Twitter треба да добие Нобелова награда

10.07.2009 14:42
twitter___.jpg


Twitter треба да добие Нобелова награда за мир за улогата што ја имаше за време на граѓанските нереди во Иран, вели еден поранешен советник за безбедност на ОН.

Mark Pfeifle вели дека страницата за микроблогирање беше клучна за обезбедување документи и докази за кризата во Иран која се случи минатиот месец по претседателските избори. Тој вели дека секој час биле испраќани повеќе од 220 000 пораки од Иран низ Twitter.

„Кога традиционалните новинари беа присилени да ја напуштат земјата, Twitter стана прозорец кон светот низ кој видовме надеж, хероизам и ужас“, изјави тој. „Се претвори и во новинар, и во продуцент, и во уредник. И токму поради ова, Twitter и неговите создавачи треба да бидат земени предвид за Нобеловата награда за мир“, пишува тој во Christian Science Monitor.

Меѓу претходните добитници на оваа награда се и Мајка Тереза, Мартин Лутер Кинг и Далај Лама.

Минатата година ја доби поранешниот фински претседател и дипломат Марти Ахтисари, кој беше специјален пратеник на ОН во спорот на Србија со Косово.

Господинот Pfeifle ја спомена оваа идеја кога даваше интервју за американската телевизија Fox News минатата недела.

„Twitter го критикуваат дека залудно ви го троши времето - но тоа е начин да ги информирате пријателите за вашиот живот со 140 карактери“, рече тој. „Но во минатиот месец, 140 карактери беа доволни за да блеснат низ иранскиот мрак на угнетувањето и да го постават Twitter на ниво на информативна агенција“, додаде.

 

ОкоБоли главаВицФото