Киро и Грујо: „Стариот лисец“ и „младиот петел“ (2)

20.01.2012 23:38
Киро и Грујо: „Стариот лисец“ и „младиот петел“ (2)

Како што укажав во првиот дел од написот, Груевски го започна својот подем во друштвото на политички авантуристи кои со признавањето на Тајван ја прокоцкаа стабилноста и безбедноста на Македонија.

Министер „виша сила“

Како министер за трговија, Груевски ќе остане запаметен по тоа што не присуствувал на владината седница на која била направена противуставната трговија со гигантот „Окта“. Но, „Окта“ подоцна во меѓународен судски спор ќе искористи изјави на сведокот Никола Груевски, како и две негови потпишани писма како министер за трговија. Писмата потпишани од Груевски се третирани како „виша сила“, а како резултат на инструкциите од „вишата сила“, Македонија требаше да исплати огромни суми отштета.

Како министер за финансии, Груевски ќе остане запаметен по воведувањето на ДДВ и фискалните сметки, како и по кампањата „Купувајте македонски производи“. Дефинитивно, неговите „портокалови тендероиди“ ќе останат запаметени како доследни купувачи на македонски производи: на автобуси од Кина и Украина, на споменици од Италија, на восочни фигури од Украина, на скапи слики за музејот на ВМРО од Бугарија, Украина и Русија, на струја од Бугарија, на „бесплатни“ канти за ѓубре увезени од Грција!

10 години Влада со Груевски

Груевски ја напушти министерската функција во 2002, кога на Македонија буквално ѝ се закануваше безбедносна, меѓуетничка и финансиска катастрофа. Дојде на премиерската функција во 2006, затекнувајќи ја Македонија како стабилизирана од конфликтот во 2001, со економски раст и кандидат членка на ЕУ.
Груевски дојде на власт ветувајќи намалување на сиромаштијата и невработеноста, зголемување на животниот стандард, привлекување на странски инвестиции, зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.

Во шестата година од неговото неприкосновено владеење, во успехот на неговите реформи се сомневаат дури и неговите најгласни поддржувачи. Дури и мегафоните на „Преродбата во 100 чекори“ почнаа да прогледуваат: „врви шестата година откако се почнати суштинските реформи во повеќе области... нели е ред и ние граѓаните на оваа држава да видиме аир од тие промени“ (Мирка Велиновска).

Десетта година како Груевски е во Владата, а Македонија останува шампион во сиромаштија и мизерија. Македонија е на дното во прилив на странски инвестиции во регионот, а постепено стана и енергетско и сообраќајно „слепо црево“ на Балканот. Невработеноста не се намалува со отворање на нови работни места, туку со бришење на невработените и вработување на партиски кадри во прекубројната и неефикасна јавна администрација. Една реченица од славниот „Отчет“ на Груевски е најилустративна за економските успеси на „Преродбата“: „Отворени се 36 народни куjни од 2006 до 2010 година“.

Најголемите успеси на Груевски

Груевски се фали дека ги постигнал следниве големи успеси: визната либерализација со ЕУ, добивање на три позитивни препораки за започнување на преговори од Европската Комисија, победа во судскиот спор во Хаг за грчкото непочитување на „Привремената согласност“ од 1995.

Несомнено, визната либерализација е успех, но го постигнавме истовремено со Србија и Црна Гора кои заостануваа зад нас кога Груевски дојде на власт во 2006. И позитивните препораки се успех, но какво фајде од нив кога наместо датум за преговори, од Брисел добивме најави за одземање на препораката за преговори.

Какво фајде од правната победа во Хаг кога истата, барем засега, не ги отстранува препреките за нашиот прием во НАТО? Како е можно Груевски да се фали со правната победа во Хаг (повикувајќи се на правата од „Привремената согласност“) и истовремено да ја оценува „Привремената согласност“ како „жива катастрофа“?

Најголемите неуспеси на Груевски

Груевски не успеа да ја намали сиромаштијата и да го зголеми животниот стандард. Груевски не успева да ги донесе ветените 8 милијарди евра инвестиции. Груевски ги закопа млекарите со „Титаникот Сведмилк“, тутунарите со партискиот откуп на тутунот, а другите земјоделци со партиската распределба на земјиште и субвенции.

