прични, сите раскази ги исчитав по завршувањето на конкурсот и ме радува фактот што барем три од мојот избор се најдоа на листата на пофалени.
Им Благодарам на оние кои во коменатри за  куси-кусите раскази од Ц.Р.Колева ги ставиле во позитивна конотација, исто Благодарам и на оние кои не ги ставиле :)
Понекогаш пишувањето има смисла, понекогаш нема, зашто се прашувам дали тоа светот може да го смени на подобро. Поради тоа запрашување продложуваме.
Поздрав и ајде малку да лебдиме!

ova

Vo ramikite na gore spomenatoto lebdenje da si kazam deka moi favoriti bea Davor Stojanovski, Gjoko Bushaviot i Ivan Shopov so celokupniot im niven opus. No, se slozuvam i so gore navedenata selekcija bidejki smetam deka go pokazuva najdobroto od prisignatite trudovi.
Pozz

Им честитам на сите што

Им честитам на сите што учествуваа во првиот дел на конкурсов. Им честитам на наградените и пофалените меѓу кои се најде и моето име. На редакцијата `и благодарам за признанието и за едно ново чувство дека и денес може да се доживее задоволството да се учествува во КОНКУРС потпирајќи се само врз нешто што претставува сопствена сатисфакција: љубовта кон пишаниот збор!!Или поточно,  како таа љубов да се преточи во сопствен збор и да допре до Другиот! Умешноста за изразување на љубовта е само прашање за начинот на канализирање на фреквенцијата на која вибрира внатрешноста на авторот или на читателот. Првиот испраќа на свој начин обликуван дел од својот внатрешен свет, а читателот го вклопува или не тој исечок во сопствениот свет. Во светот на зборовите секој може да си најде сопствено катче. Пишувајте и верувајте, зашто ова е навистина еден од денес ретките ВИСТИНСКИ КОНКУРСИ!

Честитки до сите! Мислам дека

Честитки до сите! Мислам дека денес уметноста скршнува по патот на политиката, што сосема не е во ред. Уметност не може да биде расказ политички настроен, за тоа постојат колумни и репортажи наменети за пропагирање. Овој конкурс треба да биде наменет за бирање на расказ напишан со емоции, а не под влијание на политиката и сегашната состојба во државата. Реалноста сите ја знаеме и нека си остане таму за во весниците и вестите, а не за места наменети за уметници.

Имав многу фаворити од кои

Имав многу фаворити од кои никој не доби ништо, ниту го пофалија, а оние едноставните кои може секој да ги напише набрзинка, добија награда.. Расказ ли е тоа таму од само две реченици(„осаменост“)? Мислам, немам ништо против сите пишувачи тука, луѓето е потребно да се изразуваат во сите бои, но кога се извлекува антологија од тоа, треба да е навистина полно со импресии и за почит. Освен тоа, за второво место ви е навистина најбизарна одлуката. Политичко изразување на автор, не е расказ, туку е колумна, не знам дали комисијата воопшто има познавање од уметничка литература, и која е всушност комисијата?
 
Навистина, дали нешто не е во ред со мојот вкус или комисијата е некој рандом автомат, ќе остане да виси како извесно прашање.. А јас во меѓувреме ќе останам сигурен дека ова ми е прво (навистина прво) учество во некој конкурс и воедно последно.
 
Поздрав до сите и честитки за наградите. Радоста за заработена награда вреди многу повеќе од двете книги од темплум, секоја чест за иницијативата.

"А јас во меѓувреме ќе

"А јас во меѓувреме ќе останам сигурен дека ова ми е прво (навистина прво) учество во некој конкурс и воедно последно."
Tocno.

Секако, не продолжив со

Секако, не продолжив со учество во конкурсов и тоа воопшто не е поради причина со скриена намера или лично повредени чувства, туку цврст и чист аргумент на кој јас самиот му верувам. И го изкажав овде: 
http://mk-blogeri.blog.mk/2010/08/10/konkursot-na-okno-mk-fail/
 
Ако те интересира прочитај, и ќе дознаеш дека е премногу ниско за несвесно да се учествува во оваа политичка пропаганда.

Od odredeni komentari (kako

Od odredeni komentari (kako onoj na Kraljevski) se gleda deka nekoi lugje nemaat poim sto e knizevnosta, i sto se moze da bide taa... Da se kaze za raskazot na Propagandimitar deka e samo politicki (iako zasega del od taa oblast) e vrv na nepismenosta i amaterizmot. Podobro i da ne ucestuvaat polupismeni lugje na eden konkurs koj, barem mene, mi pruzi uzivanje kako na vistinski citatel. Verojatno nesto ne e v red so tvojot vkus, momce (ili devojce, seedno)!

