13 чудни начини на кои луѓето откачуваат

03.09.2010 11:45
13 чудни начини на кои луѓето откачуваат

Не нè сфаќајте погрешно – ние не го поддржуваме користењето и злоупотребата на дрогите и алкохолот. Постојат многу примери за нивното разорно дејство врз животот на една личност. Сепак, добро е да се знае како луѓето „откачуваат“ во остатокот од светот.

1. Во 2007 г., во Канзас Сити, САД, еден човек беше уапсен поради поседување жаба од видот Колорадо ривер. Човекот го вадел и го сушел отровот од организмот на жабата кој содржи Буфотенин, еден вид халуциногена материја.

2. Една статија во New York Times од 1998 г. открива дека децата кои живеат на улица во Замбија се дрогираат со т.н. Џенкем, испарувањата од ферментираниот човечки измет.

3. На југот на Франција, во 2006 г. двајца мажи биле згрижени во болница откако изеле Sarpa Salpa, еден вид риба која може да произведе психотропни ефекти доколку се изеде нејзината глава. Еден од нив халуцинирал цели 36 часа.

4. Во САД, некои тинејџери се обидувале да се издрогираат со зачинот Nutmeg. Овој зачин предизвикува благи халуцинации и топло чувство низ екстремитетите. Но негативните ефекти од неговата злоупотреба се мачнина, вртоглавица, сува уста, лоши халуцинации и ужасна главоболка.

5. Едно британско истражување од 2005 г. покажа дека 75-85% од испитаниците пријавиле дека доживеале халуцинации и визии откако консумирале 20 грама сирење од марката Stilton.

6. Поради зголемувањето на цените на алкохолните пијалоци со цел борба против алкохолизмот, во Русија е забележана зголемена злоупотреба на шпиритусните течности. Со други зборови, луѓето почнале да пијат средства кои содржат и до 97% алкохол, како, на пример, лосиони за после бричење или медицински алкохол, т.н. шпиритус.

7. Во Кенија, домашно направениот алкохол наречен Чангаа често се меша со авионско гориво за да се зголеми неговиот ефект.

8. Уште пострашен од овој е податокот дека исто така во Кенија се пие Кироро, чисто авионско гориво.

9. Во Словенија, Salamander Brandy се произведува со традиционално бренди во кое се потопени гуштери од видот саламандер, кои испуштаат отров во самодобрана. На тој начин се добива производ кој е доволно силен како ЛСД и екстази заедно.

10. Во затворите низ светот, затворениците се опиваат со Пруно, напивка која се прави од ферментирано овошје, шеќер и кечап.

11. 22 мажи починаа во Пакистан во 2007-та поради труење со бакарен формалдехид откако испиле Тара, домашен алкохол кој се претвора во чист отров доколку предолго стои.

12. Ескимите и другите племиња во Сибир „откачуваат“ пиејќи ја мочката на лицето кое консумирало печурки од видот Agaricus и Fomes.

13. Последната забележана појава на „откачување“ е онаа во која од одредени интернет страници за симнување музика можат да се симнат песни чие слушање низ слушалки предизвикува психолошки ефекти слични на оние кои се појавуваат по пушењето марихуана.

Извор: cracked.com

Nutmeg e индиско оревче

Nutmeg e индиско оревче

 Што се однесува за 13 точка

 Што се однесува за 13 точка се работи за iDoser и иако има одредено дејство сепак неможе да се каже дека луѓето "откачуваат". Се работи за синхронизирање на мозчните бранови со одредени звуци за да се добие ефектот кој може да биде од симулирање на секаков вид на опојни средства до звуци за медитација, релаксација, против главоболка и слично.

Свеста чекореше сама по улицата во потрага по своето отелотворение.