Груевски не успеа да ја внесе Македонија во НАТО и да започне преговори за членство во ЕУ. Кога Груевски дојде на власт, постигнувањето на компромис со Грција не беше ниту услов за прием во НАТО, ниту услов за почнување преговори со ЕУ. Откако Груевски почна да гради националистички култ кон Александар Македонски, политиката на НАТО и ЕУ кон Македонија значително се промени, а Македонија почна да го губи својот меѓународен углед и своите пријатели.

Назадувањето на Македонија е забележително и на листата на ОН за човеков развој. Во 2006, Македонија беше на 66 место, а во 2011 е на 78 место. Албанија во 2006 г. беше седум места зад нас на листата, а во 2011 е осум места пред нас, и покрај тоа што и таа беше погодена од истата економска криза! Како резултат на економските и политичките неуспеси на Груевски, Албанија ни станува буквално Запад.

Груевски и „Скопје 2014“

Најголемиот капитален проект по кој ќе остане запаметена владата на Груевски е проектот „Скопје 2014“. Претходница на овој проект беше самоволната одлука на премиерот за изградба на државна црква на градскиот плоштад, која предизвика граѓански протести и меѓуетнички немири во 2009. Студентските протести против изградба на верски објекти на плоштадот беа насилно прекинати од страна на мобилизираните партиски активисти и верски фанатици.

Откажувајќи се од идејата за државна црква на плоштадот, Груевски продолжи со бесправното градежно узурпирање на центарот на Скопје, пропагандно маскирајќи го како „Проект Скопје 2014“. При пуштањето на објектот „Порта Македонија“ (4.4 милиони евра), Груевски изјави за „Скопје 2014“: „Да, јас стојам зад овој проект, сметам дека е добар, квалитетен и корисен и дека нема ништо лошо во него.“ Очигледно, премиерот смета дека е добро да се гази по законите и да се градат милионски споменици кои се протуркани како „спомен обележја“ од локално значење.

Додека една третина од народот тоне во сиромаштија, премиерот смета дека е добро да се вложуваат неколку десетици милиони евра во триумфална капија, фонтани со воини на коњи и воини без коњи, партиски музеј со восочни фигури, во градски плажи со тропски палми покрај загадениот Вардар и во водоскоци што прскаат со фекалии. Очигледно, за премиерот нема ништо лошо во тоа што не смее да се дебатира за ревизорските извештаи за „Скопје 2014“ во Собранието (единствено надлежно за градба на споменици) и што се гази по изборната волја на граѓаните на општина Центар.

Ако граѓаните го поддржуваат „Скопје 2014“, зошто тогаш на парламентарните избори граѓаните на Центар дадоа неколку илјади гласови повеќе за опозицијата? Најпосле, за премиерот е очигледно корисно да се вложуваат стотици милиони евра во центарот на Скопје и драстично да се зголемува јазот на сиромаштијата и невработеноста помеѓу Скопје и остатокот на Македонија.

Гушење на демократските слободи и права

Сепак, она по што ќе остане најмногу запаметен режимот на Груевски, е гушењето на човековите права и слободи проследено со енормно скапа државна пропаганда која ги легитимира властодржците, а ги етикетира сите јавни критичари.

Наместо да ја насочи својата политичка енергија во борбата против сиромаштијата и невработеноста, Груевски потроши најмногу политичка енергија во обидот за „конечна пресметка“ со политичките конкуренти, неистомислениците и критичарите на неговото владеење.

Груевски и демократијата се два противречни поими. Груевски ќе остане запаметен како премиер што сам си нарачува пратенички прашања. Неговите пратеници ќе останат запаметени како „горди послушници“. Груевски ќе остане запаметен по организирањето на катастрофалните насилни избори во 2008 година, популарно нарекувани „касапаана“. Груевски ќе остане запаметен и по валканата победа на изборите во 2011. Изнудена со жестоки притисоци врз вработените во администрацијата, со полициски упади и судски притисоци врз критичките медиуми, со жестоки притисоци врз политичките конкуренти кои беа следени, прислушкувани, „местени“, поткупувани, „разубедувани“...