Види Дијамант ако некој мисли

Види Дијамант ако некој мисли различно и критикува некој наведен текст тоа не подразбира веднаш да се вклучуваат лични навреди против оној што коментира (тоа е оправдано за некултурните или некои што читаат насилна твитер литература). Ти си дијамант-најсовршениот алотроп на јагленот, жените те сакаат мажите исто-заради жените, не наликувај на графит поѓаволите!Поим е исказ за содржината на нешто. Секој може да го научи тој исказ, но ретко кој може да ја живее таа содржина бидејќи литературата го досовршува светот-не го растура истото е и за личноста. Ако имаш нешто против неговото против-со аргумент, не со навреда Дијамант.

Уметноста не може да скршне

Уметноста не може да скршне кон политиката. Барем не во онаа директна памфлетистичка форма. Во оној момент кога ќе се обиде да го стори тоа - со намера, или не - престанува да постои како таква.  :)
 
Она на што го гледаме тука делува сосема природно ако земеме во предвид дека станува збор за строго политчки медиум со идеја и умисла да ја дроби младата интелектуала и во најмала мера да создаде а(нти)патија и конфузија - кон власта и пред се’ кон себеси. 
 
Жал ми е за сето ова, но од овие избрани дваесетмина нема повеќе од неколкумина млади писатели кои (ќе) вредат нешто - сега или некогаш.
 
Пропагандимитар не е меѓу тие неколкумина. Дури ме фаќа и жал што го лажат „малиот“ дека „Еманципатернализам“ навистина нешто значи во светот на неколумнистичката литература. Всушност не знам ни дали постои Пропагандимитар или станува збор за некоја експериментална опција на GoogleWrit - избери тема, притисни копче и имаш расказ/песна.
 
„Еманципатернализам“ е гола математика, не е уметност. Не се’ што е навидум ново (а не е) е добро. Напротив! Најверојатно и интересот за неговата колумна некој ќе го протолкува како доказ за навидум невосприемена уметничка вредност и моќ на провокација, но за тоа можеби некогаш подоцна.  :)

Dverski sakam da te zapoznaam

Dverski sakam da te zapoznaam :)

100 денари.  :)

100 денари.  :)

Ја имаш и мојата согласност,

Ја имаш и мојата согласност, Дверски.

Ne, raskazot na

Ne, raskazot na Propagandimitar ne e glavno politicki, tuku e ironicen kon celava stvarnost. Spored mene, Kraljevski ne go razbral onoj B. od pogore koj verojatno mislel na prvonagradeniot Luge i Demoni (koj moze, no i ne mora politicki da se procita- kako skriena aluzija moze, no toa e ostaveno na citatelot da napravi izbor dali ke go cita kako fantasticen ili politicki) ili na raskazot Miris koj ne samo sto e politicki tuku e i poln so omraza i ponizuvanje (portokalovite maicki mirisaat na gumno). Ne deka mi smeta, naprotiv, kako i sekoe generaliziranje smesno mi e; a i golem del vrvni knizevni dela bile i toa kako "politicki" za svoe vreme, i emocijata predizvikana od politickite nastani e covecka emocija i kako takva moze da bide predmet na knizevnosta, samo da ne velime deka ne e i otvoreno, sto bi se reklo - apla politicki.  Kako i da e, Kraljevski ne se otkazuvaj od konkursot zaradi eden, dva politicki oboeni raskazi, nitu zaradi toa sto kriteriumite bile ne bile povisoki, ke mi nedostigaat mene, a veruvam i na mnogu drugi tvoite raskazi. Pozdrav do site!

Анонимен, јасно кажав дека

Анонимен, јасно кажав дека зборувам за второнаградениот. Меѓудругото, Кољо излезе малку од учтива контрола и се извинувам ако го предизвикав тоа, сакав да воочам разлика меѓу расказ и колумна: точно дека постојат раскази со политички делови, но тие делови се цврсто сврзани за дејството кое е исклучиво меѓу ликовите, а не да биде изразен како став од ораторство на авторот. И што е најважно, вметнатата политичка слика не смее да биде реална т.е. вистнските настани кои ни се случуваат оти тоа е заземање политички став (кој води до комерцијална позадна) што е поблиску до поимот колумна отколку до уметнички расказ.
 
