Скриените писма на Набоков

01.12.2010 11:39
Владимир Набоков

Љубовните писма на Владимир Набоков, стари повеќе од половина век, напишани за неговата сопруга Вера, откриваат нова страна од животот на еден од најдобрите љубовни писатели на 20-от век.

Повеќе од 300 писма се најдоа во колекцијата на неговиот син Димитриј кои ќе бидат издадени во текот на наредната година на англиски јазик. Извадоци од писмата се појави минатата недела, напишани на оригинален руски јазик, во руското списание Сноб.

Писмата ја откриваат романсата помеѓу Набоков и Вера Слоним, која потоа го зема презимето Набоков, од средбата во Берлин, 1923 г., до непосредно пред смртта на Набоков во Монтре, Швајцарија, 1977 година.

Набоков ги посвети речиси сите неговите издадени дела на неговата сопруга, која беше негов лектор и преведувач, а двајцата беа пар кој ретко се разделува. Како и да е, нивниот син единец пронајде повеќе од 300 писма во архивата на неговата мајка. Таа ги има уништено нејзините писма за Набоков.

Набоков ја запознал Вера на добротворен бал во Берлин, а нивните први писма се полни со страст, дива страст.

Како можам да ти објаснам, радост моја, злато мое, моја небесна среќо, колку сум целосно твој – со сите мои спомени, песни, импулси и внатрешни потреси, и’ пишува Набоков по кратко време од кога ќе ја запознае. Да ти објаснам дека не можам... да се сетам на најневажниот инцидент без жалење – какво болно жалење! - дека ние не поминавме низ сето тоа заедно – можеш ли да разбереш, моја радост?

Роден во аристократска фамилија во Санкт Петербург во 1899 г., Набоков го поминува своето детство во Русија. Кога доаѓа болшевичката револуција 1817, неговото семејството побегнува и тој започнува со јазичните студии на Tринити колеџот во Kембрич (Trinity College, Cambridge). По дипломирањето се вселува во руска емигранска заедница во Берлин и ја започнува својата пишувачка кариера. Неговите први книги ги пишува на руски јазик, за подоцна некои романи, вклучувајќи ја и Лолита, да бидат напишани на англиски јазик.

„Писмата се напишани со препознатливиот стил на Нобоков“, вели Сергеј Николаевич, заменик главен уредник и одговорен уредник на списанието Сноб. „Тие не можат да бидат споредени со што било друго во историјата на писмата, зборовите, тие се дел од наследството на еден голем поет и писател.“

Писмата се размислувања за различни теми: Небесниот рај, веројатно е прилично досаден и има толку многу мек ангелски јорган што пушење е забрането, пишува авторот. ...Да потсетам, некогаш ангелите пушат, криејќи го тоа со своите крилја, кога архангелот доаѓа ја фрлаат цигарата подалеку: така ние на небото гледаме комети.

Во текот на 1940 и 1950 година, кога Нобаков живеел во САД, писмата многу често содржеле опишување на некое патување што во себе носи сличност со патеписот во Лолита, каде Хумберт Хумберт го носи малолетното девојче од мотел во мотел.

„Ние почнавме да забележуваме од каде доаѓа идејата за Лолита“ вели Сергеј Николаевич.

Подоцнежните писма, напишани со чувства, му служат за попрозаично изразување – како ги сака подготвени јајцата и која е цената на млекото.

Извор: dzamski.blogspot.com

Оригиналната статија потекнува од independent.co.uk.

ОкоБоли главаВицФото