Сепак стои во место

08.02.2010 11:51
makedonskio devojce.jpg

Триумфалната капија што се предвидува да ја има во Скопје до 2014 е смешна. Повеќе личи на триумфално вратиче отколку на капија. Сметам дека ни треба нешто поголемо. Нешто што ќе почнува од семафорите кај Градска болница и ќе ја прегрнува улицата до семафорите после Собрание. Високо колку зградата на МРТВ. А на врвот – застаклен ресторан, со поглед на куполата на Собранието, црквата Св. Константин и Елена и Никола, споменикот на Александар и сл. До ресторанот ќе може да се дојде со жичара што ќе оди од ГТЦ до врвот на капијата. Дното на кабината ќе биде исто така застаклено, се разбира, за да може да се видат спомениците во Паркот на Жената борец. Така ќе имаме барем еден објект што ќе може да ја врати инвестицијата (претпоставувам дека приходите што ќе се земаат во црквата ќе одат во неповрат – т.е. во џебовите на поповите).

Има неколку официјални оправдувања за визијата за Скопје во 2014 – некои ја правдаат измешаноста на стиловите, други финансиите, трети потребата за правење на сите зданија и споменици. Најсмешна е потребата. Затоа што Македонија била поробувана до 1945 и затоа што од 1945 централните власти на СФРЈ немале интерес да градат во Скопје, сега ние ќе надоместуваме. На страна очигледниот муабет за комплекси што може да произлезе од ова оправдување, но зошто ќе се обновуваат офицерскиот дом и стариот театар (дури и се нарекува „Стариот театар“ во видеото)? Не се тоа симболи на окупаторот? Да, се согласувам дека на Скопје му треба пристојно здание за одржување театарски претстави и концерти, но зошто Стариот театар?

Најбранетиот аспект на Скопје 2014 се финансиите. Демек до 2014 оваа авантура годишно ќе нè чини само 0,5 до 1% од буџетот. Ако вкупниот трошок е проценет на 200 милиони евра, тоа значи дека буџетот на РМ секоја година до 2014 ќе изнесува од 5 до 10 милијарди евра. За земја како Македонија, тоа е прилично солиден буџет. На страна оптимизмот дека буџетот секоја од тие 4 години ќе изнесува барем 5 милијарди евра. Можно е ова со процентите да е мачкање очи, а можно е и да е точно – сепак не се разбирам во економија.

Интернет воините се вооружени со линкови до Википедија каде што се гледа дека дури и во САД се градат зданија налик на оние предвидени за Скопје 2014. Споредбата со САД е невкусна – не само што не сме им дораснати (во речиси секоја можна смисла), но и блатантната негрижа што тамошните власти ја имаат за луѓето погодени од катастрофи (на пр. жителите на Њу Орлеанс) не оди во прилог на мисијата што си ја поставува власта кај нас (грижата за сопствениот народ). А ако се споредуваме со земји со слична економска состојба (на пр. со околу 30% невработеност), тогаш ќе треба да градиме со кал и трска – нешто што исто така и ден денес се практикува низ светот.

Се изначитавме многу обвинувања деновиве за визијата за Скопје во 2014. Едни викаат дека ќе личело Скопје на Лас Вегас, други дека Хитлер имал слични мегаломански планови за Берлин, итн. Мислам дека обвинувањата се неосновани. Кога Хитлер тргнал да ги остварува плановите за Берлин, тогашна Германија веќе била на пат да излезе од калта во која се наоѓала. На овој или оној начин станала економска сила. Лас Вегас, од друга страна, е компилација од најразлични периоди и локации од светската историја – Рим, Египет, Средновековна Европа... Буквално турлитава од стилови на којашто и архитектите на „Скопје 2014“ можат да и’ позавидат. Меѓутоа секој од тие објекти заработува милиони долари годишно. Секој. Ако не заработуваа, ќе беа срушени и заменети со други. Од она што се предвидува за Скопје во 2014, речиси и да нема објект што ќе носи некаков (доволно значаен) приход. Парите што ќе се земаат од картите во музеите и театарот претпоставувам дека ќе одат за плати на вработените и одржување на објектите.

За мене, најтажното во целата приказна се мантрите на оние што ја поддржуваат визијата за Скопје во 2014: „Барем нешто се гради“ и „Барем знаеме каде ќе ни отидат парите“. За втората реченица, според власта, ќе знаеме каде одат само 0,5 до 1% од нашите пари во следните 4 години. Другите 99% повторно може да одат во нечиј џеб (и тоа под услов од овие 0,5 до 1% ниту денар да не отиде како профит или во нечиј џеб). Јас подобро ќе се чувствувам ако ги опремуваат болниците со тие 0,5 до 1% годишно. Нека се сликаат со секое купено парче газа ако треба, нема да ми смета. Или нека ги одвојат тие 0,5 до 1% за (буквално) бесплатно лекување на оние што не можат да си го дозволат. И нека се сликаат со секој пациент што излегува од ординација, нема да ми смета. Ем ќе покажат поголема грижа за народот, ем можеби ќе имаат еден глас повеќе на следните избори. Може да ги одвојат тие 0,5 до 1% годишно за решавање на проблемот со невработеноста, спречување на корупцијата и непотизмот, позитивни и корисни реформи...