Секоја чест за интересната игра со зборови, но сепак, баравме расказ, или барем така мислев. Туку да не го форсираме политичкиов, имаше и преубави фасцинантни раскази кои заслужуваа да бидат спомнати или наградени, но не биднаа. Туку биднаа токму оние, да речам „останатите“. Знам колку е тешко да се напише расказ и колку непреспиени ноќи се вложуваат во силните реченици што сврзуваат скинато парче од животот на авторот и затоа не би сакал да зборувам против пишувачите, но окно.мк навистина заслужува огромна брука за комисијата и воопшто организаторите.
 
И меѓутретото, се извинувам ако повредив некој со тоа што си дадов за право негативно да го критикувам конкурсов, но ако секој кој ќе направи сајт и купи десетина книги од темплум, ќе има право на нашата доверба како достоен организатор на конкурс за раскази, тогаш навистна сме бедни. Благодарам, ама не ми се плива повеќе во оваа кал. Кој сака да чита еве му адреса: http://kralj.blog.mk/    Поздрав.

Неполитичката уметност е кич.

Неполитичката уметност е кич. Украс. Декорација. Гола површина. Ескапизам. Ради тоа владетелите сакаат да го хранат народот со будалеста уметност, чии застапници (во оваа мала и корисна полемика) се Б. (он повлече нога), Дверски и Краљевски.
Да повторам: најдобрата уметност е мошне мошне политизирана (се разбира, не на прва топка), зашто продира во најдлабоките општествени слоеви (каде што и политиката сака да продира, но со други средства).
Земете го, на пример, Блаже Конески. Олицетворение на Македонија. Како да кажете дека Конески е аполитичен кога тој практично е еманација на македонизмот, и во духовна, креативна смисла, но и во институционална смисла, како создавач на јазикот, институциите итн. Најголемите југословенски писатели, Андриќ и Крлежа, се аполитични?! Или Киш?! Нема западен дипломат кој нешто работел на Балканот без да го прочита Андриќ.
Деца, ВМРО се идиоти. ВМРО и архи сељакот пастир ви наметнуваат слика (додуше, огромен дел од неписмениот народ стварно го мисли тоа) дека творештвото служи за украс. Уметноста служи да се постави на плоштад, над телевизор (венецијанска гондола, скулптурче на Моцарт), уметноста служи да ја освести нацијата итн. Грешка! Уметноста растура! Најгенијалната уметност е најсубверзивната уметност! (Данте, Сервантес, РАбле... - темелите на западната современа книжевност, сите се растурачи!) Субверзивна е таа уметност зашто создава нови форми и нови парадигми! А се разбира дека тоа е политички гест од највисок ред!
Ради тоа јадните литературни забавачиња, Дверски и Краљевски, не само што не можат да го разберат расказот на Пропагандимитар, туку тотално залутале во литературата. Тоа што 90% од официјалната мк литература исто така е залутана (да биде „убава“, да „украсува“ и создава „добри чувства“) можеби некому може да биде утеха... Мене не.
А „Окно“ е сјајно, се разбира, зашто е тешко малцинство (ама одговорно, креативно и пркосно!) во една разјебана земја.

 Петар Панк, ... (повраќа)

 Петар Панк, ... (повраќа)

Според моето скромно мислење,

Според моето скромно мислење, зашто сепак јас не сум образован критичар ниту сум завршил книжевност (мојата магистратура е нешто сосем трето), но сум голем љубител на пишаниот збор. Низ годините и по мн прочитани книги, критики, раскази..теории и тн. сметам дека изградив каков таков став и ми се изоштри вкусот.
Лично , не ми се допаднаа ни еден од трите наградени разкази (особено ме поразува сличноста меѓу 1 и 3-от ) милам барем можеше да биде пошаренолико,  да се вклучат  различни правци.. Споерд изборот испаѓа ШТО ПОЗАБЕГАНО ТОА ПОДОБРО...милам не дека не ја ценам фантастиката по теркот на Мајсторот и Маргарита но, но само истоста нема шмек, на двапати  цитирам МРАШНА; ФАНТАСТИЧНА АТМОСФЕРА значи колку по мрак тоа покул а ?
За вториот расказ, кој ми беше интересен, нема што да кажувам политички или не си беше интересен иако го подржувам Краљевски дека не е баш расказ но ..вие самите рековте што треба да содржи еден краток расказ.Воиж овој нема ништо од она на што вие како уредници, (бирачи ) инсистиравте.
Специјално наградените беа подобри од првите(некои од нив ). Некои пак ШТО ПОЗАБЕГАНО ПОДОБРО..ми се косеа со се што очекував од еден расказ.Имав неколку фаворити, не влегоа во изборот освен еден.Бев зачуден но тоа ти е..Честитам на сите засклужени и (НЕЗАСЛУЖЕНИ) награди.

