Активисти и невладини организации најавуваат протест за одбрана на Кожуф

13.09.2023 12:09
Активисти и невладини организации најавуваат протест за одбрана на Кожуф

Активисти на Млади за Македонија, заедно со невладините организации Чејнчмејкерс, Спас за Гевгелија, Аква Фортис, здруженија и активисти од Тиквешијата, од Гевгелиско-валандовскиот регион и од цела Македонија на 16 септември (сабота) најавуваат протест против изградбата на малата хидроцентрала на реката Дошница на планината Кожуф. Протестот ќе почне во 11,55 часот на излетничкото место Смрдлива Вода, планина Кожуф.

За протестот ќе биде обезбеден организиран превоз од Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, а активистите од другите градови ќе може да дојдат до Гевгелија, каде ќе бидат пренесени до локацијата, најавуваат организаторите.

Извор: https://www.mkd.mk/

ОкоБоли главаВицФото