За самоубиствата

10.09.2010 11:56
За самоубиствата

Бројот на самоубиствата во светот секоја година се зголемува, претставувајќи значаен процент во стапката на смртноста  на луѓето. Погледнете неколку статистики кои ќе ви овозможат основни информации за самоубиствата и нивните жртви.

1. Во светот годишно се извршуваат околу 1 милион самоубиства. Тоа значи дека на секои 40 секунди се самоубива по едно лице. Во последниве 45 години стапката на пораст на самоубиствата изнесува 60%.

2. Во САД дневно се случуваат по 91 самоубиство, или на секои 16 минути по едно лице си го одзема животот.

3. Јапонија има една од највисоките стапки на самоубиства во индустријализираниот свет. 2009-та година беше дванаесеттата година по ред во која над 30 000 лица си го одзеле животот. Најчестите причини за самоубиство во Јапонија се невработеноста, социјалниот притисок и депресијата. 70% од јапонските самоубијци се мажи.

4. Самоубиството во Јапонија е водечка причина за смртноста кај луѓето под 30 години. Скокањето под воз стана толку популарен начин да се прекине животот што железничките компании им плаќаат отштета на семејствата на самоубијците.

5. Телефонските линии за помош и одвраќање од самоубиство во Јапонија неделно добиваат по 1300 повици.

6. Се проценува дека 12-25 обиди за самоубиство се неуспешни на секој еден успешен обид. Во САД секоја година 33 000 луѓе извршуваат самоубиство, што значи дека околу 825 000 имаат неуспешни обиди.

7. Самоубиството е на седмото место од причините за смртноста кај мажите, и на шеснаесеттото место кај жените. Четирипати повеќе мажи се обидуваат да си го одземат животот во однос на жените. Жените, пак, во трипати повеќе случаи користат отров како средство за самоубиство. 56% од мажите користат огнено оружје, а 31% од жените се одлучуваат на истото.

8. Над 90% од луѓето кои се самоубиваат страдаат од ментални пореметувања или биле жртви на злоупотреба.

9. Една третина од самоубијците биле под дејство на алкохол во мигот кога си го одзеле животот.

10. Во суштина, податокот дека најмногу самоубиства се случуваат за време на празниците претставува мит. Всушност, стапката на самоубиства е најмала во месец декември.

ОкоБоли главаВицФото