Гелевски (Петар Панк),

Гелевски (Петар Панк), просјачењето те има растурено начисто.
 
Што се однесува до забелешките од погоре: истите беа насочени кон формата, не (а)политичните идеи и ставови на „малиот“, кои во суштина се битен дел од сржта на било кој писател, неговите дела, на било кој човек.
 
Но, поттикнат од височините на твоите нечовечки успеси и заслуги за уметничката мелодрама и убавините на светот во кој живееме и ве игнорираме, сепак ти реши се, дојди, намини и поучи не малку за доблестите и шармот на вистинската литература и блудничките гревови на локалната (кич) квазиполитика. Те молам. А, потоа ќе им заѕвеѕкаме и на Геровски, Латас и Ѓорчев (на пример) и ќе грабнеме да се фаќаме во бубуљичави ора на сирова екстаза и троа експертска јадеж, за да трчкараме до селово низ полиња од див занес, клањајќи му се на бога за услишените деноноќни молитви, со очи полни еуфорија, стравопочит и поплавени ветришта од надеж, со кои - кој знае, можеби! – еден матен, растурачки ден и ние конечно ќе доживееме да станеме дел од историскиот адудиториум на поетските читања на нивните книжевно-естетски велелепности.
 
Господи, па ти стварно се трипаш – и, демек опитно и ноншалантно, (во обид) џентлменски ја дриблаш шизоидната машина која те изроди - дека пораката на „Еманципатернализам“ е луцидно перфидна и недофатлива за смртниците надвор од кругот на ултравозвишената каста на интелектуални архангели, од кои еден добар дел се во самобендисаниот елитен карневал на Милчин?  Зарем треба нешто да ти се порече часови после ваквото бладање од кое ѕидовите и кучињата скитници умираат во незграпен кикот, а олуја од паднати богови се обидува за момент да ја долови пристојноста на реата која некогаш пред тебе беше? Зарем е нужно пародирање на ваквите врвни умови и на нивните плитки демагошки ѕидови од безначајност, грозоморна желба за надреденост и пркост, и таговни сеништа на столбови од пука омраза, бол, резил и јад?
 
Нека, можеби некогаш во (не)догледна иднина– кај мене, кај тебе, пред некое поново огледало - и за Дантета ќе ни се изнаприкажеш на тенане, а во однос на долгите години критичарење и итрите паралели влечени помеѓу колумната на Пропагандимитар и генијалните, бескомпромисни (сепак „убави“, „украсени“, „кои создаваат добри чувства“ – што и да значи последново) рафали на Дантета, сега, само кусо и сочувствително би те запрашал:
 
Арен ли си и од кога поточно не?
 
Инаку, апсолутно си во право со кутриот цинизам - кој, патем, совршено ти доликува - дека сме книжевни фетуси од најнизок ред, и, богами, егзотичниот танчер во мене ми делува прилично во ред со тој очигледен факт. Башка, токму за тоа сме и тука, нели? Да ни помогнете малку во спектарот на насоки и можниот иден развој без да почнат да фрчат средни прсти на сите сите страни, а ти по обичај да ги мечтаеш само за себе. Нејсе, очигледно ништо ни од тоа. :)
 
И? Што друго, тоа е. Еве, дури ни за крај човек нема за (со) што да ти замери, кога болната вистина дека неговиот прв „расказ“ на конкурсов е еклектично политички, а тој самиот - одвратно, смрдливо, недоквакано пацовиште од канализацијата на подземниот штаб на пастирот на твојот просветлувачки, револуционерен кошмар, тебе веќе во целост ти е позната.
 
Знам, знам, мориња еони пред к’сметот да ни се родиш. :)

До Дверски и Краљевски

Објавете книги со вашите раскази и да видиме колку примероци ќе продадете (без да се бројат сите тие што ќе ги поделите по роднини и пријатели и дечковци и девојки), па тогаш ќе зборуваме за тоа колку е квалитетна вашата „книжевност“. Ви ги читав расказите и беа исклучително досадни, и понекогаш не успевав ни да ги довршам. А секоја приказна што ќе те натера да се откажеш некаде на половина - не ја бива. Толку.

