За министерката Гордана Јанкуловска која нема поим од право

16.09.2013 07:59
За министерката Гордана Јанкуловска која нема поим од право

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ни соопшти дека ги уапсила паркобраните за да ја одбрани демократијата.

Јас, како доктор по правни науки и професор по предметот Правна држава и човекови права, тврдам дека со актот на лишување од слобода на луѓето кои протестираа против уништувањето на зеленилото и со активностите поврзани со изградбата на државните градби на местото на последното зелено парче во овој предел, владата и министерката за внатрешни работи прекршија/не испочитуваа пет закони:

1. Член 4, 5, 7, 11, 12, 15 и 63 од Законот за заштита на природата.

2. Член 16 и 23 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја

3. Член 3, 6, 12, 13, 14, 17, 19, 25, 61, 85, 90, 91 и 159 од Законот за животната средина

4. Член 3, 5, 9, 10, 16 и 161, од Законот за сопственост и други стварни права.

5. Член 35, 46 и 80 од Законот за полиција.

Кога власта ги прекршува/не ги почитува/не ги спроведува законите, луѓето имаат право да се побунат. Јавното изразување на незадоволството и барањето одговорност е демократско средство на влијание на граѓаните врз власта.

Отсуството на соодветна реакција на власта на вака изразеното мислење претставува убивање на демократијата.

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk
Слика: Свирачиња