1024 hPa
60 %
18 °C
Скопје - Пон, 29.04.2024 10:00
Откако на 12 април 2016 беше донесена криминалната аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов, граѓаните масовно излегоа на протести, најпрво во Скопје, а потоа и во други градови. Иако подоцна аболицијата беше повлечена, граѓаните не престанаа да се бунтуваат против неправдата и злосторствата на режимот.
Серијата протести набрзо го доби името „Шарена револуција“, а шарањето на зградите на институциите окупирани од режимот стана заштитен знак на протестите.