Најдобро е Косово да се здружи со Албанија

13.04.2010 16:30
Kosovo-mapa.jpg

„Многу мои пријатели, таканаречени радикални левичари се против Европската унија. Велат дека ЕУ е само механизам на големиот капитал да ги наметнува своите стандарди, побрзо да се демонтира социјалната држава итн. Можеби тоа е вистина. Но, за жал, ние сме дел од европскиот свет, без разлика дали сме во или надвор од ЕУ. Искуството покажува дека ако си надвор, ЕУ уште повеќе те искористува. Затоа да се остане надвор не е алтернатива. Алтернативата е само да се влезе внатре и во рамки на Европа да се направи обид за создавање на некоја лева коалиција. Мислам дека на светот денес му треба Европа повеќе од кога било порано“, вели Жижек.

На прашањето дали смета дека се менува политиката на Брисел кон Балканот и дали дуваат некои нови ветрови, Жижек одговара: „Тоа е така. Но, за жал, сега доаѓа критичниот аспект. Искуството барем во последните десетина години покажува дека Европа, за жал, не може да се издигне на нивото на некој сериозен проект. Но, мислам дека заради сосема одредени геополитички причини, сега нештата се подобри за Балканот“.

Дојче Веле: Како ја гледате улогата на Србија во сето тоа?

Жижек: Србија треба самата да одлучи. И тоа не само во таа заострена политичка смисла да ги признае своите злосторства во Босна итн., туку проблемот е многу посериозен. Мислам дека Србија, па и не само таа, уште навистина се нема одлучено за некоја помодерна Европа. Тука постојат делби и трауми, така што борбата сè уште не е добиена. Затоа што работата не е само во Србија. За жал, дури и на други места низ Европа јакне националистичкиот популизам.

- Според Вас, која е иднината на Косово?

Ова прашање ми предизвика многу тешкотии. Ситуацијата е прилично ирационална. Сега ќе кажам нешто апсурдно. Можеби е најдобро Косово преку некоја меѓународна координација да се здружи со Албанија. Долгорочно, тоа би било единственото рационално решение. Зашто, сосема е лудо еден ист народ да има две држави. Затоа јас бев скептичен до самостојноста на Косово. Тоа беше дел од некоја американска стратегија која, сега се гледа, долгорочно не го решава проблемот.

На пример, мене пријателите од Косово ми рекоа дека прво биле весели, а кога сакале да го изградат автопатот Приштина-Тирана требале да работат речиси скриено. Зашто меѓународната заедница е параноидна и не сака никакви потесни врски меѓу Албанија и Косово. Значи, тоа е цената што ја плаќаш ако премногу зависиш од добрата волја на големите сили. Затоа мислам дека ситуацијата ниту во БиХ, ниту на Косово не е решена. Добро, краткорочно се стабилизираше на некој начин. Тоа е подобро отколку да се води војна. Но, и во Босна и на Косово се гледа дека немаме долгорочни формули.

Разговорот со Жижек е преземен од порталот на Дојче Веле.

Извор: e-novine.com

Прочитајте ги и овие текстови од Славој Жижек

40 години по шеесет и осмата

Аватар е епска потрага по секс

Отпорот е предавство

За слободниот избор

Судирот на цивилизациите на крајот од историјата

Да и’ се покаже средниот прст на идеологијата

Од прататкото до холокаустот... и назад

Ахмадинеџат е исламофашист, а Мусави плаче по минатото

Два тоталитарни режими

Ленинистичка слобода

Прустов прашалник за Жижек

Глупав и неодговорен став.

Глупав и неодговорен став. Речиси секој народ на Балканот е населен односно раселен во најмалку две држави од регионот. Ако осамостојувањето на Косово од западните земји беше толкувано како sui generis настан без преседан, како тогаш ќе се правдаат натамошните чекори во правец на обединување на сите Албанци? И зошто Велика Албанија би била помала закана за мирот и стабилноста од, на пример, Велика Србија или Велика Хрватска или Велика Унгарија?! Жижек, добро е кога си поумен отколку што изгледаш, но не и обратното!

Сосема се согласувам со

Сосема се согласувам со ставот пред мене.

Не бе, Жижек дискретно им

Не бе, Жижек дискретно им намигнал на овие од Дојче Веле у вези Аустрија, само они не го пренесуваат смајлито-намигуша ;)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото