Преродба во илјада „бачила“

30.03.2011 12:44
Преродба во илјада „бачила“

Се сеќавате ли на аферата „Бачило“? Иснифарис Џемаили го загорчи животот на владата на СДСМ во 2006. Предизборната афера тежеше над 700 илјади евра исплатени на овчарот. Оттогаш „бачило“ ни стана единица мерка за корупција. Најголеми политички профитери од „бачило“ беа следбениците на „пастирот“. Токму затоа, по 5 години „преродба“, редно е да се запрашаме: Колку „бачила“ ни изградија „преродбениците“? Колкава национална штета ни направи „пастирот“?

И партиски заслепените војници прогледуваат: корупцијата станува сè поголем проблем во Македонија. Честопати ме критикуваат дека многу критикувам, а малку нудам решенија. Еве едно предлог-решение: Македонија ќе има слабо фајде од некаква „влада во сенка“, ако притоа нема анти-корупциска комисија која ќе ги истражи и документира сите преродбенички „бачила“.

Експертската комисија треба да направи проценка на настанатите штети, да подготви кривични пријави и, по можност, да го идентификува нелегално стекнатиот имот кој би можел да се конфискува.

Предлагам, заради ефикасност, антикорупциската комисија да биде составена од стручни тимови кои ќе ги документираат „бачилата“ во неколку категории:

1. Спортски „бачила“ - Колку „бачила“ крие „Арената Филип II“ (според владата - „инвестиција од околу 60 милиони евра“)? Колку „бачила“ таи проектот „Изградба на 100 тениски терени“ за богаташи (првично требаше да чини „четири до пет милиони евра“, а потоа „околу 8,5 милиони евра“)? Колку „бачила“ има во спортските сали (60 милиони евра), во фудбалските игралишта (7.7 милиони евра), во новите спортски терени (над 9 милиони евра), во деветте базени (30 милиони евра)...?

2. Медиумско-пропагандни „бачила“ – Колку „бачила“ отидоа за прескапите владини кампањи и огласи во медиумите? Колку „бачила“ се поарчија за корумпирање на медиумските газди и квази-патриотските мегафони? Колку „бачила“ се збираат преку арачот „радиодифузна такса“? Срамота – УЈП дере арач, а МРТВ е некадарен да обезбеди еден ТВ пренос од лузерската ни фудбалска репрезентација. Отсега, јас не сум МРТВ. Одбивам да плаќам пропагандно-дифузна такса.

3. Енергетски „бачила“ - Колку „бачила“ покриваат нетранспарентните тендери за увоз на скапа струја? Ако криминалот во РЕК „Битола“ е 10 „бачила“ (7 милиони евра), колку „бачила“ има во пропаднатите тендери за Чебрен и Галиште? Колку штета предизвикаа матните бизнис-зделки со ОКТА и задоцнетата гасификација?

4. Полициски „бачила“ – Колку ни украде МВР со преплатените пасоши по „итна“ постапка? Колку „бачила“ тежат сомнителните набавки на автомобили, панцири, маици, хеликоптери (кои се изнајмуваат за одење по невеста на свадба)? Колку „бачила“ се политички злоупотребени за прислушкување? Колку „бачила“ е штетата од илјадниците тужби против МВР за неисплата на законски надоместоци?

5. Земјоделско-еколошки „бачила“ Колку тежат аферата „Сведмилк“ (со долг од 37 милиони евра) и пропаднатиот проект „Злетовица“ (вреден 80 милиони долари)? Колку „бачила“ има во партизираниот откуп на тутун, грозје, јаболка итн., и во селективното доделување земјиште и субвенции? Колку „бачила“ крие „Денот на дрвото“?

6. Образовни „бачила“ – Колку изедоа неуспешните проекти „Компјутер за секое дете“ и ,„Превод на 1000 стручни книги и учебници“ (чинат по неколку десетици милиони евра)? Колку милиони евра отидоа на „дисперзираните бачила“?

7. Административно-законодавни „бачила“ – Колку стотици „бачила“ е штетата од превработувањето партиски војници во јавната администрација и од незаконските трошења десетици милиони евра (утврдени во ревизорските извештаи)? Колку „бачила“ изнесува штетата од многуте прописи укинати од Уставен суд?

8. Здравствени „бачила“ – Колкава е штетата предизвикана од задоцнетата набавка на прескапи медицински апарати преку посредници?

9. „Скопје 2014“ - За ова преродбеничкото „мега-бачило“ ќе посветиме посебна колумна. Станува збор за „проект“ кој веројатно тежи најмалку 100 „бачила“.

10. Предизборни „бачила“- Колку потенцијални злоупотреби има во одлуката на владата да се задолжи и да потроши цели 220 милиони евра пред избори? Колку „бачила“ се кријат во лопатарските предизборни мисии, повеќекратните сечења ленти, предизборните врaбoтувања? Колкава штета предизвикуваат буџетски платените министри и административци кои во работно време си тераат партиска кампања?

Ако сака да ја заслужи довербата на огромниот број неопределени, опозицијата мора да покаже капацитет и волја за бескомпромисно расчистување на „преродбеничките бачила“. Успешната борба против „бачилата“ значи фер-судење на криминалците и конфискување на стотиците милиони евра незаконски стекнати средства.

Конфискуваните средства можат да послужат за борба против зголемената сиромаштија и за намалување на надворешниот долг. Замислете, од 2006 г. до денес „предобениците“ нè задолжија околу 2 милијарди евра!

„Пастиру“, па не сме до толку „овци“. Каде се парите?

