Конкурс за краток-краток расказ (втор дел)

21.01.2011 15:59
konkurs-za-kratok-raskaz---vtor-del_1.jpg

Повторно го распишуваме конкурсот за краток-краток расказ!

Редакцијата на веб порталот Окно ве повикува да учествувате во наградниот конкурс за најдобар краток-краток расказ.

Конкурсот трае од 21 јануари до 7 март 2011 година и ќе биде реализиран во два циклуси од по три недели. На крајот од секој циклус ќе бидат доделени по 3 награди. Првата награда е 7, втората 5, а третата 3 книги во издание на издавачката куќа Темплум.

Секој учесник во рамки на секој циклус може да испрати најмногу 5 кратки-кратки раскази.

Секој краток-краток расказ не смее да биде подолг од 1200 знаци (заедно со празните места).

Нема никакви ограничувана од тематски или жанровски вид.

Расказите можат да бидат потпишани со вистинското име или со псевдоним.

Еднаш неделно на Окно ќе биде објавуван неделен избор од пристигнатите текстови.

Расказите можете да ги испраќате на адресата: redakcija_okno@yahoo.com.

Ветувањето за објавување на најдобрите раскази од минатиот конкурс во книга останува. Но, поради недоволен број раскази решивме книгата да ја составиме од најдобрите раскази од овој заедно со најдобрите раскази од претходниот конкурс.

Во продолжение ги објавуваме 14 раскази, дел од минатиот конкурс, кои студиото за дизајн Кома ги искористи за да направи календар за 2011 година. Во оваа пригода од Кома уште еднаш им се заблагодаруваат на авторите кои дозволија нивните раскази да бидат објавени.

 

колку симпатичен календар.

колку симпатичен календар. Расказите се топ, како исечоци од мали втиснати вечности. Каде можам да го набавам календарот ако може да ми одговори некој од уредниците?

Бидејќи календарот ви се

Бидејќи календарот ви се допаднал, доколку сакате можете да поминете во просториите на студиото за дизајн Кома (во трговски центар Олимпико) или во просториите на Окно (Порта Буњаковец) и да добиете бесплатен кландар.

Поздрав,

Владимир

Kolku raskazi mozam da

Kolku raskazi mozam da pratam, i ako prakjam povekje moram li site odednash?

Во конкурсот е прецизно

Во конкурсот е прецизно наведено дека можете да испраќате најмногу пет раскази во текот на неделата. Следната недела исто така можете да испратите најмногу пет раскази. И во неделата по неа исто. И така се’ до 7-ми март.

Благодарам на одговорот,

Благодарам на одговорот, изгледа читајќи сум ја испуштила таа информација :)

Што се однесува до вториот

Што се однесува до вториот дел на Вашето прашање, би било пожелно да ги испратите сите раскази одеднаш.

Браво за АФЕНИ - НАДЕЖ :)

Браво за АФЕНИ - НАДЕЖ :)

Шубоо, ќе си читаме...

Шубоо, ќе си читаме...

Да, баш шубо,да ни тини глата

Да, баш шубо,да ни тини глата од политички глупости, одлични текстови, бравос...

Lizard Queen не е Марија

Lizard Queen не е Марија Стојанова, туку Lizard Queen.

Благодарам Ѓорѓи што ни

Благодарам Ѓорѓи што ни појасни. Инаку, во конкурсот не е прецизно наведено дека може да се испраќаат по 5 раскази секоја недела, туку е прецизно наведено:„Секој учесник во рамки на секој циклус може да испрати најмногу по 5 кратки- кратки раскази“. Погоре е кажано дека секој циклус опфаќа 3 недели, од што логично следува:најмногу 5 раскази во рок од три недели. Па, ако идејата ви е да се испраќаат најмногу по 5 раскази во секоја недела,( што патем речено и мене ми одговара-така беше и во претходниот конкурс), тогаш ве молам корегирајте се во текстот за условите за конкурсот за да немаат недоумици оние „потенцијални“ учесници на конкурсот кои по некоја случајност не би ги прочитале овие корисни коментари и би се задржале на тоа што е прецизно наведено во конкурсот.

Ne mozam da pratam na vasata

Ne mozam da pratam na vasata strana ima nekoj problem ..imate napisano adresata kade sto treba da prakame ama mi vika eror koga ke prakam :).ako moze da mi kazete tocno kade da vi prakam moi raskazi,
Vi blagodaram; :)

Зара гарант ја копираш и

Зара гарант ја копираш и точката (погледни поубаво) се случува :D

Зора се извинувам

Зора се извинувам

ОкоБоли главаВицФото