Десет куриозитети поврзани со Нобеловата награда

25.05.2009 13:31
nobel_chemistry_medal.jpg

1. Првата Нобелова награда е доделена во 1901 година.

2. Семејството Кири најмногу пати има добиено Нобелова награда
Мари и Пјер Кири за физика во 1903 година.
Мари Кири за хемија во 1911 година.
Нивната ќерка Ирен Жолио Кири за хемија во 1935 година.

3. Наградите се доделуваат на 10 декември – денот кога умрел Алфред Нобел.

4. Сите награди се доделуваат во Стокхолм, освен наградата за мир, која се доделува во Осло (Норвешка), бидејќи така пишува во тестаментот на Алфред Нобел.

5. Во 1953 година Нобеловата награда за книжевност ја доби британскиот премиер Винстон Черчил.

6. Досега само 34 жени ја добиле наградата. Прва е Мари Кири, а последна Дорис Лесинг.

7. Најмлад лауреат е Лоренс Браг, кој имал само 25 години кога со својот татко во 1915 ја добива Нобеловата награда за физика.

8. Најстар лауреат е Леонид Хурвиц, добитникот на наградата за економија во 2007 година, кој има 90 години.

9. Во 1964 година Нобеловата награда за книжевност ја одбива Жан Пол Сартр, бидејќи одлучува да се откаже од официјални почести.

10. Адолф Хитлер на тројца германски лауреати, Ричард Кун, Адолф Бутенанд и Герхард Домаг им забранува да ја примат наградата. Сите тројца подоцна можеле да ја добијат дипломата и медалот, но не и паричната награда.

извор: www.nobelprice.org

Слични содржини

Општество / Свет / Историја
Општество / Свет / Историја
Европа / Свет / Историја
Јавни простори / Свет / Уметност / Историја
Општество / Свет / Историја
Свет / Историја
Свет / Музика / Историја

ОкоБоли главаВицФото