Исповед во архиепископијата

28.11.2011 12:38
Исповед во архиепископијата

Штотуку се разденува, додека господинот Никола Груевски, пикајќи ја брадата во кренатата крагна на капутот, следен од шефот на обезбедувањето кој му го придржува купот чадори над главата, граби кон страничните врати на скопската архиепископија. Низ зградата се слеваат жолти поточиња. Во специјалната вип исповедалница Груевски влегува речиси нечујно, сигурен дека никој не го видел. Мирис на евтина колонска вода. Низ густите дрвени решетки се наѕираат цртите на лицето на свештеникот. Премиерот длабоко вдишува и издишува, храбрејќи се. Телото повеќе не трепери, тој е подготвен да си ја олесни душата.

- Грешев, оче – вели на начин кој звучи решително.

- Грешевте блудно? – благо враќа баритонот од другата страна на дрвените решетки.

- Не, за жал, многу малку... Но мојот грев, пред сè, е политички.

- Значи, нешто сериозно. Кажете...

- Можеби поради своите политички амбиции сторив нешто... нешто... не знам како да ви кажам... тоа не можам да го изречам на ниедно место освен овде...

- Слободно кажете, господине. Не сте во Собранието да лажете и мавтате, туку на исповед. Ова останува меѓу нас.

- Можно е да извршив национално предавство! Ете, успеав да го кажам. Иако не ми беше намерата. Можно е политичката амбиција да ме доведе до нешто толку страшно, до предавство на националните интереси.

- Тоа е затоа што ве обвинуваат дека спремате компромис за името?

- Така е, гледам дека сте добро информирани. А тука е уште и „манифестот за Македониум“ на македонските интелектуалци и естрадњаци.

- Оставете ги интелектуалците и естрадњаците, господине. Тие ви се каша-попара.

- Како мислите?

- Па, кога ќе се собере едно такво шарено друштво, од Венко Андоновски и Гоце Смилевски до Дарко Митревски, Калиопи и Марин Докузовски, и тоа за да апелираат на „верност кон Македонија“, тогаш сето тоа е сомнителна роба, од а до ш. Тие изјавуваат „верност кон Македонија“ за да ги утврдат своите нови идентитети. Верувајте, како исповедник, најдобро знам колку „верноста“ е преценета доблест. Ништо вредно за општото внимание, а богами ни за приватната исповед.

- А компромисот за името?

- Е, тоа е веќе сериозна работа. За тоа навистина, ако ја закашкате работата, ќе ве обвинат за национално предавство.

- Ете, гледате. А не ми беше тоа намерата, жими сè. Аместијата на злосторниците од ОНА ја потпишав поради ниските прагматични побуди. Се каам длабоко во себе. Свесен сум за својот грев. Бев слаб и себичен. Молам да ми одредите казна, оче, и да ми дадете прошка.

- Почекајте малку, господине. Јас воопшто не мислам дека сте згрешиле нешто. А Севишниот, се плашам, во оваа прилика е принуден да мисли со мојата глава, хе-хе-хе.

- Не мислите? Но, и комисијата на вашата црква се изјасни против амнестијата на хашките случаи...

- Тоа не е моја комисија, да се разбереме, туку комесаријат за т.н. световни прашања, а јас сум само скромен исповедник... Еве како гледам на тоа, господине: ако од една страна имаме претседател на влада, и тоа влада која се смета за националистичка, а од друга страна врвот на Црквата кој владата ја обвинува за предавство на националните светости, не е ли тоа одлична препорака за некое подобро утре? Зошто тој напредок би го сметале за личен грев?

- За што зборувате вие?

- За национализмот, се разбира. Фактот дека Црквата така агресивно се вмеша во обидот за решавање на македонско-албанските проблеми, и дури ја обвини политичката власт за предавство, само ја потврдува тезата дека национализмот не се спроведува како чиста идеологија, туку како световна идеологија. Сега е прилика да се врати во природното живеалиште, во рамките на институцијата која и формално се занимава со задоволување на верските потреби на граѓаните. Црквите нека се заминаваат со религиите, а партиите со политиките, така ли е?

- Ништо не ве разбирам, оче. А тоа дека национализмот бил религија првпат слушам.