Груевски ќе остане запаметен и по апсењето на политичкиот конкурент Љубе Бошковски, неколку часа откако неговиот телохранител крвнички уби млад човек додека премиерот ја прославуваше изборната победа. Груевски ќе остане запаметен и по притисоците врз Уставниот суд и другите судови кои, за жал, стануваат соучесници во прикривање на злосторства, во прогон на критичари на системот, во драконско казнување на критички новинари и колумнисти, во штитење на владините пропагандисти кои сеат говор на омраза и раздор помеѓу граѓаните.

Во право се сите оние што го критикуваа првиот дел од овој напис, дека Глигоров и Груевски не може да се споредуваат. На „Стариот лисец“ Глигоров не му е потребна никаква восочна фигура во музејот на македонската државност и самостојност. Неговиот живот и дело се симбол на македонската државност и самостојност.

Предлагам, на „младиот петел“ Груевски, уште додека е жив, да му се изработат две восочни фигури (да не остане покус од Ванчо Михајлов). На едната восочна фигура да отвора селска чешма како „премиер на FYROM“. На другата, да издава наредба за амнестија на борците на ОНА и за лустрација на политичките неистомисленици. Двете восочни фигури да бидат сместени во посебното одделение во Музејот: „Жртвите и лагите на Груевизмот“.

Колаж: Свирачиња

epten slozeno, cakum pakum u

epten slozeno, cakum pakum u 3-4 reda sogolen gruevizmot.... si praam anticipacii kako na periodov kje se sogleduva nakon desetak godina koga2014ta vekje kje bide ubrazden.... kje ti go pastirame linkot u cel osvestenje, almighty....

Svinja 1 & Svinja 2

Svinja 1 & Svinja 2

ТУКА СТЕ СЕ СОБИРАЛЕ ЦУФКИ ВО

ТУКА СТЕ СЕ СОБИРАЛЕ ЦУФКИ ВО ЧОВЕЧКИ ЛИК? ВАКВА МЕТАМОРФОЗА Е ВОЗМОЖНА САМО КАЈ вас,вие ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА СОСТАВУВАЊЕТО НА ТРИ РЕЧЕНИЦИ Е ВРВНО ДОСТИГНУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИОТ ИНТЕЛЕКТ ))))
КОИ СТЕ ВИЕ СОРОСОИДНИ ГНАСИ ...ОЧАЈ

Токму овие коментари ја

Токму овие коментари ја даваат сликата на еден „обичен граѓанин на Македонија“, полн со омраза кон останатиот дел од граѓаните кои не се негови истомисленици. Ако овие обични граѓани се сметаат за интелекти, логично би било да нападнат со факти и на малку поцивилизирано ниво. Жалосно.

a,да...не сме на платниот

a,да...не сме на платниот список на хелените или на Сорос ))) смотани сме и глупави.Фала ти Господе,што ни ги даде овие сподоби,да не илуминираат.да ни кажат дека нашите деца е добро да се педери.што не убедуваат дека треба да сме некоја пониска врста на црви,ни рбет ни ребра,ама важно имаме рамо за БРАВО.и,супер е ова интернетот,кој стигнал некоја будалаштина напишал.секој безрбетник кој има прсти,а нема јајца очи в очи да излезе и каже.

Лудница човече ти е

Лудница човече ти е колумнава! Браво , како само ги погодуваш Вмровциве , ке пукнат од мака. Пред фактите и боговите молчат . Поздрав.

G-dine Zarko sekoe

G-dine Zarko sekoe sporeduvanje i vlecenje paraleli megu tie dve licnosti cenam deka ne se vred.Gligorov ke ostane zapameten kako div vo svetskata politika,i ogromen dzin dobrotvor za sopstveniot narod.Samo izvlekuvanjeto na sopstvenata drzava od nacionalistickite balkanski ratovi e zlaten uspeh. Za Gruevski sto da napisam;dzudze vo politikata i kolateralna steta za Makedonija./izrazot dzudze go upotrebi negoviot minister za nadvoresni raboti Milososki narekuvajki go velikanot B.KONESKI dzudzeto od Nebregovo./ Zarko ja koristam prilikava da se povika Makedonskata inteligencija vo odbrana od se posilniot nacionalizam POZDRAV.

ОкоБоли главаВицФото