Извор: Дневник, 30.03.2011

Слики: Paweł Kuczyński

Секој народ си ја ѕаслужува

Секој народ си ја ѕаслужува владата која што ја избрал, ќе цитирам-власта не е*е еднаш позиционо, еднаш опозиционо.

11. Ново Бачило, или нова

11. Ново Бачило, или нова Надеж бр.2

„Имено Нетпрес денес објави дека Кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски на приватната фирма за комуникациски менаџмент “Пристоп МК“, за организација на Охридскиот самит на претседатели, кој траеше само еден и пол ден, на почетокот на мај, 2008 година им префрлил неверојтни 530 000 евра. Предмет на договорот било “осмислување и реализација на активност“, а склучен бил на 7 април, 2008 година, за сума од 3,272.9673,00 денари.

Дополнително светло на новиот потенцијален скандал според Нетпрес му дава податокот што како еден од основачите на “Пристоп МК“ е режисерот Игор Иванов - Изи, син на новинарот Зоран Иванов, своевремено советник на Бранко Црвенковски, додека тој ја извршуваше функцијата претседател на Македонија, и во време кога е извршена исплатата. Оттука произлегуваат сомнежи за можно постоење на судир на интереси и евентуално присуство на корупција. Информациите до кои дојде Нетпрес велат дека при првичното основање на фирмата “Пристоп МК“ како еден од основачите фигурира и самиот Зоран Иванов.

Уште еден фрапантен податок е фактот дека втор основач на “Пристоп МК“, со удел од 50 отсто од сопствеништвото, е Друштвото за комуникациски менаџмент “Пристоп Скупина“ ДОО од Словенија, која е поврзана со Дејан Верчиќ. Токму Верчиќ, заедно со други двајца автори за изработка на стратегијата “Надеж“, која ја потресе македонската јавност, наплатија 340.000 евра од Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, објавува Нетпрес.“

Батка, идиоте, пак се јавуваш

Батка, идиоте, пак се јавуваш со истото имбецилно име (ко да му кобиш на твојот шеф, Златниот-Црниот, дека па ќе го стрефи нов 15 септември) и пак тропаш глупости. Зар мислиш, изродбенички шупку, да имаше макар промил реална вина во новиот спин на Фамилијата, дека лицето БЦ нема да грееше ќелија заедно со лицето Велија?!
Значи, треба да се види за што се потрошени парите од самитот. Такви средби на највисоко можно ниво - коштаат. Тоа се најдобри апартмани, услуги итн.
Но, пак не е јасно: како е можно, изродбенички шупци, крај милијардите евра што ко пичкин дим ги потроши Малиот-Големиот, вашиот пастир, вие така грозничаво, така манијакално да се чипчите за Надеж 1, 2? (или за Бачило, Жарко Трајаноски тоа баш фино го објаснува). Еве, дури и да е вистина дека Иванови отац&син и лицето БЦ директно у џеп свиткале пола милион евра, па, велам, што е тоа во однос на фамилијата која најмалку иљаду пати, во разни форми, свиткала бар по еден милион евра изминативе пет години?! Разбирам ја, изродбенички шупци, дека многу ви е стало до горда поштена&чесна&мушка&несовитлива Македоња, но како ги толерирате пиздите во вашите редови (читај: Фамилијата) кои ја опустошија земјава бетер од најгладни афрички скакулци?!

Абе Шизо, не тропам јас,

Абе Шизо, не тропам јас, новинска агенција го објавува ова, или ти само веруваш на медиумите на чесниот Велија?!

„Значи, треба да се види за што се потрошени парите од самитот. Такви средби на највисоко можно ниво - коштаат. Тоа се најдобри апартмани, услуги итн.“

:)))
Убаво се виде како се потрошиле првите 300 и кусур илјади евра, народни пари нормално, во првата афера Нада. Кошта хартијата дааа, хартијата трпи се, па и јаки пари нормалнооо..За овие не треба ни да видиме, се се знае, од кој и како , до кога и зошто...Треба да се види даа...

- За пенкала, тетратки и друг

- За пенкала, тетратки и друг рекламен материјал (1 позадина, 1 банер, 60 пенкала, 60 папки и 60 тетратки) 103.494 евра;

ФАНТАСТИЧНИ 103.494 ЕВРА шо

ФАНТАСТИЧНИ 103.494 ЕВРА

шо тетратки ќе беа тоа бреј..ај пенкалата нека коштаат по 1000 евра едно охохо, ама тетратките? папките?

А, стварно, дали ДПМНЕ е дел

А, стварно, дали ДПМНЕ е дел од „Пајажина“?! Живо ме интересира! Знае ли некој?! Молам да ми одговори! Или пак ќе ја стават дебилната фаца на Бичиклиски, тој е крив за се?! (нели го тужат 200 луѓе, он, дебилот, уствари е ДПМНЕ, другиве се строго поштени, цивилизирани и углаѓени; само тој несреќен имбецилен турбофолкер е ДПМНЕ; сето друго, ќе да е, се камуфлирани луѓе на Бранко ем удбаши, што значи: недодирљиви.)
Значи, уш еднаш да прашам, ко Манасиевски денес што праша, има ли фацичка од ДПМНЕ во разгранатата криминална мрежа на мрачниот Велија Рамковски?!

Бичиклиски, врати му ги на

Бичиклиски, врати му ги на народот парите од Велија! Све ти опраштаме! Ти бар одувек си плаќал данок!

parite shto gi troshi

parite shto gi troshi pretsedatelot na drzhavata gi odobruva i dava VLADATA na RM

ОкоБоли главаВицФото