- Реков дека се практикува како религија, и тоа од световен тип. Нема сомнеж. Ако подобро погледнете, целиот митолошки репертоар на секој национализам е всушност преземен од еврејско-христијанските свети списи. Секогаш постои некој избран народ, секогаш постои некоја ветена земја, односно, свето тло, секогаш има некоја група злобни непријатели и, се разбира, месијанство, постојаниот копнеж за водачот кој ветува спас. Сето тоа е проклето досадно. Фала му на бога, вие ги прокоцкавте вашите месијански шанси.

- Зошто? Бидејќи десет пати се сретнав со душманот Папандреу?

- Не само поради тоа, иако ни тоа не е безначаен фактор. Попрво бидејќи го осквернавивте култот на светото тло.

- Тоа не ми беше намерата, веќе ви реков. Ама сигурно Македонија нема да биде територијално загрозена. Мала е можноста за тоа. Поради таа можност длабоко се каам, и затоа дојдов овде.

- Ама, немате зошто да се каете, господине! Сите знаат дека расправиите за името се најобични глупости. Македонија како почва, како територија, во случајов не вреди ни да се спомене. Но како митска претстава има голема важност. Ме следите?

- Едвај...

- Вашиот грев не е во тоа што сте и’ нанеле евентуална штета на државата, бидејќи во секој случај таа е мизерна – и државата и штетата – туку во тоа што ги прегазивте религиозните завети, канонските места на националната веросиповед. Од гледна точка на владејачкиот национализам, се однесувавте како закоравен неверник. А најслатко е тоа што вие сте на власт, па тој вид предавство има лековити особини и, што се однесува до мене, не спаѓа во гревовите.

- Да бидам искрен, Бранко Црвенковски беше многу полош. Не заборавајте дека во спогодбата со Грците тој сакаше да им го отстапи македонското име на Грците, но јас не им го дадов. Само ја оставив можноста тоа да го направи некој друг, некоја меѓународна комисија. А можеби ни тие нема да им го отстапат, засега не можеме да знаеме.

- Со сета почит, Бранко Црвенковски е предавник од мал формат. Неодлучен, лабав, никаков. Го имаше недостатокот дека фигурира како предавник уште од осамостојувањето на Македонија, па никој не можеше да го изненади. А во периодот додека беше на власт повеќе и’ се додворуваше на Црквата отколку што и’ беше верен на својата предавничка работа. Но вие, мил господине, вие сте огромен потенцијал!

- Молам?

- Вие би можеле да станете велепредавничка икона! Просто, ги имате сите потребни работи. До вчера устата ви беше полна со Македонија, верно ги делевте солзите на античката патетика, кога зборувавте слушателите беа засипувани со нежни бранови национален романтизам, во секој миг бевте спремни да го вперите прстот во предавниците на македонството, вклучувајќи го и блажениот Бранко, а сега – величествено! – настапувате како Бранко со педигре: спремни сте да ги ставите националните светости на коцка на меѓународната арбитража! Тоа го нарекувам ударна катарза!

- Оче, вие сте ми многу чуден! Навистина не очекував ваков разговор на ова место. Не се чувствувам подготвен за тоа. Збунет сум, а и ме чекаат некои важни состаноци. Дојдов чесно да си го признаам својот грев, да изразам каење, очекувајќи прошка од вас. И ништо друго.

- Но зошто? Зошто каење, господине? Нештата се одвиваат многу добро. Еве, сега и грчките владици јавно ги нападнаа македонските. Утре македонските уште пожестоко ќе им одговорат на грчките. Па, тоа се одлични вести. Тоа се првите знаци на оздравување.

- Што има тука здраво?

- Доаѓа до здраво разграничување, и тоа без меѓународна арбитража. Политичарите се занимаваат со својата работа, мирно и неоптоварено, а црквите се занимаваат со ширење на национализмот, што е природно, бидејќи национализмот се консумира како религија. Веќе се изморивме од тоа политичарите да ја промовираат религијата и да настапуваат како свештеници. Многу е полесно да трпиш свештеници кои настапуваат како политичари и го прозиваат премиерот за велепредавство.

