Што е љубовта?

23.02.2011 14:22
Што е љубовта?

Доколку сте заљубени и љубовта ви е една од поважните нешта во животот, не ви треба посебен празник, туку во неа вие уживате секојден. Истото го мисли и Хауард Хјул, загадочен и современ Купидон, кој на својата интернет страница howardhule.com објавува кратки, но слатки цитати за „најважната работа во светот“.

Оваа страница секојдневно се обновува со по една нова порака, а неговата цел е да ви го разубави вашето секојдневие. Принципот е едноставен: секој ден по една мисла, една илустрација и една насмевка на вашето лице кои одговараат на прашањето „Што е љубовта?“.

Хауард нагласува дека овој проект го започнал од интимни причини, а луѓето околу него реагираа на симпатичните пораки. Тој додава дека неговите пораки немаат намера да имаат конкретна смисла, туку желбата повеќе му е луѓето на лично ниво да се поистоветат со самите нив.

Еве мал избор од „љубовните“ пораки.

Извор: howardhule.com