„Барем нешто се гради“ е смешно. Не сè што ќе се изгради вреди да биде изградено. Погледнете ја само грдосијата што е на местото на Коцката пред ЕСМ. Или спомен куќата на Мајка Тереза. Да, факт е дека градењето – од осамостојувањето па наваму – е сведено на профитерство и речиси и да нема изградено објекти од јавен интерес. Но тоа не значи дека треба да откачиме сега и да изградиме сè што не било изградено во последниот милениум. Посебно не сега. Не во време кога има толку попаметни начини да се вложат (наместо да се потрошат) тие пари.

Ако го погледнеме проектот преку Масловата хиерархија на потреби, ние или ги тераме работите наопаку или ни се задоволени основните потреби. Според Маслов, потребата за себе-остварување и почит се на врвот (или на крај) од потребите. Пред нив е потребата за пријателство, семејство, љубов и сексуална интимност. А пред овие е потребата за сигурност на здравјето, вработувањето, имотот. Најосновните потреби се физиолошките – храна, секс, вода... Платон го напишал тоа пред две и кусур илјади години: Човек треба да е најаден и напиен за да може да се занимава со философија (уметност/наука). Ако сеуште имаме луѓе и места без основни услови за живот (на пр. селата во кои што ќе имаат безжичен интернет, ама не и водовод/канализација), изградбата на „Скопје 2014“ е, во најдобар случај, навредлива и безобѕирна. Без оглед на етничката, верската или половата припадност.

Мислам дека нетолерантноста

Мислам дека нетолерантноста кон ЛБГТ популацијата не очекував да ја најдам токму тука. Неверојатно колкава омраза...
(да се дообјаснам, се надева го читате сарказмот меѓу редови, или не? да не помисли некој вистина)

Ок си е триумфалната капија,

Ок си е триумфалната капија, и таман е голема за да помине низ неа Тоше кога ќе воскресне и ќе се врати да ја спаси оваа напатена земја

Да во право си, најглупо

Да во право си, најглупо оправдување е „барем нешто се гради“. Оти сите кога градите куќа сакате да изледа најдобро што може, да има најголема употребна вредност, а сега кога се работи за нешто што припаѓа на сите граѓани, ајде и позлатено гомно е добро, битно нешто се гради.
И патем речено, веќе имаше една афера со цените на скулптурите, а многу архитекти обвинија за нетранспарентност.

Добар виц, знаеме кај идат

Добар виц, знаеме кај идат 0.5% од буџетот. Знаеме кај идат 0.5% од 0.5-те проценти. :)

Пример:

Два милиона и триста илјади евра за 4 лава :) По 400.000 од глава и 100.000 оверхед :))

За толку пари ќе купевме прави. :) И ќе ги раневме и нив и Боки 13, 14 години.,

  Изгледа народов нема претстава колку вредат пари над 30.000 евра. :) Да кажеа 10.000 евра од лав, сите ќе пцуеја. Шта зна народ шта је милион. Ко да му објаснуваш колку има од Скопје до Велес во парсеци.

  И не им спомнуј кал и трска, да не искочи уште некоја зграда, има да вадат кал од Мртво Море и трска од сибирски езера ако треба, само да се лапне што подебела провизија.

Бар да се потрошеа асално парите, одбивам да верувам дека немаме ниту еден архитект со нови храбри идеи, кој ги следи светските трендови а можеби и има нешто свое оригинално, па а нека се градеше колку сака,

И триумф над што? НАД ШТО? /endcapslock

Не можат да триумфираат ни над сопствената глупост.
 

"Poslednive denovi neshto me

"Poslednive denovi neshto me goni da razmisluvam"( shto bi rekol Risto Vrtev) ...elem shto se moze da se napravi so 200 mil eura. Kako dete koga cekav da ni podari Suzana Mancic 5-ka na loto.( Ok, ni podari video klip nekoja decenija pokasno , ali fer ispadna) 
1.Da se dislocira Sobranie! nek se naprai novo u ..Bitola , u Struga..bilo kade..nek se mavnat od tuka i taka e gungula.Adminstrativen centar ..kako Bon u Germanija..pred da se spojat.
2.Klinicki centar, nov moderen od Ado Z ( sho bi rekol eden nash bilbord) ..i toj negde na strana... blizu Skopje neka e..Katlanovo, Saraj...plus za kusurot ushe eden vo vnatresnosta...pomal ama opremen.
3.Studentski centar( ne disperzni studii) vo Dojran! Malo gradce, fina klima, studentski grad, kampus, univerzitetot tamu, milina.Zurka, mladi, zezanje.
4.Zeleznica( tramvaj/metro) , Aerodrom...any one?
 
 
 

Да си ја средите базата, ми

Да си ја средите базата, ми го снема одговорот... Кој рекол дека се 200 милиони евра? Јас разбрав 20

Двесте се Велковски, 20 веќе

Двесте се Велковски, 20 веќе се потрошени.

Триумфалната капија била

Триумфалната капија била смешна,ваква,таква.и дрн.дрн. И се се тоа оценки на  единка без оглед дали се разбира од темата или не, но најстрашно е тоа што истиот си дава себеси право дека е  глас на народот. П.С. Дотичниот и остали фаци кои упорно се туркаат дека бранат нешто во име на народот се обични манипулатори кои бранат само нивни интереси т.е. интереси на политички профитери, и бизнис олигарси,ама од уста не го вадат народот.Премногу сте прозирни.

ОкоБоли главаВицФото