Страв од казна

04.02.2012 13:28
Страв од казна

Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот. Продавницата беше оддалечена 7-8 метри од тротоарот.

Тротоарите се улици за пешаци. Тротоарот на улицата која води директно до ГТЦ е главна улица за пешаци. Кој е одговорен за чистењето на улиците и тротоарите? Дали навистина продавачите треба да добиваат казни ако не ги исчистат тротоарите? Дали секој мора да го исчисти тротоарот и улицата пред сопствениот двор? Чуму тогаш постојат „Улици и патишта“, ако не за „Одржување на улици и сообраќајници во зимски услови“?

Уплавот од драконската казна ме потсети на случката со еден таксист од пред две седмици. Кога влегов во таксито, возачот веднаш ми се извини објаснувајќи зошто не застанал на автобуската станица, туку дваесетина метри понапред: „Дежураат постојано тука, а казната е двеста евра. Казнуваат за се и сешто, и што треба и што не треба.“ Таксистот продолжи да плете приказни за политиката на казнување на нашата прекрасна влада. Најинтересна ми се виде приказната за неговиот пријател, сопственик на фирма со неколку дуќани, кој додека бил на одмор добил ургентен повик од своите вработени: „Дојде инспекција и бараат 900 евра казна“. „ А зошто бараат?“ – прашал сопственикот. „Велат – мора да ве казниме, така ни е наредено, ако баш толку инсистирате, ќе ви најдеме пропуст“. Сопственикот на фирмата дал инструкции да се плати казната. По неколку часа, пак му се јавуваат вработените на телефон: „Дојде инспекција и бараат 900 евра казна“. „Па, нели ви реков да им платите?“ – реагирал сопственикот. „Шефе, овие се од друга инспекција“ – му одговориле вработените.

Наведната глава казна не ја сече. Така размислуваа и многу новинари и невладини активисти кои поитаа да поднесат лустрациски изјави до комисијата на вечниот претседател Аџиев, иако Уставниот суд ја стопираше лустрацијата за новинарите и невладините. Ама, кој го ферма Уставниот суд во оваа држава. „Да си потпишеме ние изјава дека не сме кодоши, за да не ни репнат казна, да не случајно и нас не прогласат за кодоши“. Никој од новинарите и невладините не крена глас да праша: Кој е одговорен што не се спровела претходната одлука на Уставниот суд, која образложуваше дека „...здруженијата на граѓани и фондациите се слободни во пропишувањето услови за своите членови, но државата нема ингеренции да упатува какви услови треба да се предвидат за овие лица...“? Ако невладините активисти послушнички и молкум спроведуваат неуставни одредби со кои им се ускратуваат нивните права, можеме ли да очекуваме дека утре ќе го кренат гласот кога ќе им се прекршуваат правата на другите?

Кој е одговорен за непочитувањето на одлуката на Уставниот суд, дека лустрацијата не смее да се протега по 1991? Во одлуката од 24 март 2010, Уставниот суд образложи: „опфатот и на овој период со Законот всушност значи негирање на вредностите и институциите изградени во Република Македонија во согласност со актуелниот Устав и доведување под сомнение на функционирањето на правниот систем, односно владеењето на правото, како темелна вредност на сегашниот општествено политички систем.“ Оние што не ја спроведоа оваа одлука ги негираа уставните вредности и институции, го прекршија принципот на владеењето на правото и затоа треба да одговараат и да бидат соодветно казнети.

Ако не парализира стравот дека ќе бидеме драконски казнети од оние што заслужуваат највисока казна, тогаш можеби и заслужуваме да бидеме драконски казнети од оние што заслужуваат највисока казна. Оти, сите ние чиниме неправда и кога активно не се спротиставуваме на очебијната неправда.

Фотографии: Peter Sutherland

Од една страна се сложувам

Од една страна се сложувам дека казните кои се драконски имаат застрашувачко и коруптивно дејство наместо корективно, факт е дека во цел свет сите станари и продавници се грижат за тротоарите и скалите. Немањето на чувство за заедничко добро е поразително. Ниедно ЈП нема да ги помине сите тротоари на време. Има стари луѓе кои може да починат од некој пад на мразот а на никого не му е гајле.

Улици и патишта e toa ne e

Улици и патишта e toa ne e trotoari i dvorovi
i sekako gradot i ne e taka mal za nie da ne go cistime solidarno.
Od takvi pacienti ko tebe preku kurot samo mrcenje....zemi lopatata idi cisti si go patot

Тротоарите се дел од улиците,

Тротоарите се дел од улиците, и прво тротоарите треба да бидат исчистени, затоа што пешаците имаат предност пред автомобилите. Кој тоа не може да го сфати, треба да оди на часови по сообраќајна култура.

tamo si dolzen ti da si

tamo si dolzen ti da si cistis, mene nikoj ne mi cisti pred vrata a Koce ne mi e kriv taka da zemete si lopatite i rabotete ne drobete popara leshinari

ОкоБоли главаВицФото