Градот и иднината

19.03.2012 14:16
Градот и иднината

Не е неопходно да се потсетува на тоа дека современиот голем град е нежна конструкција и лабилен организам. Доволно е да се прескокнат една или две редовни технички инјекции, па неговиот метаболизам да дојде до работ на катастрофата.

(...) Па сепак, градот е град, најдоброто и најскапоценото што ни се нуди, и токму најсилната закана е онаа што во прашање ја доведува самата идеја за градот, градот-идеја, идејата-слика, системот на метафори и тропи кој, како градските порти некогаш, мораат да се преминат за навистина да се влезе во градот.

Богдан Богдановиќ (Белград, 1922-2011) беше српски архитект, урбанист и есеист. Бил професор по архитектура на Универзитетот во Белград, каде што работел и како декан. Има напишано бројни текстови за урбанизмот, особено за неговите митски и симболички аспекти. За време на Втората светска војна бил партизан, а по војната градоначалник на Белград. Кога Слободан Милошевиќ доаѓа на власт, станува дисидент. Негови најзначајни дела се разните споменици изградени во времето на СФРЈ. Меѓународен углед стекнува со својата монументална скулптура во Јасеновац.Автор е и на Партизанската могила во Прилеп.

ОкоБоли главаВицФото