Што се однесува до конкурсот, добро е што воопшто постои таков. Да ве видам во блиска иднина дали ќе успеете да се најдете на некоја антологија што ќе ја подготвува Друштвото на диносаурусите (писателите) на Македонија, каде местата се резервирани и откако многумина од нив ќе изумрат.

Секогаш ќе има незадоволни, ама тоа е поентата на еден конкурс - да ги издвои подобрите од не толку добрите. Или со други зборови: оние поинтересните за читање.

поздраф до свите!!!

Дверски, ти си оној што

Дверски, ти си оној што вулгарно го политизира конкурсот, и тоа од најнизок можен мотив: зашто не бил меѓу издвоен меѓу најдобрите раскажувачи.
Со Ѓорѓи не се согласувам дека критериумот на вредноста се содржи во бројот на продадените примероци; историјата на книжевноста покажува нешто сосема обратно: најдобрите често почнувале да се продаваат дури по смртта. Исто така, и покрај фактот дека повеќето раскази се дилетантски, има пристоен дел раскази кои имаат некакво ниво; тоа го покажува и изборов на најдобрите.
Се вклучив во малава размена на мислења зашто темата уметност-политика е фасцинантна и возбудлива. Постојат времиња кога стоењето на страна (за време на нацизмот, да речеме) било страшен (и естетски, меѓу другото) гаф. Уметноста се создава во светот, иако таа на некои необични начини се обидува да биде надвор од секојдневната мелница на светот. Дури и најавангардната уметност, онаа која се обидува да биде сосема надвор од постојните правила и форми, често многу повеќе зборува за светот (за закостеноста и несоодветноста на неговите форми) од некаква традиционална уметност на која времето и’ одѕвонило.
Што се однесува до принципите на наградувањето и критериумите на тие што избирале: се разбира дека треба да ги издвојат храбрите, експерименталните, оние што се обидуваат да понудат нови форми (за светот:). Покрај експерименталноста (неконвенционалноста), како критериум, стојат кохерентноста на расказот, имагинативноста, стилот (писменоста, јазичните фигури), темите што ги опфаќа, драмската структура (ликовите) итн. Мој впечаток е дека пристигнатите раскази се оценети мошне балансирано и фер и дека навистина се издвоени најкреативните.

Мислам дека Дверски не

Мислам дека Дверски не учествуваше на конкурсов, но го има по коментарите на Окно. Негов мотив не е литературата туку агитацијата за власта и за ВМРО. Патем, дечкото е скоро скроз неписмен, тешко човек може да ги разбере бесните бладања од коментарот. Еве пример, нема граматика, нема след, нема ништо, само сиктање и урлање:
„Еве, дури ни за крај човек нема за (со) што да ти замери, кога болната вистина дека неговиот прв „расказ“ на конкурсов е еклектично политички, а тој самиот - одвратно, смрдливо, недоквакано пацовиште од канализацијата на подземниот штаб на пастирот на твојот просветлувачки, револуционерен кошмар, тебе веќе во целост ти е позната.“
Што се однесува до темата уметност-политика: најголемиот писател на сите времиња, Шекспир, е еминентно политички и веројатно е и меѓу најголемите политички мислители во историјата.

„Неполитичката уметност

„Неполитичката уметност е кич. Украс. Декорација. Гола површина. Ескапизам.“ - Петар Панк
Многу, многу неточно. Неточно до коска.

 Ха, знам, затоа не можев да

 Ха, знам, затоа не можев да издржам а да не повратам под коментарон... :D

Што е расказ? Расказ е епска

Што е расказ? Расказ е епска форма на наративна проза, фикција која е карактеристична по малиот број на зборови.
Петар Панк, Сервантес пишувал фикција и неговото најзначајно дело "Дон Кихот" било со цел да го разбуди народот. Данте уште од млад бил во "Гвелфите", и сосема оправдано е да пишува литература од своја област иако негово позначајно дело е токму од аспект на љубовта посветено на неговата Беатриче "Нов живот". Боженствена комедија станала позната дури отпосле, кога сите започнале да се интересираат за состојбата во минатото. А кога сме кај најголемите уметници: Шекспир(на кого му се возхитувале руските писатели, кога го виделе неговиот слободен стил на пишување и изразување на емоции), Молиер, Корнеј..(нивните драми биле за љубовта, омразата, интригата, човечкиот егоизам и сл. Петрарка не се прославил со политички туку љубовни песни и сонати. Кога сме кај политичките дела не ги потценувам туку напротив, тие се мошне значајни, но не за конформација туку за осознавање и освестување.
Ке се навратам пак кај расказите, кога веќе стилот е слободен и секој може да пишува како сака, тогаш и изборот мора да биде спроведен на ист начин. Односно од секој стил да се одбере најдоброто, а не првите две места да бидат токму политички раскази.

