Најдобар опис на секс во книжевноста

04.01.2011 11:50
Најдобар опис на секс во книжевноста

По неодамнешното доделување на наградата за најлош опис на секс во книжевно дело, британскиот писател Роуан Сомервил ги издвои делата во кои, според него, сексот е најдобро опишан.

Предизвикот за пишување за сексот е многукратен. „Сцената со секс не мора секогаш да опишува добар секс, но секогаш претставува пример за добро пишување“, изјави еднаш американската писателка Елизабет Бенедикт. Со истата реченица се согласува и Сомервил.

На првото место тој го смести култното дело на Владимир Набоков „Лолита“. Иако ја опишува забранетата љубов на Хамберт Хамберт кон малолетната поќерка, Сомервил смета дека се работи за роман со набиени страсти во кој еротичноста и сатирата и иронијата се совршено урамнотежени и доловени без ниту еден недостаток.

Делото „The Crimson Petal and the White“ на Мајкл Фејбер, кој го смета за најголем жив писател, го смести на второто место. „Фабер ја отсликува викторијанска Англија преку вештото прозно обликување и виртуозната структура, меѓу другите, пишувајќи и за Шугар, подготвена да го стори она што никој друг не може“, вели Сомервил.

Третото место му припадна на делото „Приказна за окото“ на Жорж Батај кое го нарекува сосем погрешно, провокативно и надреално, но во секој случај совршено.

На својот список на автори кои знаат како да ја доловат љубовната страст Сомервил го смести и романот „Платформа“ на францускиот бунтовник Мишел Уелбек. Иако признава дека неговата книга воопшто не му се допаднала, неговиот опис на студен и механички сексуален однос го смета и за повеќе од одличен.

На скалата на десетте дела кои изобилуваат со еротика и добри описи на секс ги смести и „Дракула“ на Брем Стокер, „Љубовникот на лејди Четерли“ од Д. Х. Лоренс и „Крвава одаја“ на Анџела Картер.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото