Зошто Груевски се откажува од Македонците во Грција?

08.02.2012 21:25
Зошто Груевски се откажува од Македонците во Грција?

Еве што напишал Груевски во својата колумна за „спогодбата“ со Грција: „За да дојде до таа Спогодба ние сменивме знаме и устав, и се откажавме од грижа за нашето малцинство, само за да не бидеме попречени од Грција при наше зачленување во меѓународни организации, на што Грција се обврза“.

Точно е дека сменивме знаме и устав, но од грижа за нашето малцинство не се откажавме.

Во Уставот сè уште пишува:

Член 49

Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.

Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.

Овој член не беше изменет, туку беше дополнет со АМАНДМАН II:

1. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Значи, сè уште премиерот има уставна обврска да „се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија“, да „го помага нивниот културен развој“ и да „ги унапредува врските со нив“.

Зошто Груевски тврди дека „се откажавме од грижа за нашето малцинство“ во Грција? Зарем со таквата изјава не се откажува од припадниците на македонскиот народ во Грција?

Дали Груевски не го познава Уставот (иако има положено заклетва дека ќе владее согласно Уставот) или, пак, намерно манипулира со светската и македонската јавност?

а, жарко, малку ти да не се

а, жарко, малку ти да не се сакаш да манипулираш со македонската јавност, или барем онаа мала публика што досега не сте ја набркале од okno со оваа огромна огорченост?
затоа што, заборави да ја наведеш и спогодбата од 95та како референца, покрај уставот и амандманот. што пишува таму, тоа сите знаеме.

ОкоБоли главаВицФото