Edno ne mi e jasno - kade

Edno ne mi e jasno - kade vidovte politika vo prvonagradeniot raskaz? Koga go citav, voopsto ne go povrzuvav so dnevnopoliticki temi, zasto raskazot e edno odlicno umetnicko delo koe predizvikuva uzivanje (a na krajot na kraistata, toa e i celta, megju drugoto, na umetnosta). Sto ste se fatile za taa politika? Propagandimitar (koj ima objaveno i kniga) e dobar avtor, i ako nisto drugo, vtoroto mesto go zasluzi zaradi igrata so zborovi koja dava eden dobar, hirurski presek na nasava realnost. Imase i drugi dobri raskazi koi ne bea pofaleni ni nagradeni, ama ne e krajot na svetot. Dobriot avtor ke prodolzi da pisuva, a losiot ke mrci i ke kuka deka nemalo pravda na ovoj svet.

 А ти и Пропагандимитар што

 А ти и Пропагандимитар што правите? =)

Се согласувам со твојот

Се согласувам со твојот дополнителен коментар, Б. Но, повторувам, уметноста во која ја нема нашата стварност - е сомнителна уметност. Тоа, се разбира, не значи дека треба да пишуваме раскази во кои се појавуваат Грујо, Бранко, Фондот за здравство или несреќните земјоделци; но значи дека и (призракот на) нивната вистина некако треба да биде инкорпориран/а во добрата уметност.
Ако ескапизмот („кулите од слонова коска“), значи, е првиот голем „грев“ на уметноста, на другиот крај стои втората голема опасност: илустративноста, декоративноста, таканаречениот „плакатизам“ (во ликовните уметности). Значи, меѓу тие две сечила, да не се игнорира стварноста, но и да да не се „слика“ дословно (тоа е работа за новинарството) - се создава вредната уметност.

 Кољо, ти очигледно не си

 Кољо, ти очигледно не си уметник. Избери што си: уметник или политичар?
 
Уметноста никогаш не може да биде врзана за политиката, оти уметноста е бесмртна, а политиката е условена од земните работи. Секоја уметност што се ставила во служба на политиката, станала, да ми простите на изразот: институционализирано ГОМНО.
 
Ти си очигледно политичар, штом не ја разбираш Слободата на уметничкиот израз, и нејзината независност и универзалност. Слобода, Коља, а не агенда.

Тартиф - Молијер Животинска

Тартиф - Молијер
Животинска фарма - Џорџ Орвел
1984 - Џорџ Орвел
Берлин Александарплац - Алфред Деблин
Тетовирање - р. Столе Попов
Берлин Александарплац (ТВ серија) - р. Рајнер Вернер Фасбиндер
живот и дело - Банкси
Мефисто - Клаус Ман
Замок - Франц Кафка
Starship troopers - Роберт А. Хајнлајн
Во името на таткото - р. Џим Шеридан
Марат/Сад - Питер Веис
Мефисто (филм) - р. Иштван Сабо
Црвените - р. Ворен Бити
Бразил - р. Тери Гилијам
Добриот војник Швејк - Јарослав Хашек
Дон Кихот - Мигел де Сервантес
Die Welle/Бран - р. Денис Гансел
 
Не ви смета политичноста на прозата. Ви смета партичноста. Од друга партија се, значи нивната уметност не е добра бидејќи е политичка. Споменик од 60 метра не е политика, тоа е уметност. Тоа дали некој книжевен текст е политичен или не е не говори ништо, ама баш ништо, за неговата „уметничка“ вредност. Книжевноста одамна веќе не е естетска категорија. Речиси ништо во уметноста денес не е естетска, поетична, оригинална „мисла“. Се’ е цитат. Се’ е ангажирано. Се’ е свртено кон сржта.
 
А сржта ни е дебело политична веќе одамна. Што треба, писателот да се прави дека не живее во смешна земја? Не само што има право да пишува за политика тој/таа има обврска да не ја игнорира реалноста. А кога реалноста ти е ваква нормално дека сакаш „уметност“ која е се’времена, универзална, неполитична, неврзана, некритична, бледа, плитка, питка, заборавлива, заводлива, едносмислена, убава, восхитувачка и тивка.
 
