Најмалото соларно кино во светот

20.12.2010 16:21
Најмалото соларно кино во светот

Победникот на натпреварот за најдобар комукациски проект Network Wales Awards, киното кое функционира на сончева енергија, Sol Cinema, е најмалото кино во светот кое се напојува со соларна енергија.

Сместено во приколка од 1960-те години, ова кино патува низ делови на јужен Велс, прикажувајќи филмови кои третираат еколошки теми на најмногу осум гледачи – бидејќи толку може да собере.

Ова мало кино е дело на уметникот Пол О’Конор и на колективот Undercurrents. Киното користи мал LED проектор кој е напојуван од литиум-јонска батерија која, пак, се полни од плочите кои се поставени на покривот на приколката.

Бидејќи батериите можат да складираат енергија, ова кино може да работи дење и ноќе, и постојано е присутно на настани, фестивали и други случувања.

Извор: atlasobscura.com