Пораз на несудениот српски Лукашенко

21.05.2012 12:00
Пораз на несудениот српски Лукашенко

Со изборната победа на Томислав Николиќ на претседателските избори, српското општество доби отрезнувачка шлаканица, што е сепак далеку подобар исход одошто демократијата на волјата на граѓаните да е жртвувана на олтарот на лажно генерираната теза дека Борис Тадиќ е помало зло од неговиот противкандидат. Со оглед на веќе некое време соголената вистина дека Борис Тадиќ одамна не е демократ од ковот на Ѓинѓиќ, ниту Николиќ е сè уште истиот радикал од шешељевска провиниенција, изборниот резултат може да се сфати единствено како пораз на досега невидената ароганција на несудениот диктатор и сите оние кои поради интерес или заблуди го промовираа како најголема вредност на политичкото небо на Србија.

Кога на прв поглед ќе се споредат разултатите од првиот и од вториот круг на претседателските избори, неочекуваниот пресврт кој следеше јасно покажува дека причините за изборниот пораз на Тадиќ треба да се бараат во настаните кои се одиграа изминативе две недели. Резултатите од првиот круг на изборите јасно покажаа дека четиригодишната, речиси апсолутна власт на Тадиќ, која помина без никакви позитивни резултати, не беше доволна причина своето масовно незадоволство граѓаните да го преточат во најголемата опозициска партија. Сериозната поддршка за Николиќ изостана и во вториот круг, но со една сосем изненадувачка новина – масовна апстиненција на сите оние кои, без никакво рационално упориште, режимските стратези очекуваат дека во вториот круг ќе го поддржат Тадиќ.

Охрабрени што граѓаните не ги казнија со губење на власта по парламентарните избори, кругот луѓе околу Борис Тадиќ прерано започна со ширењето победничка атмосфера која кулминираше со објава на договорот со социјалистите на Дачиќ за формирање ново собраниско мнозинство. Во желба да ги демотивираат поддржувачите од спротивниот табор, режимските гласноговорници со денови ги експлоатираа податоците дека Тадиќ за првпат освоил повеќе гласови од Николиќ уште во првиот круг, дека на негова страна се речиси сите парламентарни партии, дека резервоарот на можните дополнителни гласачи за Николиќ е сосем празен – што исходот од вториот круг го прави сосем извесен. Меѓутоа, тој вид спинување наместо да го демотивира противникот, предизвика инает меѓу поддржувачите на Николиќ и опуштање меѓу гласачите на Тадиќ. Врв на ароганцијата на стратегот на кампањата на поранешниот претседател следеше по ТВ дуелот, кога низ медиумите гостуваа прорежимските аналитичари кои со своите оцени буквално ја навредуваа интелигенцијата на граѓаните на Србија, иритирајќи ги умерените поддржувачи од обете опции, а посебно оние дотогаш неопределени граѓани.

Губењето на компасот и сè поотвореното ставање на клучните медиуми (Blic, Press, Kurir и B92) на страната на режимскиот кандидат, но и сè поочигледната намера на Тадиќ да приграби диктаторска власт со освојување на недемократски и противуставен трет мандат, најпосле резултираа со долго очекуваниот контраефект. Треба да потсетиме оти нешто слично му се случи на Слободан Милошевиќ во 1996 и 2000 г., кога и покрај речиси апсолутната власт се обиде да го приграби и да го стави под контрола дури и она малку преостанат алтернативен општествен простор. Дополнително иритирани од тој степен на притисок, а под дејство на контраефектот на таквите обиди, неопределените граѓани реагираа со гласање против, додека умерените поддржувачи на тогашниот диктатор се повлекуваа во апстиненција.

Денес, откако под своја контрола ги стави речиси сите институционални и вонинституционални позиции на моќ, Тадиќ меѓу граѓаните на Србија предизвика страв од целосно заадушување на демократскиот процес во општеството, што посебно меѓу независните интелектуалци предизвика тревога и зголемување на отпорот кон обидот за воведување диктатура. Тесната разлика од само 30.000 гласови укажува дека секоја од наведените причини можела да биде пресудна.

Покрај забелешката дека демократијата и Уставот се спасени за влакно, конечната одлука која ја донесоа граѓаните на Србија може слободно да се означи не како победа на Николиќ туку исклучиво како пораз на Борис Тадиќ и на неговиот обид за задушување на српскиот демократски процес.

Извор: e-novine

Фотомонтажи: Azazel

Ako im e na Srbite, nishto ne

Ako im e na Srbite, nishto ne nauchija od nashata sostojba. I kaj nas narodot sakashe da go kazhni SDSM koj ne napravi kandidati za EU, pa eve na koe deredze spadnavme sega

Znachi vaka - do pred edna

Znachi vaka - do pred edna godina, ma koja edna godina, nekoj mesec, Boris beshe demokrat. Kako taka preku nokj spinuvaat vakvi tesktovi? Ova e valkan Balkan, definitivno!

Ние го казнивме СДСМ затоа

Ние го казнивме СДСМ затоа што искраде се` што можеше да се искраде.

ОкоБоли главаВицФото