Немој да ја спомнуваш „Слободата на уметничкиот израз“ бидејќи
а) ова не е XIX век; и
б) таа слобода подразбира изразот да биде ептен политички
 
А што очекуваш на Окно? На место кое е општествено ангажирано, рабно контра-културно и дефинитивно политички настроено? Дојде да ни кажеш дека жирито со својот избор покажало политичка склоност? Добро утро. Дојде да не освестиш дека наградените раскази не вредат оти се политички? 
 
Не е проблем да се плеткаш во политика со лоши уметнички амбиции. Не е проблем дури ни да се плеткаш во уметност со сомнителни политички намери. Ама да се плеткаш во конкурс за аматери без да разбираш што е уметност и без да имаш грам политичка свест е смешно. Бизарно е. И сосем очекувано. Оваа цела расправа, сосе твојот и мојот коментар, е политичка расправа. Вакви расправи уметниците и политичарите имале уште од времето на Аристотел. Нити е нешто ново, нити е нешто чудно. Ново е само способноста на дигитално опремени игноранти да дојдат и да викаат „Уаа политика! Доле политика! Чиста уметност дајте, доста политика!“ кога нити ценат уметност, нити разбираат политика.
 
Нема чиста уметност. Нема. Одамна ја нема.
 
Како да коментираш вака: Убав е јазикот и употребата на народниот говор, имаме прилика да доживееме некои народни обичаји и да видиме ликови во традиоционална облека ама што му требало на Војдан Чернодрински да плетка турци, каури, свадби и грабнувања во драмата? „Македонска крвава свадба“ е лошо дело бидејќи е политички драмски текст.
 
Ало. Има некој дома? Да свртам покасно?

Кољо ако го прочиташ уште

Кољо ако го прочиташ уште еднаш расказот Демони и луѓе ке сфатиш дека и тука е вмешана политиката.
П.П се согласувам дека треба да се најде средина помеѓу реализмот и фикцијата. Но секогаш ке постои само едното или пак само другото. Што значи дека, како што реков претходно потребно е да се извлече најдоброто и од двете за да се направи токму таа вредна уметност.

 А наградените автори да имаа

 А наградените автори да имаа така по некој камен меѓу нозете, па да се потпишеа со своето име и презиме? For the sake of the argument, чисто онака нели?
 
Толку ли е тешко бе, „писатели“? 

Абе нели конкурсов е анонимен

Абе нели конкурсов е анонимен а сите се знаете меѓу себе..

Не ми е јасно,како е можно

Не ми е јасно,како е можно вие организаторите самите да коментирате на наши коментари и забелешки,и тоа доста остро и самоуверено,затворени за зекакви негативни критики!Кога веќе не можеме никако да влијаеме врз вашите одлуки за наградените текстови,оставетене барем тука,на раат да коментираме и дебатираме,кадешто вас не ви е местото.Вие сте од другата страна и не сте објективно,така да вашите коментари за нас читателите се апсолутно ирелевантни.Така да,отстапете....

Морам да прокоментирам во

Морам да прокоментирам во врска со коментарот на Душан. Пратив расказ и го пратив под псевдоним. Тоа беше мој прв расказ за кој сум собрала храброст да го покажам некому. Анонимноста ми влеа храброст. Сакав да знам дали ме бива барем малку. А со оглед на тоа какви сè коментари паѓаат на сајтов страв да му е на човека да си го пише името. Расказот ми беше пофален и тоа ми влеа самодоверба да продолжам да пишувам. И што би сменило тука моето име, т.е. моите „камења“?

А бе Македонче пусто да

А бе Македонче пусто да остане...ни во добро ни во лошо да не сака на комшијата козата да му е жива...
Важно е дека нешто се случува, се пишува, се објавува, луѓето читаат...Вашето его немора да куца по вашата тастатура. Дајте му малце оддишка.

Луѓе, во ниеден од расказите

Луѓе, во ниеден од расказите обвинети за „политизирање“ нема дневна политика. Авторите биле доволно паметни и вешти да не запаѓаат во дневнополитичко банализирање на книжевноста.
Во „Демони и луѓе“ нема никаква конкретизација на време и простор, нема тривијални податоци од македонското секојдневие, нема застапување на партиски став и сл. Атмосферата во расказот ми се допаѓа. Текстот е воопштен/универзализиран до тој степен што може да „пасува“ на општествената стварност во било која земја. На крајот на краиштата, расказот воопшто не мора да се чита како расказ со политичко значење. Тоа е една од неговите подобри страни: слоевит е и нуди повеќе начини на читање.
За разлика од Николина, Пропагандимитар во „Еманципатернализам“ прави директни алузии на некои општи места во македонската политичка стварност, конкретно споменува ЕУ/НАТО моменти, ама истовремено прави сецирање на нашата реалност на ептен креативен начин. Море, заслужува посебна награда само за лексика! :) Не се работи за обично портретирање на реалноста, туку за портретирање на реалноста низ книжевна ИГРА! Ова му доаѓа нешто како „соочување со грдата страна на сегашноста“. Да не го тупам многу, за крај би кажал: Пропагандимитар напишал книжевен D’n’B :)
Поздрав до сите учесници (наградени ем ненаградени) и сите што ме читаат :)

Браво за последниот коментар!