- Оф, мене ми е многу жал за тоа...

- Пак со вашето цвилење... Обидете се да разберете, господине: тоа што се случи фронтален судир меѓу вашата партија и православната црква е политички поважно од секој исход на преговорите со Грците. Топло се надевам дека е само почеток. Ако се случи некој сериозен раскол меѓу Црквата и ВМРО – нешто радикално и непомирливо – тоа би бил најсолидниот залог на можниот пат кон политичката нормалност. Опасноста, се разбира, е дека вие и вашата партија ќе се поколебате и ќе потпаднете под уште поголемо влијание на верските тутори. Веќе е прилично лошо што ми цивкате на исповедта како некоја тинејџерка и ме принудувате да ви ги простам гревовите.

- Што значи тоа? Дека нема?

- Ќе ви ги простам, ако признаете дека не сте згрешиле.

- Ама тоа е бесмислено!

- Не, тоа е единствено смислено.

- Тоа е бесмислено, оче! И знаете што – со денови се подготвував за оваа средба. Собирав храброст. Потешко ми беше да дојдам овде отколку да се сретнам со Папандреу. Но собрав сили и ви ја отворив душата. И сега вие студено ми велите дека националното предавство не е грев. Како можете да ми кажете такво нешто?! Јас, која сум Македонец и православец пред сè.

- Видете, господине, вашата партија досега прикажа стотици национални предавници. Со ваша заслуга националното предавство стана најодвратна флоскула и препорака за политичка елиминација. Заедно со свештенството ја поделивте целата сцена на верници и предавници. А сето тоа бидејќи од луѓето баравте да и’ бидат лажни верници на Македонија, наместо да ги придобивате со вашите политички идеи. И тогаш националистите ве нападна,а кога се осмеливте да скршнете од тој пат. Сега е можноста еднаш да расчистите со тоа. Да ги рехабилитирате лажно обвинетите. Сосем конкретно: водачот на ВМРО кој јасно се изјаснува како национален предавник и не го смета тоа за никаков грев, според мене, е феноменална платформа за изградба на политички здраво општество!


- Не сте нормален! Што сакате од мене, човеку!

- Сакам да ве охрабрам да истраете во политиката на предавство. Овој народ долго копнееше за национален предавник кој ќе го поведе во подобро утре. Би можело да се рече дека во овој миг националното предавство е примарниот национален интерес. А патронатот над македонството оставете и’ го на Црквата, па таа ќе го негува на службите, наместо вие да ни ги држите. И онака луѓето во недела одат во трговските центри.

- Не можам да верувам дека слушам вакви работи од вас! И тоа среде религиозен објект! Не ми се верува! Вие сте... вие сте... да не сте на некоја дрога, оче? Да не сте пиеле нешто?

- Три-четири чашки...

- Четири чашки! Само што се раздени... Па, вие сте пијан, оче! Затоа сте се намирисале толку со колонска вода. Да замаскирате...

- Ви се молам, што се четири чашки за олкав поп...

- Како не ви е срам! Се појавувате таков на ова свето место!

- Што ми фали мене на ова свето место?

- Пијан сте, оче! Сред црква! И претходно имам забележано дека ви се плеткал јазикот. А и често се чешкате по главата.

- А не, тоа е од ветрот. Кога егејскиот ветар е силен, знаете, силно ме чешаат рокчињата.

Линк до оригиналниот текст

Колажи: Свирачиња

мрзам педери, дволични,

мрзам педери, дволични, шиптари, бугари, фолиранти, транзициони богаташи, лажови, веднаш да се знае, рече одделканиот отпупен идиот мрленко смрдоф, и продолжи, сакам курви, „оф роуд говнарења срање“, сакам да ебам крави лајнарки, сакам да лежам и да ме ебат а ја да пушам кохиба и курот на пастирот, сакам да му го цицам курот и на шпљатас и да мешам сперма со џејмисон, сакам шише корона да ми го начукаат у шупак и да ми го посолат. тоа сакам, и сакам некој да ме дупи со сета сила, рече морленко.

ја сум фашистичкото копиле,

ја сум фашистичкото копиле, рече морленко.

ОкоБоли главаВицФото