Браво за последниот коментар!

 Мислев за коментарот на Јас.

 Мислев за коментарот на Јас. Иван ме превари :)

 Зошто никој не коментира за

 Зошто никој не коментира за останатите раскази? Еве на пример третото место, за кое се надевам дека не најдовте ништо политичко.  Повеќето од коментарите се полни со навреди, човек да не посака да испрати нешто. Во ред е да се даде свое мислење, но тоа да не е навредливо. Имав професор која бараше од нас при критикување на час на нечиј расказ, да се даде прво позитивна, а потоа негативна критика. Верувајте, во секој расказ постои некоја смисла. Дури и од две реченици (за коментарот на Краљевски). 

Затоа што некој треба да се

Затоа што некој треба да се осмели да ја почне касапницата. Ај, од три пати кој ќе биде тој некој? :)

 Еве Дверски ти биди тој

 Еве Дверски ти биди тој некој. Да прочитаме и од тебе некој пофален збор :)

Епа неќам сега. :)   Накусо,

Епа неќам сега. :)
 
Накусо, во оние  што не би требало ни да спијат без да куцаат во сништа, би ги вметнал: Николина, Шопов, Лидија и Наташа a.k.a. Lizard Queen. Без разлика што некои од нив немаат ни започнато со книжевната градба, а други, повеќе или помалку, се пронашле самите себеси.
 
Тука се и Каролина, Андријана, Бушавиот, Сонувачот (кој ми е сумњив), но за сите нив и за тоа што, како, зошто - малку подоцна.

Тооо, Цецо! :)   Абе, џабе

Тооо, Цецо! :)
 
Абе, џабе везете. Џабе мешате и награди, и партии, и кози и триста други тракатаници. Може да земете и да мењате тези до сабајле, ама без естетика и страст немате уметност. Без перцепција и претстава немате живот. Поимот сам по себе е нешто сосема друго, а брилијантната игра со зборови ни од далеку не е доволна тој факт да го смени, недостатоците да ги компензира, да ги дополни, да ги создаде од ништо - од воздух, од ветер и од магла. И  тука нема ништо лошо. Имате мноштва на политички трудови во триста други категории.
 
Што не значи дека не смее да има политика во уметничката литература? Кој алудираше на такво нешто?
 
Како ништо друго на светов мразам да морам да категоризирам, да делам, да кидам, да парам и да крпам во групи, дефиниции и зандани од било кој друг вид, но доколку текстот е технички до таа мера да ми буди чувство на примени сигнали од еднонасочна комуникација со комплетно дехуманизирана единка, алиенирана и само по инерција функционална и не(сосема)индифирентна, тогаш уметноста е во што: во ставот, во освестеноста, во техничката игра со зборови? Во привидната слобода и волја да се креира жесток, но безобразно наметнат и провиден реторички памфлет?  Во што?
 
Кој има нешто против било кој друг текст? Не ми се допаѓаат 80% од оние на конкурсот, но во тие 80% убедливо влагаат и моите глупости, а не само твоите, нејзините, неговите, нивните, вашите... Или сеа што, смеам да бидам сурово отворен кон самиот себеси, но морам да ве тинтрам вас другите? Било кој друг? Па вие дали сте нормални?  :)
 
И  дај да не се забаваме више: „Еманципатернализам“ е колумна. Никогаш нема да стане нешто друго. Точка. Пропагандимитар од друга страна ниту го знам ниту го познавам, но би сакал да прочитам уште некое негово дело. Било кое негово дело. Ако е пак истата финта (позади која има бришан простор), ќе најдам нешто друго за читање и завршена работа.
 
Никому ништо.

Дверски од кај знаеш како се

Дверски од кај знаеш како се викам? 

 Или треба да пишам,

 Или треба да пишам, Александар од кај знаеш како се викам?

 Зошто сум сумњив? :)

 Зошто сум сумњив? :)

ОкоБоли главаВицФото